Да, уште немалиле, баш сега видов... Овие изгледа планираат до 0 да стигнеме. Џабе скениравме, кој зел зел до сега, толку беше. Поарно нека ја избришат апликацијата, шо не заебаваат.
Eве таман ќе прашував кај ми отидоа 80 денари од јули И доаѓам на темава и гледам иста ситуација сегде.
Пројдоа изборите. Малку по малку лоповската банда ќе го скрати целосно повратот. Наместо да ги враќа може да ги украде.
Ај ваљда нема да ни бараат да ги враќаме од плата... Уште тоа ни фали. Епа многу се опуштија, се праеа широкогрудни, субвенции, владини мерки, парична помош, сеа се изнадаваа за изборните кампањи и ќе кратат нормално од граѓаните од кој друг.
Има некој што уште му немаат исплатено за претходното тромесечје? Кај мене немаат исплатено а цел месец помина веќе..
Здраво, дали некој имал проблем при најава на мојДДВ да му излегува неодобрен корисник или грешни податоци, а податоците се точни?
Нели направија за македонски производи 20%да е враќањето на ддв,ама приметив дека повеќето македонски производи се поскапени,пример кори кои беа до скоро 50ден,сега се 64,потоа зејтин кој беше 57сега е 67ден,и многу други производи. Као државата ти враќа а всушност ти плаќаш поскапо за 10,15,па и 20%.
со оглед дека поминаа изборите и дури тогаш кажаа дека од јуни е решено помал поврат на ддв за странски производи, мислам дека многу ќе доцни повратот на ддв за вториот квартал. а читав по медиумите имаше и вест дека ќе имало и викенд куповина на производи без ддв... претпоставувам тоа веројатно на цени без редовен попуст или покачени така да исто ќе е куповина тогаш или инаку.
На кој е-маил пишувате за да прашате кога ќе ви исплатат? Знам дека скоро никогаш не враќаат ама барем да се обидам.
По групи е исплатата, од почеток на месец е започната, кај некого стига на 5ти кај некого 15ти кај некого 22ри...