Рекоа во текот на Ноември дека ќе има исплата, ама никогаш не пуштаат одма на први туку на 17-18 во месецот и покасно.
Од јули почнав да скенирам и од мој, и од мајка ми профил. Но на двете места ја напишав истата сметка. Се надевам нема да е проблем тоа при исплатата?
Мислам дека ќе имаш проблем. Maтичниот број нема да се совпадне со бројот на трансакцииската сметка и нема да ти бидат префрлени пари на сметката на која нема да одговара матичниот број.
Рекоа овој месец ќе биде, ама прво во собрание треба да пројде точката од ребалансот на буџетот. Некаде после 15ти би требало да ги пуштат.
Ако е мала сумата околу 200/300д (може и повеќе), обично не исплаќаат, имаат одреден минимален лимит. Ако не е до сумата, тогаш има некој друг проблем.
Незнам ваљда е ситно тоа за нив. Еве сестра ми првото тромесечие имаше околу 300д и не и ги пуштија, наредното направи над 1000 и и пуштија. Познавам уште неколку вакви случаеви.
Секоја сума исплаќаат, освен ако нешто не смениле. Јас најпрвите три месеци пошто заборавав имав скенирано 150-160 денари и ми ги исплатија
Дали знае некој колку е максималниот промет на една сметка што може да се скенира? Пробувам да скенирам сметка со повисок износ на пари и ми излегува 'Сметката е над дозволениот промет'.