За да го "истестирате" на некој начин потенцијалниот кандидат за врска, кои се петте прашања кои би му ги поставиле?
Јас не би го тестирала со прашања. На прв состанок и не би верувала во одговорите доколку му поставам такви тест прашања. Би оставила некое време да помине и преку неговите постапки да проценам за што е тој заинтересиран и како се однесува. Ако ја познавам подолго време личноста, би била отворена и би кажала кои се моите намери.
А која е потребата да некој/а кој/а ти се допаѓа го/ја тестираш??? Ќе започнуваш врска заради тоа што го/јс сакаш или затоа што успешно ти ги поминал/а тестовите.....и што би бил/а ти понатаму во таа врска, инспектор....а другата страна обсерваторски примерок на кој/а ќе му/и го ставаш на кантар секој кажан збор и ќе го компарираш со твоите ставови ?? Стварно не ми е јасна поентата на тие трик прашања и тестови.
Видете женски, не може особата да се процени многу лесно. Со тие трик прашања за кои збориш ти, не значи дека ќе дојдеш до вистинскиот одговор. Јасно ми е дека за да го видиш вистинското лице на некого треба малку повеќе труд, бидејќи секој трет е дволичен, одглумуваат цели врски па и бракови. Во секој случај интересно прашање поради фактот што треба најбрзо што може да успееш да го процениш зашто ако навлезеш во нештото со некој што не вреди ни пет пари е опасна работа. И да, ја сум од тие помалку искусните и не можам да ти дадам трик прашања хихи
Не 'тестирам' , ама прашувам и одговарам на секое поставено прашање. Немам листа со 'основни' прашања. Зависи од муабетот. И прашувам што ќе ми текне во моментот, и кажувам што ќе ми текне. Сакам да ги запознавам луѓето подлабоко, а и тие мене. Не само за дејт, туку и за другарствата ми е ист принципот.
Никогаш не сум одела со некаква идеја за што би разговарала. Се си доаѓа спонтано. И се согласувам дека нема потреба од никакви тестови, состанокот е само запознавање и треба да биде убава дружба а не тестирање. Нема никакви важни прашања, важно е како се одвива комуникацијата и колку добро се сложуваат двете страни.
До некаде е и тестирање. На некој 'суптилен' начин. Колку подобро ќе го запознаеш некој, толку полесно ќе можеш да одлучиш, дали ти се допаѓа или не.
-Имаш ли куќа, викендица и кола!? - Дали работи и каде!? - Дали ги прележал сите детски болести? - Фамилијарни дијагнози или некое сериозно оболување!? - Колку женски прошол пред мене!? - Дали си педер и дали се шминка!? - Дали си член на форумот Фемина!?
Леле леле....кој црн газда...... A што ако купат заеднички стан, а жена му зима поише плата од него, па тогаш он треба да се убие