15% од ДДВ назад кај граѓаните

Дискусија во 'Политика и настани' започната од cresa-jagoda, 21 јуни 2019.

  1. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.517
    Допаѓања:
    27.302
    Пол:
    Женски
    Јасно ми е ова за занаетчиите, ама ете фризерот и козметичарката кај кои одам даваат фискални и затоа мислев дека се водат под друга категорија. Ама веројатно е поради она што велиш дека продаваат производи фарби, креми, филери и сл.
    Услугите им се ослободени од данок, а производи немам земано претпоставувам на тие имаат данок.
    Малку не ми е логично, фризер, шминкер, козметичар се луксуз, а не се оданочени, додека храната која е потреба е оданочена, а башка што првите во последно време земаат баснословни суми за нивните услуги. Ама секако закон е закон. :)
     
    На H.VAGA, Роберт 7 и Marina*F им се допаѓа ова.
  2. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.338
    Пол:
    Машки
    Ако конкретно се работи за фризер-бербер кој дава само услуга-шишање, фенирање, фарбање(не со фарба што ја продава туку со ваша лично) и ред други услуги што се даваат на фризер а се строго УСЛУГА, нема обврска да има фискална каса и да дава сметка.
    Ако продава фарби, маски и други п-води или има подружници на дејноста тогаш е обврзан да има фискална каса и да дава сметка.
    Во врска со храната, Значи оние кои ја произведуваат истата ( пекари, Бурекџилници, ) и тие можат ( но многу ретко) да се регистрираат како занаетчии, со тоа што ако продава јогурт, сокови и сл. тогаш е обврзан да има фискална. Секако поисплатливо на истите е да отворат фирма ДОО или ДООЕЛ но да не се даночни обврзници. Со тоа доколку не издаваат фискални сметки ( или даваат на секој трет производ) не можат да го надминат прагот од 3 милиони за да станат ДДВ обврзници. Секако за нив има и посебни правила поврзани со правилник и контрола за производство и продажба на храна и посебни санитетски задолженија и инспекциски контроли и посебни елаборати кои мора да ги поседуваат при вршење на дејноста.
    ДДВ секако на овие сметки мора да има доколку при куцање на сметка во нив стои фарба, маска јогурт или сок. Но Тие занаетчии или фирми не се должни да го платат ДДВ-то на 3 месечје туку нив УЈП им донесува решение за данок по некои сопствении пресметки кои УЈП сама си ги прави.
    Како и да е, сите плаќаат ДДВ, дали ти како последен потрошувач или фризерот кој ја купил фарбата и платил ДДВ на истата, ДДВ-то има секогаш последен потрошувач. Доколку е фирма и ДДВ обврзник тогаш ДДВ-то штоо го платил му се пребива на 3-месечен ДДВ извештај базиран на фискланите што ги издал со соодветно ДДВ на нив.
     
    На kikin и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  3. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    И кај мене исплатено...
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.517
    Допаѓања:
    27.302
    Пол:
    Женски
    Супер објаснето! (y)
     
    На Роберт 7 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Така е во право си, ако столар ми нуди плакар хипотетички за 300евра без фискалана а во продавница за мебел за истиот ми бараат 500евра ќе го купам таму за да скенирам сметка која ако ја пратам само таа за тромесечие нема ни 1800да добијам.
    Ај објасни ни пак како умираат занаетите?
    Не дека никој нејќе да работи и немаат ни чирак за жива глава, игриве се криви, ахам:mm:
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.338
    Пол:
    Машки
    Апсолутно грешиш
    Јас сум бил чирак со години, ете решивсам да почнам. Си имам сертификат и исполнувам услови. Не се само игрите во прашање. Државата наназад со години не помага на занаетчиите, навидум има проекти кои дополнително ги заглавува занаетчиите наместо да ги извади од калта. Ама небитно тоа. Јас помош не сакам ама несакам ни вакви опструкции со кои муштериите си одат наместо да прифатат поефтино. Разлика плус е што јас со самата регистрација за секоја грешка одговарам со цел мој имот при судски спор а било која од фирмите одговара само со влогот за основање на фирмата т. Е. до 5000е.
    Како и да е, оваа држава допрва ќе бара занаетчии кои какви-такви, со дипломи и искуство си одат и се далеку проценети насекаде низ светот. За разлика од тука, работната рака секаде е ценета и се плаќа најмногу но секако тоа е и воедно гаранцијата за квалитетот на услугата.
    И знај дека во било која продавница за мебел или слично (јас не сум од таа дејност) работат луѓе кои многу слабо го познаваат столарскиот занает или се приучени. Оние вистинските мајстори или работат самостојно или се далеку од државата. Секако не сум на страната на оние кои работат на диво или на црно без да платат данок на државата и нив ги осудувам и јас не би платил на таквите
     
    На referentka и kikin им се допаѓа ова.
  7. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Каде тоа секаде работната рака е поценета од кај нас? Во секаде мислиш и на Кина, Бангладеш, Виетнам и компанија?
    За последниот дел од коментаров се согласувам со тебе, ама да бидеме искрени претежно по фирмиве за мебел ти испорачуваат и дечките ги доплаќаш за монтажа така да не треба они да се профи мајстори да ти го дрводелкаат дрвото и изработат плакарот пред тебе во живо туку го монтираат според упатство.
    А дури и со малку личи предзнаења и да подзаштедиш и сам можеш да монтираш, не е тоа виша математика.
     
