Да, многу задоцнија овојпат. Во ТТК. Им пишав и јас вчера сабајлето меил и ми вратија дека можно е уште истиот ден да има исплата и навистина го исполнија ветувањето.
Ми уплатија конечно. Посакувам на сите да ви уплатат бидејќи навистина е мачно и разочарувачки да чекаш а на крај на август да објават дека завршиле со уплатата а тоа не е така.
Не е ограничено. Само што некои се а некои не се ДДВ обврзници . Нема штета да скенираш сметка со 0% ДДВ (обично ТП не се обврзани) ,и таа сметка учествува во извлекувањата.
Некој да не знае како беше кога ќе надминеш лимит 1800, се префрлаа за наредно или да не скенирам до исплата? Не памтам како беше
И мене ме интересира истото, дали се префрла во другото тромесечие или се исплаќа целосната сума иако е над 1800, затоа што слушнав дека ја промениле границата до 2200 незнам колку е точно.
Надминатото ти пропаѓа, ниту се префрла за друго тромесечие, ниту го исплаќаат. Имаше најава дека лимитот ќе биде 2400, ама не е усвоено се уште.