Што се случува со сметките што се скенираат за овие 3 дена? Имав сметка од над 3000 денари (немаше мак.производи) ја скенирав а сумата не ми се промени.
Апликацијата треба да ти е ажурирана и коа ке отвориш на тримесечни има посебно да видиш за викенд без ддв колку ти е повратот
Пак не разбрав. Парите од денес скенираните сметки ги враќаат или? Јас немав мак производа за да ми го пресметаат ддв-то
Ќе ги вратат тие 4500 бидејќи за овие три дена се враќа целосно ддв не како останатите по 15%. Само како успеа да направиш 4500? Зарем потроши 30 000 за три дена?
Владата предвидела дека граѓаните за викенд без ДДВ ќе потрошат 170 милиони евра. Граѓаните потрошиле само 8,5 милиони. Криза..
Им имав пишано мејл, кога требаше да го исплатат претходното тромесечие и ми пишаа дека наредно е во Ноември.
Па како ги испланираа тие 170 мил еур да знае човек! Храна колку може човек да купи? Мебел се купува кога ти треба, а ИТ опрема до 30к секако немаше веќе останато да се купи. Се на се, многу популисичка мерка, без никаков краен ефект.