Дали можам сметки направени во септември да ги скенирамм после 01.10????? Ќе се земат ли во пресметка за новото тримесечје или мора да бидат од 01.10?
Јас мислам дека сметките важат десет дена. Чувај ако ти се од последниве денови, јас планирам да ги скенирам имам собрано доста. Нема што да изгубиме, ќе пробаме. Нема логика да не важат кога имаме рок 10 дена.
Без разлика што ги чувате, кога ќе ги скренирате, истите автоматски ќе бидат пресметани во месецот кога биле искуцани. Односно во овој случај, тие ќе бидат пресметани како дел од моменталното тромесечие. Истиот трик, да го наречам, ми текна и мене минатото тромесечие. Малку е да кажам дека доживеав шок кога видов дека нема повраток на пари а требаше да има доста големо ДДВ. Пишав на форумов и ми го кажаа токму ова. На крај пак си ги добив парите, само за претходното тромесечие и не целосно бидејќи ја имав исполнето квотата. Инаку точно дека важат десет дена. Да не важеа доста сметки ќе ми пропаднеа досега како што имам навика да заборавам сметки во новчаник и ташна .
Викендот без ДДВ од 10-12 октомври 2020 ќе важи само за домашни производи или и за тие што се увезени?