Тоа дали сте одбрале не, или не сте одг ништо, не менува. Овдека се пишуваше дека ако кликнеш на не парите нема да ти бидат исплатени. Јас кликнав не и ми исплатија. Инаку имам баш голема сметка али ми се намокри и дел не се гледа баш, има ли некој трик како да ми ја прочита апп?
Јас им пишав меил да прашам зашто уште нема исплата. Стварно ја претераа веќе 2 месеци поминаа уште да нема исплата.
Мила , јас уште како паушалец чекам 14500 минималец , без плата сум повеќе од 2 месеци, за 1800 ќе биде. Ама арно си пишала, така пиша мој близок и одма нареден ден му префрлија. Мизерија. Дно дна.
Најчесто редовните трошоци се трудам секогаш да си ги подомирам и ретко ми остануваат пари за друго. Како и секој просечен студент. Овие 1800 денари ми се нешто кое не ми е вклучено во тие пресметки и ми се онака пари за моја душа да си купам нешто да си ги потрошам. Ќе речеш не се многу ама сепак.
Дечки знае некој со колку % ДДВ се одданочени санитарните производи? Немам фискална моментално а треба да ми дадат конкретно за купени плочки, ама не им "работел " фискалниот апарат, па ме интересира дали вреди да одам да барам утре фискална Не се работи за голема сума, ама инает ме фаќа, откако почна скенирањево често се случува магично да не можат да куцнат фискална
Требало да им кажеш дека ќе ги пријавиш во УЈП. Ако не им работи не смеат да работат. Тогаш ќе си видела како магично ќе проработел. А и они немаат ништо со повратот на ДДВ преку скенирање. Тие плаќаат на државата. Државата ти враќа тебе.
Ех само да знаеш и тоа како со години, некои заштитени бели мечки работат без да издадат фискална и никој не им може ништо
Јас знаев дека мора да се исплатат 2 месеци од кога ќе заврши тромесечието најкасно. А тоа е утре. И мене ми немаат исплатено уште. Ни на меил не ми вратија. А таков меил со почитувани, срдечен поздрав бла бла немам никогаш напишано.
до кога треба да има исплата за претходново тромесечие? кај мене уште нема... не се ни надевам дека ќе има
Ако ве исплаќаат по прв пат, проверете да не имате утнато трансакциска сметка, па затоа да немате исплата. На тетка ми тоа и се случи. Отидете директно во канцелариите на Ујп.
Јас имам пишано профил на едно име, а трансакциска на друго - т.е. моето. Е сега кога имаше дневни награди јас добив награда и ми беше префрлена сума на моја сметка. А прочитав дека ако не се совпаѓа името на профилот и транскциската нема да исплатат? А сега немам исплата за изминатите 3 месеци. Чаре?
па можно е до тоа да е проблемот. Упати се директно во Ујп најдобро или биди упорна барај ги телефонски. По меил не.
јас првиот претходниот пат зедов , ова тормесечие немам. се јавив во ујп ми кажаа почекај има и други шо се јавуваат трерба да ви пуштат.