1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

3 години затвор за велешанец кој украл 150 ќебапи

Дискусија во 'Политика и настани' започната од PogbaPol, 10 август 2015.

  1. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    (малце оф топик)
    луѓе шо на улица во населено место пуцаат со 100 на саат и ќе убијат чоек, ги пуштаат на слобода, овој со ќебапиве 3 години затвор. Нели тој што ја уби девојката кај универзална го пуштија Човек значи можеш да убиеш на улица, ама ќебапи да украдеш е више сериозна работа бе. И сигурно материјална штета не е поголема штета од еден човечки живот.
    Ех, оваа наша чудесна земја...
     
    На honey.11 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Нека каже некој правник, ама мене ова ми нема никаква логика.

    Како што знам за секој вид дејство против законот си има пропишано одредена казна што може да биде парична, условна, затворска и во зависнот од проценката на судијата се одредува казната меѓутоа сепак си има граница од што се почнува и до каде се движи казната за тоа дело, пример не знам, од 6 месеци до три години и судијата донесува пресуда, ама во тие рамки.
    И сега за ова дело и кражба во вредност од 6000денари што во никој случај не би ја класифицирала како тешка, да се добие казна затвор во времетраење од 3 години, тотално ми нема смисла.
    Мислам дека е само една измислица и извртување на работите од страна на порталите, за да добијат повеќе прегледи на веста.
    Не значи дека сѐ што се постира на интернет, дека е апсолутна вистина.
     
    На theowndemon, Annath, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  3. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Хахахахаххахахах ах боже (facepalm)(facepalm)(facepalm) :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
     
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.579
    Пол:
    Женски
    Јас сум ептен разочарана од судов кај нас. За банални работи ги казнуваат и тоа еве овој 3 години, а за прегазување пешаци и убиства ништо, на слобода си се. Епа браво.
     
    На macedonec15, cresa-jagoda и Ketchup им се допаѓа ова.
  5. marijaaxl

    marijaaxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2015
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    741
    во право си битер, мислиш злато украл па ајде 3 години, безсмислено
     
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.591
    Кога истиов крадец би го пуштиле и не би го казниле сериозно, и ќе дојде кај вас дома, ќе ви собере злато, тогаш ќе викате, зошто не го казнеле на време, оти мене штета да ми прави, да ти ебам државата.

    Иначе, не верувајте се што ќе пишат новинарите. Скоро сите ја пишаа делумно приказната за да имаат сензација и кликови, од кои земаат пари. Самое ден медиум пиша дека се работи за повратник, со што и казната се изрекува повисока. Законски, крадецот добил максимална казна за делото, ама се работи за лице кое постојани краде, од секаде. Не украл за јадење 150 ќебапчиња, и со 5 ќе се најадел. Ги ограбил, земал и алкохол то можел да носи и и ги продал, а парите биле за дрога.

    Претходните неколку пати е осудува парично, ама бидејќи се работи за невработен, кој нема начин да ги врати парите, единствено само народот има штета од него, а тој слободно се шета и краде кај сака. Казна фактичка нема.

    Казната која ја определил судот е со цел да го научи да не прави повеќе така, воспитна. Не заборавајте дека има право на жалба.

    Иначе, и други случаи има каде се дава максималната казна за ситница - и удрил шамар на жена му, и одма година затвор. После ке речат, ау за еден шамар затвор. Подобро така, отколку со следниот да ја отепа. Или да види детето како мајка му умира пред него.

    Така што, еден совет - не верувајте на новинари, за еден мочан клик, пишуваат дезинформации и лаги.
     
    На kim.k, ivona48, exoticgirl и 2 други им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    Ај да речеме дека информациите ти се точни.
    Што е со оние кои ќе прегазат човек, ќе го усмртат и добиваат ослободителни пресуди т.е не им се суди? (Алачка)
    Со силувачите?
    Овие два примери мислам се доволни за да се долови “праведноста” на нашево судство.
    Не велам дека овој не требало да добие казна, ама споредбено со овие кривични дела што ги набојав подоле, неговото дело во најмала рака е смешно, а е казнет со највисока казна.
    Праведност, навистина! Додека човеков ќе лежи затвор, Алачка (и на неа сличните) и некој силувач ќе се шетаат слободно иако зацрниле цели фамилии!
     
    На Mishela и Waka-waka им се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.591
    Немам видено решение на ОЈО за Алачки, за темата се изјаснив. Кога ќе го видам, ќе ти го елаборирам. До тогаш, пробај да не наседнуваш на новинарски делумни информации, секој трба да има мозок бар толку. За ќебачињава се затрчаа сите, без познавање основни факти.

    Имаш завршено правен факултет? Малце тешко ми е начелата на КЗ да ги објснувам у моменотв, како и паралелата со англо-саскоснкото право на пример на кое се повикуваш.
     
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    ^
    Татко ми е прегазен и усмртен од еден таков неранимајко како госпоѓава погоре. Само... тој немаше толкави врски, па мораа да му судат. Јас си знам колку ноќи немав преспиено проучувајки го кривичниот закон и законот за сообраќај, бидејќи дотичниот господин заедно со неговите адвокати, потпомогнати од судиката направија се за да го ослободат. Среќа, се намерачија на мене, па планот не им успеа. Ама... мизерно е да ти кажам колку доби... година и пол. И тоа со тешки маки, верувај ми.
    И сега уште сметаш дека сум некомпетентна и дека судствово ни е праведно?
    За силувачите имам пример во блиската фамилија. Девојчево го спобудалеа, малтене уште фалеше неа да ја осудат, бидејќи (според нив) сама си го барала. Е*ате државата, е*бате :devil:
     
    На blackwave му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Гледај сеа , да убиеш човек добиваш 4-5 години , ако си умен ќе те помилуваат 1-2 год .... ако силуваш жени и деца зависи можеш и да не идеш во затвор , да згазиш човек , сигурно е он крив , и тука можеш да се спасиш од затвор....
    Али ако украдеш ќебапи , е тогаш баче ќе го јадеш стапот .....

    Се разбира човекот немаше да иде во затвор да гласаше за вмро , еееее....

    Сум кажал 100 пати ќе кажам и 101 пут , судството е една голема ************** институција на срамот.
    Ако можеа млади луѓе во случајот детонатор кој врска немаат со тоа да добијат по 14 год , зашто и овој да не добие ...

    Така да на крај повеќе ви се исплати да утепате некој него да крадете и остало.... Толку вреди судството во Македонија. НУЛА !
     
  11. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    не редат во затвор опасни криминалци и убијци него ги редат во затвор оние кои украле кебапи, да украдел пари ајде де, ама за ќебапи
     
    На Incule му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Incule

    Incule Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Тие што треба не ги носат во затвор а тие што не треба ги носат
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
  14. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    136
    да не беа златни ќебапите?

    или е ова реклама за ќебапи?