Не мора да значи дека само во тие два месеци се носат фискалните на сервис. Тоа се прави еднаш годишно, а тоа зависи од кога е почната таа фискална со работа.
Научени беа со години да си ги земаат тие пари од данокот во свој џеб и сега кога луѓето масовно почнаа да си бараат фискални им дојдоа многу трошоци. Во цената на еден производ е пресметана и набавната цена и маржата и данокот. Продавачот го следува само маржата, доколку не издаде фискална тоа значи дека буквално наши пари си става во својот џеб. И тоа 18%, што не е воопшто малку. Фин предлог добив кога славев роденден на син ми, од ресторанот ме прашаа: сакаш фискална или 10% попуст на целата сметка, си го избрав попустот нормално, а тие си ги ќарија останатите 8%. Не е законски и ова нормално, ама муабетот ми е штом не даваш фискална цената на производот/услугата треба да ја намалиш.
Рано е за сите, ќе стигнат пополека. И јас немам сеуште добиено, а за првиот циклус на втор ден ми вратија.
Edno prasanje, smetki od tinex 90% ne se skeniraat. Kade da se prijavi ili kade da gi prilozam za da vlezat vo presmetkata?
во ујп знам дека има како еден апарат преку кој може да се скенираат такви сметки што се оштетени со линии или избледени не знам на друго место каде има
Слушнав дека пишувале казни ако на пример скенирам повеќе од што зимам плата... Ако на пример сум пријавена на 20.000,00 а искенирам 40.000,00.. Знаете за таков случај.?
Ја не ни земам плата, а скенирам. Досега 2 пати ме исплатија 1800ден и никаков проблем немам. Глупости, превише шпекулации.
Искрено и јас мислам дека сето ова е направено за да ги регистрираат сите нерегуларности како на пример со работење на црно и слично. Ако скенираш сама (под тоа мислам да не скенира никој друг од твоето семејство) и да искренираш повеќе од тоа што земаш плата, држи вода - едноставно ти скенираш за цело семејство и би се земала предвид целокупната заработувачка на семејството. Ама да скенирате сите во семеството и да пречекорувате граница на примања и трошења, не ми прави логика. До толку за тие пари не вреди да ризикуваш и не дај Боже да си направиш проблем, особено во ваква држава каде што се знае дека за обичен граѓанин нема правда. Ова е мое мислење само.
Тоа би можело така да биде ако се работе за многу повеќе пари, а максимално може да ти вратат 1800ден. Пример зимаш плата ти и сопругот и секој месец родителите ти даваат плус пари 100-200евра, нормално не си ги украл, па поштено си скенираш потрошувачката од твоја плата, од на сопругот и овие што ти ги дале. Неможе за ваква ситна пара да те гонат.
Дезинформации. Претпоставки. Кажано е 100 пати, и невработено лице може да се регистрира и да скенира сметки од баба му,дедо му и комшивката Васка.
Значи вака, без да се шират небулози и невистини за занаетчии мошете да го прочитате законот за Занаетчиство го имате достапе на гугл. Во кратки црти неколку работи поврзани со фискалните каси и сметки -Голем дел од занаетчиите се ослободени од фискална каса и издавање на фискални сметки. За да бидат ослободени од УЈП со решение за ослободување т.е. плаќање паушал (годишен или месечен), треба да се регистрирани како занаетчии кои даваат услуги при вршење на дејност за која се регистрирани со посебен сертификат или диплома за познавање на истата дејност и смеат да продаваат производи што ИСКЛУЧИВО САМОСТОЈНО ги произведуваат. -Доколку освен горе наведеново продаваат и производи од други занаетчии-производители тие мораат да имаат фискална каса и да издаваат фискална сметка. -Во било која дејност за ДАВАЊЕ УСЛУГА не се наплаќа ДДВ по ниеден закон во Р.Македонија/ Така да ако некој занаетчија ви каже дека има решение дека е ослободен од фискална каса од УЈП, тоа значи дека може да му побарате сметкопотврда или каса прими на која јасно ќе стои бројот на Решението со кое е ослободен од фискална каса и нормално услугата и сумата која треба да ја платите. Воедно сакам и да кажам дека закон како овој и слични на него, како и наградни игри со фискални сметки се всушност убијци на занаетите во Македонија. Зошто? Па доколку кондураџија или стаклар или столар кои се регистрирани како занаетчии кои се паушалци т.е.ослободени од ф-на каса ви побараат 300, 500 или 20000 денари за (изработка на комода или кујна), верувам дека веднаш ќе свртите грбот и ќе си отидете во фирма која ќе ви издаде сметка и истата ќе си ја скенирате за поврат на ДДВ. И уште нешто, по стариот закон без разлика дали си занаетчија или фирма а не си ДДВ обврзник, при надминување на сума од 1 милион денари во текот на една година, по автоматизам стануваш ДДВ обврзник. По новиот закон од 01.01.2020 мислам дека е над 3 милионии денари