Здраво, сакам да прашам зошто не може да ја повлечам фискалната сметка затоа што направив грешка, скенирав нешто што не треба на фирмата пред два дена. Се обидувам да ја повлечам сметката но ми пишува дека е настаната грешка. Ве молам за одговор ако некој знае. Фала Почнав со скенирање од 16ти овој месец, па се мислам да не е поради тоа.
Не требало да ги бришеш, се си е во ред, тоа нефискална го даваат на Макпертол кога ја користиш Верна картичката, нема никаква врска со скенирањето.
Ве молам некој ако знае да ми каже.. се испреплашив цел ден, бев до ујп но и таму не знаеа зошто не ми дозволува да ја повлечам фискалната..
И кај мене пишува така, сакав да ја сторнорам една смеѕка не ми фава поима немам зошто е така,ми пишува настана грешка обидете се подоцна
Јас разбрав дека може да се избрише фискална откако ќе помине тромесечието, тоа може да се направи во првиот месец во следното тромесечие, прочитав на страната на ујп, денес го прашав вработениот од ујп и он ми рече дека нема врска.. не знам што да правам
Почнав пред 5-6 дена да скенирам, и направив грешка и баш сакав да ја избришам фискалната. Пробувам од сабајле но ми го пишува истото како кај тебе
Можеби е до системот, ке пробаме пак подоцна може ке се поправи, ако има нешто промена пишај ми да знам
Мене ми рече вработениот дека ќе ме извести што може да направи затоа што не функционира бришењето, но за понатаму ништо не знам. И утре ако е вака, ќе отидам пак до УЈП да видам што можам да направам.
А дали ако ја избришеш сметката од апликацијата, мислам кога ја повлечеш со сторнирање, треба сметката да се однесе во УЈП, или тоа си оди се автоматско немаш обврска сметката што ја бришеш од апликацијатада ја носиш во УЈП?
Мислам дека нема потреба од ништо друго, само да се повлече од сајтот. Вработениот ми кажа дека претходно бришел на други што доаѓале но и него денеска не му беше јасно...
А како можеш да ја однесеш сметката во ујп кога веројатно си ја фрлила, не треба да се носи ништо, имам повлекувано сметки сама на компјутер се вклучувам, ништо не сум носела
Денеска пробувам да ја избришам, претходно не пробав денеска сакав да ја сторнирам пошто настана недоразбирање со сметката незнаев дека е издадена сметкопотврда, инакусметката ја скенирав на 16 јули
Ako ima nekoi novosti obavezno kje ti pisham, ako moze i ti mene ako nesto uspees da ja izbrises smetkata.
Што е работата, дали и кај вас е така или само кај мене? Скенирав денес и место да се зголеми бројката, таа се намали за едно 40 ден? Ист случај е и со претходно скенираните, за претходните 3 месеци... Овие играчки си играат, праат некои мучки. Нели сеа ја ажурираа апликацијата и додадоа нови опции и како да ја зезнаа работата. Само комплицираат нешто.Преваранти.