Има опција за донација и кај мене. Ќе се стрчам да му ги донирам на Филипче. Се пофалија дека ќе ги враќаат ама ич нема да ме изненади и ако се премислат.
Треба да стои не благодарам, така пишале на страната на ујп. Испаѓа сите ќе ги донираме сакале или нејќеле.
Нема опција со Не благодарам. Кога ќе кликнам на тоа црвеното, дава само опција донирај. Претпоставувам дека со тоа директно се донираат. А како што е објаснето на страната на УЈП, мора да се изјасниме, во спротивно ги зема секако. Така го подразбирам.
Според тоа што пишува на сајтот, треба да се изјасниме, а како да се изјасниме кога нема опција Не благодарам? Значи сакале нејќеле мораме да го донираме... Ај може згрешиле можда ќе има апдејт
Не донирам!!! Не се некои пари ама не давам. Ќе ги донирам ако треба за некој апел за помош на детенце ама на нив не. Оти не одвојат пратениците и остали буџетари од својот џеб? Од нас најдоа да бараат? А и од кај да знам дали таму ќе завршат.
Па во тој случај не би рекла дека ќе го земат туку дека ќе го украдат. Донација е ако доброволно нешто дадам а не ако со сила ми земат. Се надевам дека ќе го средат!
Мислам дека ќе се донираат парите ако стегнеме на црвеното горе, а ако не сакаме да донираме ќе скенираме како и обично на синото поле што е долу. Нема смисла да ги земат парите ако не сакаме да донираме.
Ама поинаку е објаснето на страната на УЈП. Вели дека мора да се изјасниме до пети мај. А има само опција за да се донира. Ја нема таа не благодарам. Тоа е проблемот.
Пишете Хмм...Тоа значи дека сепак кај некои дава опција што значи може да е нешто до апликацијата...Пишете ако дознаете.