  8. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    3.160
    Пол:
    Женски
    Врска нема дека занаетот го убија овие со ДДВ, затоа што тоа е сега од пред 6 месеци, а занаетите умираат од пред 7-8 години може и више кога почна насекаде да се рекламира дека знаењето е сила, знаењето е моќ и сите се испопишаа по факултети. Занаетот почна да опаѓа кога во секој град се отворија приватни, државни, дисперзирани факултети, да не одам по длабоко, сигурно дека ако ми е поубаво и поквалитетно и цената ако ми одговара дека ќе земам од занаетчија, не дека е нож под грло за ддв-то. Што е со бурекџилниците кои што продаваат и јогурт и сокови без ддв, што е со малските продавнички кои немаат ддв, има кафичи и ланч барови каде што ти доаѓаат со телефон или таблет сметка не носат, има продавници за храна, играчки, облека за миленици каде што нема ддв. Тоа е класичен грабеж, не месењето и продавањето бурек. Нормално дека ќе прашаат зошто нема ддв кај фризерите кога ѓавол ипол е кога ќе седнеш кај нив, а и онака веќе не го сметаат тоа за занает туку како професија. Кога им е ддв-то у прашање се занаетчии, а кога е за нешто друго да им кажеш дека е занает ќе го дигнат носот во воздух.
     
    На Роберт 7, kikin, senza.parole и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.338
    Пол:
    Машки
    Веројатно не се стремиш Македонија да тежнее кон Бангладеш, Виетнам и пеемногу иронија имаш и непознавање за занаетчиството.
    Ако е толку лесно како што ти викаш тогаш да речеме во твојот нов стан или куќа можеш самата да:
    -инсталираш струја
    - водовод
    - прозори
    - врати
    - Паркет и сл како основни елементи при секоја градба. Инаку со законот за занаетчиство од 2014год сите фирми што обавуваат занаетчиска дејност мора да поседуваат сертификати за истата дејност и да бидат заведени во Регистарот на Занаетчии.
    За дополнително вметнување на секакви елементи како кујна, бојлер, када, климатизер секако ти Треба некој кој е или лиценциран или регистриран дека ја врши таа дејност.
    Не верувам дека сама можеш горенаведениве работи сама да ги инсталираш
     
  10. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.338
    Пол:
    Машки
    За јогуртот и сокот
    Ако има ДДВ на сметката тогаш тоа е фирма ДДВ обврзник и ддвто го пребива кога треба истата да плати ддв кон државата. Ако нема ДДВ на сметката тогаш истата фирма не е ДДВ обврзник и истата го платила ддвто при набавка на истите производи Но таа фирма неможе да направи поврат на ддв на 3 месеци ниту да го пребие истото. Значи ДДВ кон државата е платено како и да е
     
  11. DramaQueen1

    DramaQueen1 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2012
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    156
    Дечки, денес бев до ујп за да ми го одобрат профилот и ми рекоа за половина час ќе биде све готово и ќе можам да се најавам, меѓутоа еве помина цел ден сеуште не можам да се најавам. Знае некој зошто?
     
  12. Leviosa2503

    Leviosa2503 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.233
    Пол:
    Женски
    Исто и мене така, па утредента ми беше одобрен. Почекај до утре па ако нема оди пак.
     
    На DramaQueen1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.338
    Пол:
    Машки
    И точно е ова со факултетите, јас тоа и го напишав, дека со години наназад се уништува занаетчиството а не овие 6 месеци. Јас нема да бранам нечии политики, бранам став на занаетчии. А баш ме интересира колку од овие шо имаат завршено градежен факултет работат како фасадери или воопшто на градилиште? Дали во државава ќе остане некој кој меша малтер, реди цигли, става кошулица, вози кран, мести олуци, кров, зашто верувам и сум 100% сигурен дека некој со факултет не би се качил на скеле да мести стиропор.
    А сакале или не без тие луѓе неможе да се изгради ниедна зграда колку и да има бетономешалки или ред други машини кои сепак некој треба да ги управува.
    Верувам дека овој став е за во друга тема, но сепак лично сметам дека државата треба да најде начин како занаетчиите што ги ослободила од фискална каса ќе ги задоволи и муштериите што влегуваат во занаетчиски дуќани соодветно како и во останатите фирми, или бар да ги заштити од оние кои работат по гаражи или во своите домови без да платат денар данок кон државата.
     
    Последна измена: 10 февруари 2020
  14. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.905
    Допаѓања:
    24.182
    Пол:
    Женски
    Има ли од денес некои исплати?
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.037
    Допаѓања:
    3.308
    Пол:
    Женски
    јас сеуште немам :(
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  16. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.905
    Допаѓања:
    24.182
    Пол:
    Женски
    И јас.
     
  17. Bojana890

    Bojana890 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2019
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    252
    Пол:
    Женски
    НЛБ исплатено во петокот. :party::party::party:
     
  18. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.845
    Допаѓања:
    182.910
    кај мене од вчера пуштиле
    минатиот пат бев во последните тие со грешна трансакциска сметка
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  19. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.905
    Допаѓања:
    24.182
    Пол:
    Женски
    И кај дм имаше вчера сабајле, кај мене уште ништо.
    Минатиот пат не скенирав воопшто, сега оваа прва исплата ќе ми биде мене.
    Проверив трансакциска, во ред си е впишана.
     
  20. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.845
    Допаѓања:
    182.910
    ке ти изплатат без гајле
    вака така убава сума се собира
     
    На didisi и senza.parole им се допаѓа ова.