Јас мислам дека се обврзани. Кај мене и фризерот и козметичарката даваат фискални само што се со 0% ДДВ. Инаку и кај мене пуштија за 2ро тромесечје!
Некои ТП или занаетчии иако не се ДДВ обврзници сепак издаваат фискални со ДДВ 0 (нула). Скенирајте си ги и тие сметки зашто влкегуваат во дневни и месечни извлекувања.
дали вие работите со фискален апарат? не зборувајте глупости кога не сте информирана.. фискалните апарати се сервисираат во јануари или февруари и можно е да им бил на сервис, а парагон листот се внесува во посебна книговодствена евиденција
Оккк не сум знаела дека е можно уште во 21ви век да не се издаваат фискални туку да се издава парагонче. Меѓутоа многу често во последно време го слушам тоа, апаратот им бил расипан, од што народот почна масовно да бара фискални и им дојде наеднаш многу за куцање, па апаратот расипан. Посебно кај нас во маалските продавнички, секој втор ден апаратот им е расипан на дотичните. Како тогаш велат барајте фискална за се кога ете имало опција и парагон да ти дадат? Ете јас не сакам да пазарувам на места каде што не издаваат фискални, како да се заштитам од такви кои даваат парагон и тоа е во ред законски?
Voopsto ne gi zemam fiskalnite otkako slusnav deka bojata na hartijata e otrovna i kojznae kolku drugite raboti sto gi fakame so racete se otrov.
и мене сега ми пуштиле за второ тромесечие за првото многу ми каснеа,сите земаа јас на крај..ама еве сега е ок
Ујп ја следи фискалната така да неможе баш да лажат. Ако е расипана треба да имаат друга за замена ама многу немаат, скоро никој. Доколку е на годишен сервис се дава парагон тоа е законски. Ќе извините што се умешав.
ако тоа се случува толку често тогаш пријавете ги, јасно ми е што прават маалските продавнички поради тоа има опција да ги пријавите дека не издаваат фискална сметка, а парагонот е замена кога не работи фискалниот принтер а тоа може да биде случај само кога фискалниот принтер е на сервис и тоа во овие два месеци како што напоменав предходно или кога се менува сатот бидејќи некои од нив и тогаш се носат на сервис зависи од фискалниот принтер бидејќи го скока денот.. доколку не сакате да пазарувате во места каде што не издаваат фискална сметка никој со сила не ве тера да пазарувате таму, постојат големи маркети каде се издава фискална сметка а и производите им се со некој денар поевтини од маалските продавнички, јас еве на пример во маалската продавничка влегувам само за лаб или некои ситници во главно си пазарувам по големиве маркети..
користете ли мобилен телефон? спалната соба Ви е без штекер така? купувате ли месециве тазе краставици и патлиџани? Ви се молам немојте со такви размислувања, ако земеме така се е отровно и лошо по нашето здравје затоа најдобро е да се вратиме на стариот начин на живот во село
Искрено прв пат слушам, мислев дека мора да имаат замена и да продолжат да дават фискални, добро е, научив нешто ново. Инаку пазарувам и јас во поголемите маркети, ама бидејќи живееме на село за секојдневни потреби ги користиме маалските продавнички. И верувај какви се лаги не се изласлушав последниве месеци само за да не дадат фискална.
Јас како помала бев во една маалска продавница и комшика ме испрати да и купам нешто. На продавачот му побарав фискална ме направи за никаде, си го зема производот назад и ми ги врати парите. Многу пати го гледам од КАМ купува над 10 тетарпак млеко и го продава истото во продавницата за 10 денари повеќе. Се е поскапо таму и тоа за 5-10 денари. А, најиронично е тоа што има залепено налепница од оние жолтите "Барајте фискална сметка". Иначе продавницата опстојува добри 20+ години и многу пати е била пријавувана, ама џабе.
Мене во кам маркетите неколку пати не ми дале фискална си ги собираат за нив,а јас со бебе забркана и тек дома ќе приметам дека нема, нареден пат ако не ми дадат ќе си ги барам парите назад па имаат камери како не им е срам, кам е еден од поголеми маркети
Мене у 2 трафики до сега од оние од типот на Тобако таквите каде побарав сметка, добив никакво понашање. Еднаш бевме со дечко ми и он рече сметката да ни ја даде, не ни искуца тоа шо земавме и оваа коа свртивме грб да си идеме искоментира “многу ќе се збогатите од 200ден сметка, види ги“ и пцуеше нешто. Фино лепо си заминавме, не ќе се расправам со такви ама доста невкусна ситуација. Другиот пат бев сама, друга трафика од ист тип беше, земав некои пријави за факс и уште нешто, па некаде 400+ сметка ми испадна, плус тоа шо го купив носеше 18% ДДВ. Ама и да немаше пари од ДДВ, пред тоа секогаш си ги земав, обично ги чував во новчаник и дома си проверував шо кај сум потрошила. Гледам ни ја куца, ни ми ја дава сметката и и спомнав “сметката може“, коа ми преврте очи, со сила искуца, мислиш дома на тросед и седнав реакцијата. Не сфаќам, зошто не куцаат. Дали кријат данок или па за нив ги земаат сметкиве. Стварно не ми е јасно. Многу безобразно, да се расправам за сметка да ми дадат. Ко кузне шо да сум побарала, а и тоа им е должност...
Е тоа, законска обврска им е да дадат сметки а се понашаат ко да си побарал жирант да му бидеш, па тоа зли погледи па пцовки у брада што да ти кажам. Да ти е страв сметка да си побараш мме
кОлку повеке издадени сметки поголем данок ке треба да плакат на државата Затоа коа ке им спомнеш за фискална како за очи да ги факаш Да се богатат и кријат данок мало морген од секаде си барам сметки а ако не ми дадат фино лепо ке ги пријавам преку апликацијата сеа бар е лесно
Како што кажаа, секој има законска обврска да издаде сметка. Јас дали ќе ја земам, ќе ја фрлам или ќе му ја оставам, мое право. Следно парите барајте си ги назад ако не ви даде сметка. Мада и не верувам дека ќе ви ги врати.