Јас имав скенирано сметка со неколку производи. Покасно пднесов еден од нив да се замени, и сметката ми ја сторнираа. Треба да ја избришам таа сметка што ми ја стпонирале или? Значи не ја сторнираа цела сметка само еден производ од неа
Нафтата беше купена за наш туристички автобус. Не знам дали имаше тоа врска, искрено кога видов дека казнаѕа е 250 евра ја избришав да не ризикувам
Така е затоа што сега за македонски производи е 20% а за останатите е 10%. На сите ќе им се намали и од претходното и од ова тримесечије http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/806
Одлуката е од 12.6.2020 и од тогаш му се пресметувани, ама можеше да направат од ова тримесечје да биди. Ова е намерно затоа што знаат дека ние немаме голем извор на македонски производи, така да и помалку пари ќе враќаат.
Почнале да кратат овие, од новово тромесечие на мм му скратиле 400, на мене 150, од предходното на мм 10, на мајка ми 130, на мене уште не.
Ајде скратиле од тековново тромесечје, ќе доскенираме. Ама стварно не сфаќам зошто скратија и од минатото, многу безобразно. Мислам 100 ден, не ми значат, ама па колку сметки фрлив од минатото тромесечје....
Утре планирам да одам во УЈП за да се регистрирам и да почнам да скенирам. Што треба да однесам и колку време трае процедурата таму?
Неколку минути. Лична карта и јас барање си испринтав и го пополнив од дома. Имаш на страната на ујп. Во два примерока ти треба.
Дали се имаш имаш регистрирано на нивниот веб сајт ? https://e-pdd.ujp.gov.mk/ppf/register.seam Прво треба да направиш регистрирација, ќе пополниш се што ти бара и на мејл адреса ќе ти стигне пополнетиот образец. Треба да го испринташ и да го однесеш во УЈП. Потоа со истото корисничко име и лозинка се најавуваш на МОЈ ДДВ апликацијата.
Одамна се имам регистрирано, но меилот што ми е пратен сум го избришала и ниту можам да го испечатам сега ниту да се регистрирам повторно со истиот матичен број. Другарка ми ми кажа дека ништо не однела и дале лист да пополни и тие ќе ја одобреле системски.Веројатно ќе може и за мене така.
Ц ц ц од 600 ми намалиле, сега имам 400ден. Ептен се покварени, можеа овие да ги остават од денес да важи другиов процент...