"За секоја сметка од пазарење, максимум со поединечна вредност до 30.000 денари, ќе се враќаат 15% од платениот ДДВ. Или, за сметка во вредност од 1000 денари за која се плаќа 180 денари ДДВ, државата ќе врати 15% или 27 денари. Едно лице месечно може да врати максимум 600 денари за кои ќе треба да потроши над 22 илјади денари. Надлежните велат дека годинава повратот ќе се врши на крајот на годината, а веќе од наредната, на секои три месеци." Извор
Значи како му доаѓа ова, вкупно 30 илјади да се сметки од чоек или нема лимит, може колку било сметки ама да не е над 30илјади една сметка? Дека ја за сите дома ќе ги собирам, па ако пречекорам лимит, да им напраам и на моиве, уште една.
Едно прашање. Ако јас праќам фискални до декември а вкупниот износ на сите заедно е пример 30.000, во декември ќе ми вратат 810 денари? 30.000×18%= 5400 5400×15%= 810 По оваа пресметка се врши враќањето? Секако данокот доколку е 18%.
Што да не, ако не за друго, ќе има барем за две Милки од тие големите. Туку, не ми излегува мене апликацијата, како точно се вика, скриншот како изгледа, може? Оти, пишувам мој ддв, како што рекоа на тв, ама ја нема.
Не гледам зошто мислиш така, со оглед на тоа што станува збор за многу мала сума на пари. Максималната сума која еден човек може да ја поврати у текот на годината се околу 7000 ден., што само по себе не е којзнае што, а имај предвид дека огромното мнозинство, со своите месечни трошоци, нема да добие ни половина од тоа. Додади ги тука граѓаните без смартфони, кои нема да знаат како да ги скенираат сметките и оние кои едноставно нема да се замараат и ќе сфатиш колку е смешна оваа сума за државата. Патем, во јавноста се врти нереална бројка од 28800 ден. годишен поврат, која дава искривена слика за целиот проект. Нереална е, затоа што се однесува на 4-члено семејство, во кое секој член ќе троши 22000 ден./месечно, т.е. скоро 90000 денари. А такви семејства, би рекол, нема премногу у земјава. Едно лице може да поврати максимум 600 денари месечно – без разлика дали ќе биде на една сметка од 22000+ ден. (ама не поголема од 30000 ) или поединечни сметки чиј збир ќе биде на истата сума. Поентата е, дури и да трошиш повеќе од 22000 месечно, не можеш да повратиш повеќе од 600. Секој граѓанин со 15+ години и трансакциска сметка може да се регистрира во УЈП и да испраќа сметки за поврат на ДДВ. Математиката ти е добра, ама имај предвид дека не можеш да повратиш повеќе од 600 ден./месечно, без разлика колку трошиш.
https://play.google.com/store/apps/details?id=mk.akcent.vatreturn еве линкот, преку мобилен стисни тука и ќе ти се отвори
Ја симнав и јас апликацијата. Кажете ми сретнавте ли некаде податок дали сметките мора да се скенираат истиот ден откако ќе пазаруваме или може и отпосле. Мајка ми нема смартфон па и реков да ми ги собира мене, немој да не можам нареден ден да ги скенирам?