Дали има некој што нема земено повраток за првото тромесечие? Кај мене сеуште нема, а им пишав и меил пред 2 недели нема никаков одговор.
Ме интересира дали на некого од вас му се случило истово и доколку да, како постапивте. Само што скенирав сметка, истата ја пишува дека е скенирана кај оној дел за дневно скенирани сметки (или како и да се викаше) но истата не е забележана како скенирана во делот кај месечни и тримесечни извештаи. Пишува дека имам 0 скенирани сметки. Се обидов да ја скенирам сметката повторно, но ми го дава одговорот дека сметката е веќе скенирана. И покрај тоа, во делот за месечни и тримесечни извештаи истата не е регистрирана. Се работи за поголема сметка од Нептун и поради тоа ме фаќа инает и не сакам така да оставам, па прашувам тука.
Од јуни месец ако е си завршува за тоа тромесечие, не ти се префрла во јули. Од денес си важат сметките за јули, тие за јуни пиши пропало.
Сметката најверојатно не ти е од денес, туку од јуни месец. Тој поврат е отиден за претходното тромесечје, ако ти фалело до 1800 таму се, ако си имала исполнето тогаш тој износ ти е надминат и ти пропаѓа.
Сметката е од вчера. Имате право, само што проверив, парите отишле во претходново тромесечие. А намерно ја оставив за денес, за да вратат максимум од оваа сметка бидејќи веќе имав исполнето некоја сума за јуни. Изгледа на се мислеле . Ама добро, колку толку, барем не се изгубени ко што мислев. Фала ви на помошта во секој случај!
Ме интересира, каде треба да се отиде во градовите во внатрешноста за да се отвори акаунт за поврат на ДДВ? Во јавното претпријатие или? Некакви документи треба да се однесат? Доцна се решив поради многу причини, ама пак колку и да има поврат, тоа се пари плус на сметка. Само ако може да ме упатите што и како.
Ви балгодарам, и да прашам дали по регистрирањето и воведување на трансакциска сметка од вработените таму како што сватив од претходни постови, може веднаш да се активира акаунтот и да се почне со скенирање? Со тоа што нема потреба да скенирам сметки од јуни месец, туку тие од денес па натаму, така?
Девојки да ве прашам , си го заборавив пасвордот , дали во УЈП би ми го кажале? И дали има некакви шанси , да се направи нов акаунт?
Епа ако го знаеш на маилот, смени го преку него. Ќе ти стигне линк за ресетирање. Оди на заборавена лозинка и внеси го меилот.
Извини девојко ама јас сум малце отупавена за овие работи Дали можеш да ми кажеш каде се наоѓа тоа за менување лозинка? Сру што те замарам
Отвори ја апликацијата мој ДДВ и под корисничко име и пасворд имаш заборавена лозинка. Кликни таму, ќе ти даде да си го напишеш маилот со кој си регистрирана. Внеси го таму. И на истиот маил ќе добиеш линк за да напишеш нова лозинка.