Другарка ми е куварка во еден познат скопски ресторан. Зема плата , многу ниска, ама си ги скенира сметките што гостите не ги ни земаат, па и вратија 1800 денари. Се снашла жената. Тие што имаат по 10 000 денари за цех во кафана, сигурно нема да чекаат на 600 ден поврат, ама пак затоа има такви кои ќе си ги скенираат.
Тоа викаш да им ги земам на купувачите нивните сметки , нели е малку невкусно , и тоа му доаѓа како да крадам нешто што не е мое
Јас скенирав се живо и диво, во месец Август имав 90 000 денари промет направено пошто имав гости од странство и ко ненормални трошеа и фискалните кај мене Кога помина летото ми падна стандардот, ама пуштив муабет низ роднините да собираат да носат кај мене и сега веќе сум како дилер, се среќаваме со роднините некаде, вадат тие фискалните и ми ги даваат и си заминуваме секој по свој пат.
А дали ќе има такви кои ги оставаат фискалните па ние како питачи да ги зимаме.Не верувам дека некој ќе ја остави сметката. Зборот ми беше од нашите сметки нема да добиеме поврат од 500€ како што се чаталеше Црпко разбираш
Треба ли во УЈП да одам? Не сум упатена баш. Летото скенирав малку, после не. Немаат пуштено пари уште. Мислев да не треба во УЈП да се пријавам?
Не скенирај де, кој те тера. Оној што сака да стаса до 1800 на три месеци ќе најде начин. Тој што несака како ти на пример, поатојано ќе мрчи и ќе дава само за него сфатливи аргументи.
Надминат ми е лимитот, а имам една сметка со 300ден поврат. Од 24ти месецов е. Е сега нели важат 10дена па дали ако ја скенирам на 01.01 ќе ми влезе во следно тромесечие или си го важи датумот што е на неа и ќе ми влезе во предходно што автоматски значи дека ќе пропаднат?
Знаеш како вика Рефка, според неа потребно е да чекаме пред каса во маркетите или во рестораните и оној кој што нема да земе фискална ние трк да му ја украдеме по што нели он/а не скенираат, па да не оди јјабана сметката, или евентуално да се вардат кога ги празнат корпите у контејнер ние да бркаме по сметки и така ќе си дојдеме до поврат од 1800 ден за три месеци
Глупости. Каде сум рекла така,ај цитирај ме. Немора да хејташ. Никој не те тера да скенираш.Не ја врти работсва како да некој те тера да буричкаш по контејнери. Ама остај ги тие што си скенираат, нека си тераат работа Еве наредно теомесечие јас имам 1800 и мм има 1800. 3600 баш добро ќе ми дојдат во буџет
Добро што ве прочитав дека сметките од овој месец нема да важат за новото тромесечие, планирав денес сушара да купуваме и да ја скенирам на 1ви сметката, ама ке почекам после први да земеме, не сакам да ми пропадне само од неа ке имам 600 денари поврат.