Што мислиш за машките кои се шминкаат? Ај сега сериозно. На прв состанок според мене би било океј да е малку поопуштено, бидејќи секој има трема, more or less. Би било малку нападно веднаш да се отворат теми како политика, религија, брак, семејство и слично, барем јас не би, што знам. А за ова со ,,тестирањето“...па, секој состанок всушност и е еден вид на тест, пробуваш да дознаеш нешто повеќе за личноста пред да одлучиш дали ти одговара или џабе трошите време.
Дали работиш "по дома"? Ако рече , не , има кој да го прави тоа (алудирајќи на мајка му ), тури му пепел. Тоа значи дека тој жената ја гледа како чистачка и готвачка и кафекуварка и ништо повеќе. Мразам шовинисти и луѓе со балкански менталитет!
1. Дали се согласуваш со фразата "Краде ама важно гради"? 2. Дали имаш пенис? 3. Дали си позитивно расистички и црно хумористички расположена личност , или све е изумрено одвнатре веќе? 4. Дали може да те користам на свадби и други свечености за да зимам екстра парчиња торта и месо? 5. Да се родиш повторно како животно , кое животно би била? ( бонус ако каже коњ , ќе кажам не може два пати исто , ке заврши дејтот порано ама вреди.)
Првиот состанок а и понатака се оди опуштено ,а темите сами по себе да се редат.Нема потреба од поставување прашања. Се си има ред а запознавањето само ќе си дојде ако има хемија меѓу двајцата.Ништо не е губење време ,само искуство повеке и запознавање на карактери.Затоа само опуштено без прашалници во глава и уживајте во пијачката,кафето ...
Би го прашала што мисли за познатиот ,,We were on a break'' инцидент од серијата Friends. Делува како лабав муабет за американска комедија, а всушност можеш да видиш како ги сфаќа врските.
Треба да ги имаш првите три сезони гледано за да сфатиш, ама ќе пробам да објаснам. Spoiler Рејчел била популарна во средно и на почетокот на серијата е разгалена ќерка на богаташ, која сака да почне самостоен живот. Живее кај другарка и и работи во кафич. Во меѓувреме се фаќа со Рос кој ја свиѓа од средно и има проблеми со самодовербата бидејќи бил бубалица и позабеган. Рејчел полека напредува, се вработува во фирма каде што соработува со колега. Рос ѝ љубомори и се караат цело време за тоа, па решават да направат пауза. Тоа не влијае добро на двајцата и Рос ѝ се јавува вечерта за да се смират. Го слуша гласот на колегата во позадина и помислува дека Рејчел се врзува со него, а всушност само работат. Пијан, има секс за една ноќ со девојка од барот и сабајлето добива порака од Рејчел за да се смират. Рејчел е лута за аферата а Рос се правда дека биле на пауза. Конечно раскинуваат.
Читајќи ги дел од прашањата кои би ги поставиле на првиот состанок, можам да кажам тешко на момците кои ќе се најдат во таква ситуација. Јас мислам дека дел од овие прашања кои се наведени премногу рано ги поставувате. Според мене треба да дознаете нешто основно и општо за почеток, да видите со каква личност сте излегле на состанок. Јас би и поставил прашање од типот што те натера односно те привлече да излезеш на состанок со мене? Мислам дека за почеток е пристојно прашање. Што знам можеби само јас тука сум срамежлива и повлечена личност.
Нема врска тоа е природна реакција со оглед дека прв пат започнуваме разговор лице во лице. Нормално е да има некој вид на трема. Што јас поарен да не бидам? Погледни ги само погоре прашањата, ако од моето прашање и е незгодно и ќе се збуни од прашањата погоре мислам дека џенем ќе фати доколку и ги поставам. Има логика зар не.
Mislev na toa deka malce e trick prasanjeto i treba da se vnimava sto kje se odgovori a so toa ke vidis sto mislenje ima za tebe. A za toa da haha
Не знам според мене не е трик прашање. Може и да грешам што знам. Ама според мене треба да постои некоја причина и покрај тоа што не се знаеме доволно, би требало нешто да и го привлекло вниманието. Или да не оди со мислата: Ај да излезам со него на состанок да видам дали е дегенерик како останатите. Барем една причина да има доволно е за понатака да направиме попријатна атмосфера за разговор.
Секогаш оставам да тече спонтано муабетот ама еве вака у принцип, се примеќам, несвесно, има работи што ме интересираат. На прв дејт секад може да се праша, за ако има браќа, сестри, со нив како се слага (малку почни да кажуваш за свој брат/сестра, па си се надополнуваат и они), па за друштво, дали е дружељубив, па за патувања, каде бил, каде сака да оди, некои смешни дешавки од детство, смешни дешавки од школо/работа. Ете, има интересни темички увек. Нема потреба као на распит со однапред смислени прашања да идете, плус прв дејт најубаво е да е опуштено, да има смеа, интересен муабет. Нема што да го тестирам, по праењето муабет без pressure, ќе видам дали има хемија или не.
А шо има тоа ти да го питуваш како да се преповедаш ако не му се свиѓа шо тоа питува ли се? Јас мислам дека вакви прашања треба да си отидат заедно со 20 век, сега се жените по школувани повеќе од мажите и се.Нема потреба од вакви прашања никој не е неписмен и неспособен.
Инаку би поставила прашање Дали сакаш милениче? Дали сакаш да патуваш, и дали е шовинист или женомрзец,