При регистрација на нов корисник за персонален данок дали треба да правам нов емаил или може тој емаил што го користам веќе да го внесам.
На анкета на фб -дали би ги донирале парите, не видов еден потврден коментар. Сите беа баш изреволтирани од дрскоста да им ги побараат парите. Така да не верувам во тоа дека граѓаните сами сакале да донираат, све е лага и превара да се наполни некоја каса. Иначе кај мене нема промени во апликацијава, да не треба да ја апдејтувам? Ако остане вака, без опција да одбијам или прифатам донирање, ќе ми ги префрлат ли парите?
И кај мене е вака. Ја немам ажурирано апликацијата, а не ни планирам. Се надевам дека ќе ни ги пуштат парите.
Парите од тромесечието за јануари, февруари и март кога ќе ги пуштат? Инаку ништо немам селектирано дека ќе донирам ќе ми ги пушатат ли? Каде треба да одам, нормално не сакам да донирам за платите на судиите!
Во мај ќе бидат исплатени за првото тромесечие. Нигде не оди, скенирај си ги сметките. Ако сакаш да донираш у тоа скенирам и донирам.
Тоа во розево ти е за донација на ддв од јануари до март, доколку не сакаш, продолжи да скенираш и не го отворај.
нема што да се заблагодаруваш, значи објаснето е постови уназад. Ако сакаш да донираш, ќе кликнеш на Донирам, ако нејќеш, нема да кликаш ништо и ќе продолжиш да си скенираш и парите никој нема да ти ги земе.
Нема тема,а да не отварам нова,тука ке прашам.Дали знаете во врска со скенирањето сметки,дали мора да отидам на опцијата скенирам и донирам за да одберам не донирам,или може да си продолжам најнормално.Прашувам затоа што читав на фб дека некои отишле на таа опција и тоа не донирам автоматски го снемало и парите отишле во донација.
Не , има опција донирај сметка кај што се донираат и таа долу што е само скенирај сметка кај што не донираш туку ги зачувуваш за себе.
И кај мене беше исто вака ништо не стегнав и сега кога ја отворив после неколку дена повторно си е по старо. Се надевам ќе ми префрлат.
Спомнато е во неколлу мислења наназад - Ништо не сте стиснале, автоматски се појавуваше затоа што имаше опција да ги донираш парите од повраток на ДДВ назад во буџетот, доколку сакаш, за справување со кризата со КОВИД-19. Таа опција беше достапна до 6ти мај и затоа веќе не ви се појавува.