Се гледа дека имаш и нагоре артикли сликај ја цела фискална.. Си пишува до секој артикал (со буква) со колку % е одданочен Се што е неопходно за живот од храна е 5%
Само јас не можам да се пријавам. Значи ми бара трансакциска сметка. Ама жими се ги мешам. Трансакциска е таа на шалтер што се дава или таа за во банкомат? Ако е таа за на шалтер тогаш кај ми пишува лозинка? А ако е таа за во банкомат ги пишувам бројките но мојата е со 16 бројки, а тука треба 15. Цела сум збунета. Помош @Dream-Girl
чекај малце мешаш поими за да се логираш треба предходно да си регистрирана во ујп со та емаил адреса и со тој пасвордке си се логираш и тук ана оваа апликација ако има 16ли бесе или 18 години ли беше можеш да се регистрираш на ујп трансакциска сметка ти е сметка од банка со 16 бројки ја пише и на картичката од банкоматот и на таа пластифицираната картичка шо ја даваш на шалтер
Трансакциска е пластифицаираното картонче со кое можеш да вадиш пари од шалтер. Лозинка која ти ја бара за трансакциската е таа што ја користиш на почетокот за логирање на ујп. После кога ќе го пополниш ова ќе ја внесуваш само 4цифрената која ја внесе како нова.
Каде би можела да проверам која адреса ја имаат во ујп? Татко ми се логира но не знае кои податоци ги има оставено во ујп.
некои сметки одма ги фака некои малце потешко паралелно држи телефонот со кодот и она ке зумира неколку пати и ке ја изчита
Трансакциската е таа од банка, јас немам кредитна, се најавив со обична од банка за на шалтер, мајка ми има кредитна со таа си се најави. Значи било која. А за лозинка треба профил во УЈП да имаш. Таа лозинка и тоа корисничко име ти го бара. Се надевам се снајде.
Денес пред касите на рамстор у Центар настанала расправија, две жени чекале некој што пазарува и нема да ја земе фискалната, едната кај кантите чекала за да ги собира и скенира згрчените фрлени фискални а другата кај касите кој остави на каса таа да земе. Арно ама, и касиерката од исти табиет да ти била и се испокарале за една фискална што некој човек ја треснал на крајот од касата. Сума сумарум на ситуацијава и фактите зошто е тоа така некој да удри или ја да си пишам анализа ? Дно дна.
Сума сумарум, не им оди математика од рака. Да им оди, не би се ни мачеле да се наведнат по фискалната а камоли повеќе.
Ви бараат да се најавите со корисничкото име и пасс од она на кое пријавувате данок. Вака ви контролираат дали имате повеќе трошење од приходи за да ве оданочат екстра. Тие што имате и други примања освен плата за кои не плаќате данок, бидее внимателни. Тие што немате примања и не плаќате данок, не го користете ова.
Бара корисничко име/емаил и лозинка од акаунтот што го користиш за најава на УЈП. Ако не си регистрирана, треба да се регистрираш.