Е па да знаев дека нема проблем уште од почеток ќе си скенирав, така ги фрлавме фискалните 100 души дома Јас овде прво прашав од пусти срам да не се брукам утре таму да ме вреѓаат, да не случајно немам право
Јас се регистрирав овој месец , и не ми е јасно нели 30000 денари е максимум за 1 месец и повратак 600 денари или нешто погрешно сум разбрала?
Максимум поврат месечно што можеш да го направиш е 600,ден или 1800ден во едно тромесечие. Ти тие 600ден може да ги направиш и од над 70000ден бидејќи не сите сметки имаат 18%данок, туку има со 5%,како храна, бебешки производи... Или има и без данок кои влегуваат во вкупниот промет ама не носат поврт. Нема лимит на сумата можеш да скенираш и 200.000ден промет. Еве на пример јас колку имам промет, а поврат е само 1000ка И тоа оти прометов ми е скоро се храна и бебешки работи. Имам пазарувано и од продавници кои не се даночни обрзници и автоамтски немам поврат на тие фискални, а ми влегуваат во вкупен промет.
Здраво, ме интересира доколку некој знае, што доколку се надмине максимумот на повратот на ддв за 3 месеци, сметките што се одвишок скенирани се поништуваат или се префрлаат на нареден месец ?
Мене дури сега ми текна да се регистрирам чисто онака да си скренирам, ама цело време ми пишува неодобрен корисник. Зошто? И ми стигна на маил документ да го принтам и да го носам во УЈП... Не ми е јасно.
Не си регистрирана во е персонален данок. Не е доволно само онлајн да се регистрираш, треба и до ујп да појдеш.
Така е како што стигнала пораката. Треба да се испринта тоа и да се однесе на шалтер во УЈП за да те внесат во систем. Потоа ќе можеш да си го отвориш профилот, да ставиш трансакциска сметка и да скенираш. Едит: I'm late
Девојки кога се носи барањето за регистрација во ујп, и кога го отвараат профилот, се плаќа нешто? И нели можеше лице од 15 год да биде регистрирано, дали сеуште е тоа така? Брат ми нема уште 18, па мислев да му направам на него профил. Мора лично да оди во ујп за да го однесе барањето или? И дали може два профила, пр. мојот и на брат ми да се на една трансакциска? Парите да стигаат на една сметка?
Не може сега под 18. Беше од 15 ама го сменија од 18. Треба лично и не може два профила со иста сметка.
Е фала ти. И уште ова да ми кажеш, кпга се отвара за прв пат профилот, кога носиш барање за регистрација, се плаќа нешто?
Дечки денес прв пат почнав да скенирам сметки. Е сеа, како што ве читав се исплаќаат парите на секои 3 месеци, значи јан. феб. и март ќе бидат наеднаш исплатени. Е сеа пошто јануари и февруари немам скенирано, дали може во март да скенирам до 1800? Или можам само до 600? Тие 1800 е битно да бидат направени во 3 месеци ?