Тие у УЈП не работат тоа шо треба не па со сметките на нас сиромашните од Кам и Стокомак ќе се замараат.
По закон, над 15 години можат да бидат вработени. Затоа е над 15 години. А тие што работат на сиво, нека не се лажат за ситни пари. Плус... аматерска апликација која знае се за вас, по матичен број, сите ваши приходи и расходи. Па маж ми не знае толку бре. Ти дава каде и кога си купил. Те следи, со адреси. За 500 денари макс месечно не си ја продавам приватноста. Па уште и глоби, а у јавност не ги кажуваат.
За што глоби? Можеш и фискална од улица да земеш и да ја скенираш ако не е веќе употребена. На добиените пари на сметка ( на 1 ви декември прва исплата) нема да се наплаќа персонален данок.
Можеш Ама и погоре пишав, треба на Ујп са им објасниш како имаш повеќе расходи од приход. А глоби сеа ќе ви пратам.
Законот е само за физички лица (колку што разбрав), не за фирми. Па ако си купила работи за фирма (канцелариски материјал, тоалетна итн итн) па ти дале сметкопотврда и фискална, и ти (како вработена или сопственик на фирма) ја скенираш, ќе те казнат. Толку јас разбрав. Исто прочитав некаде и глоба за издавачите на фискални ако не ги пријават сторнираните сметки.
Ќе има кавги со оваа мерка. Ќе седнат друштво од 3-4 пара во кафана ,ќе направат цех од 6,7,8 иљадарки , ќе си ја платат сметката делејќи ја како што се договорени и на крај ќе има повуци потегни кој да ја лапне фискалната
Не верувам, во моја околина никој не е заинтересиран да скенира фискални, мажите пак посебно не сакаат да се замараат.
Абе и јас нема шанса да се бафтам со тоа . Ама прееска до нас на маса слушнав ваква "расправија ". Сакав и нашава да и дадам ама ај
Кога за сметка за струја, вода, при плаќање дале фискална, па сеа ако ја скенираш казна? Преку налог се плаќаат тие сметки... Правно лице исто не плаќа во готово, со кеш, се е преку фактура и трансакција преку банка
Никако не можам да се најавам на тел. И лозинка и меил ми е тој. Никако не сака. На компјутер на страната на УЈП се уклучив, на тел не сака.
И сегa сите штo купувaa пoевтинo oд сивaтa екoнoмијa ќе престaнaт и ќе oдaт дa си купувaaт нештo штo имa фискaлнa пoшo пaрите нaзaд кaј грaџaните. Кaкo викa Рaшкo еб* ветер.
ај малце пообјасните ни го ова у пракса како излева? се додека имате примања високи нема никаков проблем месечно да скенирате повеке пари
Да УЈП сигурно ке се замара ако некој има 1000че повеке сликано отколку што му е платата. Ако некој троши 1000 евра месечно на трошоци со фискални а има пријавено приходи од 200 евра тогаш и дај боже да го приметат ама и тогаш не ми се верува дека би презеле нешто, не се толку ажурни. А ова со казниве како што објасни Sesil, се е со фактури не знам зошто и го спомнале тоа кога не може да поминат на апликацијата. Инаку погоре имаш напишано дека во апликацијата ги има сите приходи и расходи? Колку што знам не се бара никаква информација за приходите или? Јас ја немам уште инсталирано дека имам ios оперативен систем.