1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

220 милиони евра за буџетски трошења пред изборите

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ljubovnica, 24 март 2011.

  1. Ljubovnica

    Ljubovnica Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    18
    220 милиони евра за буџетски трошења пред изборите. Владата одлучи да повлече повеќе од половина од кредитот од ММФ, одобрен за годинава. Парите ќе се трошат за тековни потреби, власта потегот го правда со неможноста сега да издаде еврообврзница, но и со престојните избори.

    „Ако се предвидуваат следните месеци каде што има извесни ризици во однос на можноста да се излезе на пазарот на еврообврзници, ние не можеме да чекаме да се распушти парламентот или владата да функционира само како техничка влада, бидејќи тогаш нема ни да можеме ова да го направиме.

    - Ние мора однапред да преземеме мерки за да обезбедиме доволно средства за редовно извршување на сите функции на буџетот за ликвидноста на економијата“, изјави Зоран Ставревски, министер за финансии.

    Изборите ќе чинат најмногу пет милиони евра но, овие 220 милиони ќе и послужат на власта да ги пополни буџетските дупки, тековните расходи, плати, пензии.

    Дел од експертите прашуваат зошто власта се одлучува уште на почетокот на годината да повлече огромна сума пари во ситуација кога објави дека буџетот се полни според планот, а економијата закрепнува.

    Во јануари кога ММФ го одобри кредитот, власта тврдеше дека парите ќе се чуваат во резерва, за да се подобри позицијата на земјата на меѓународниот пазар, а ќе се трошат само во тешки финансиски ситуации.

    „Описниот дел од тоа што чувствуваат бизнисмените не е моја констатација и не сметам дека другите новинари така тоа го перцепираат“, рече Зоран Ставрески (20.01 2011).

    Тогаш А1 повторно го праша министерот дали парите може да завршат за тековни трошења, плати, пензии, проекти како „Скопје 2014-та“.

    „Значи повторно не разбирате, не знам како да ви се објасни за да разберете, ќе пробам со поедноставен јазик. Буџетот има редовни приходи, кои што се наплаќаат од даноци. Ако редовно ги плаќате вие даноците и не прикривате даноци, буџетот би имал доволно приходи и би си ги исплаќал сите работи кои се исплаќаат од буџетот. Дополнително на тоа, сега имаме елемент на сигурност“, вели Зоран Ставрески (20.01 2011).

    За повлечените пари Македонија ќе плаќа годишна камата од 1,4 проценти. ММФ ја потврди одлуката на Владата да повлече 220 милиони евра од вкупно 390 што на земјата и стојат на располагање за годинава.

    Во соопштението, Фондот посочува дека кредитот може да се користи во исклучителни ситуации, во време на неочекувани промени на финансиските услови.

    А нели парите ги земавме за други намени , ане за непродуктицвни работи како плати и пензии за администрацијата или само се задолжува земјата до бесвест и на крај да крахира. Нели буџетот се полнел доволно , ве молам па оваа е очигледна кражба.
     
  2. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.208
    Допаѓања:
    23.988
    Не и верувајте на А1. :D Шпекулации се ова. :D
     
  3. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    220 милиони :?: јас мислам дека нема да ни стигнат, требале милјарда да си побараат . Каков потрошач е владава тоа е страшно и тоа се оди во тековни буџетски трошоци и непродуктивни проекти.
    Појма немам од економија и политика , ама знам дека кога се зема кредит парите мора да ги свртиш затоа што имаш камата, значи ги инвестираш во нешто што ќе ти ги врати тие пари или ќе имаш бенефит на долг рок. Прост пример, земаш кредит и место да ги инвестираш парите во вазни, фонтани и др. ти почнуваш бизнис или купуваш недвижнина па ренташ.
    Каматите се непостоечки пари, тие не се реални, колку и да се ниски тие се како јаже околу глава, ако не го потрошиш продуктивно кредитот тоа се стега околу вратот. Еден ден ќе дојде работата пред бесилка, дали овој кредит ќе се врати самиот или ќе пропадне во црна дупка ?

    А со проектов свемирско Скопје колку пари се покрадоа тоа е чудо едно, ми доаѓаат тендерите и само се чудам. Се е по милјонче, а бе милион е најјача валута, башка што ќе го ситнат, заокружи таму на милион, два , десет и готово... кад је гроф био циција ?

    Само после ќе се чудам од каде никнаа богаташи по градов, си викаш леле какви бизнисмени, кога тоа они перални имале.
     
    На FridaKahlo му/ѝ се допаѓа ова.
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Да не знае народот дали е полошо да ќути и трпи или да бара предвремени избори? Ако трпи му ги јадат парите, ако оди на предвремени избори па му ги јадат парите!!! :@
     
  5. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    79
    А ние секоја година избори