Немам јас лично добиено, но мислам дека доколку добиеш ги излегува нотификација одма по скенирање на добитната сметка. Мислам дека имаше и страна каде што можеше да се провери, но не сум сигурна. Нека ме поправи некој доколку грешам.
Јас мислам дека треба за август септември и октомври да добиеме бидејќи последен пат во август ни пуштија, а пред тоа во мај
Треба да пуштат за јули, август, септември. Во ова тековно тромесечје се октомври, ноември и декември.
Трансакциската сметка ја сменив уште во Јули преку апликацијата, и еве нема исплата ниту сега ниту за претходното тромесечие. Незнам дали треба да пишам на некој маил за да ја отклонат грешката доколку ја има...
И мене не ми пратија за претходното. Сигурно ќе ти стигнат има на многу што не им се исплатиле. Ако не ти пратат до крајот на неделата јави се во ујп и прашај.
Сега исплаќаат за трето тромесечје, со цел месец пробиен рок, за ова тромесечје сега изгледа дури на лето ќе пуштат.
Здраво феминки Ја имав згрешено сметката и во јуни направив корекција.За прв пат ми пуштија пари пред 3дена само за последните 3месеци но ништо за предходната година ипол. Денес се јавив во ујп ми рекоа да пишам маил порака и добив одговор за 10мин. Почитувана, Во врска со заостанатите средства истите ќе ги добиете во вонредна исплата. Но сепак не разбирам кога е тоа во вонредна исплата.
Во вондредна, кога ќе заврши оваа исплата до крај на месец, значи од декмври кога нема да треба да се замараат со исплаќање на ДДВ.
Денес јас бев во ујп и ми рекоа дека ми се исплатени од викендот а до 1ви декември ќе бидат исплатени од тромесечието, ама кога отидов да проверам немав ништо на сметка а ми рекоа дека се префрлени од викендот а нема ништо, не знам што е работата
Од викендот на повеќето им пуштија по 1, 2 денари или евентуално 15 И јас бев дел од исплатените со по 2 денари.