Следниот викенд за 11 Октомври ќе биде викенд каде што сите македонски производи и сите IT производи што ќе се купат на тие датуми, со скенирање на сметките ќе се изврши поврат на цел ДДВ, а не како досега 10% од ДДВ-то што се враќаше. Ама само до лимит од 30 000 денари по личност/акаунт.
Сакам да прашам дали имаме македонска фирма за бела техника? Со душа го чекав викенд без ддв да си купиме машина за садови, дури и си одбрав беко од нептун, ама читам дека ќе биде за македонски производи.
Ако не грешам Фаворит се македонска фирма. Ако грешам поправете ме. На веб страната им пишува, дека се компанија во Македонија. Ако се, браво за нив, не им е воопшто лоша техниката.
Знае ли некој зошто не ми дава ддв назад на сметка искуцана денес но издадена пред 3 дена односно во Септември? Дали за џабе ги чував?
Може гледаш во новото тромесечие, и јас сега скенирав некои од вчера што ги имам ама тие си се рачунаат во претходното тромесечие (7-8-9 месец)
сега проверив не ми дава ниту за минатото тромесечје.... значи ги регистрира денес издадени се во септември но дава 0 ддв
ама ти беше ли исполнето? Еве ние пробавме на две сметки и ниту на едната не даде поврат на ддв ниту за ова ниту за минатото тромесечје
не се без ддв. Се работеше за мад 10 сметки од маркет кит го и видов на сметките си оипува дека има ддв
ги видов ги има го минатото тромесечје ама џабе кога таму ми беше исполнета квотата Џабе сум ги чувала требало да ги дадам на некој
Зошто мене не ме исплатија уште за април,мај и јуни? Требаше во августот, точни ми се податоците, предходно си беше се во ред, има и други ? И каде да пријавам ?
Феминки, сакам да почнам да скенирам, каде треба да се направи профил и како оди тоа.. ке ви бидам мноогу благодарна ако добијам одговор