Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

5 прашања кои би му ги поставиле на првиот состанок

Дискусија во 'Врски' започната од Ihaveacrushonyou, 3 јуни 2018.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Јас се надевам дека не сте сериозни со прашањава и дека на форум се зезате, инаку ситуацијата би изгледала како тој да иде на некои интервју со вас, а вие му поставувате прашања и си штиклирате со пенкалцето.
     
    На Mr.X и RAF Camora им се допаѓа ова.
  2. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.419
    Јас ко совршен оставам тие мене да ме прашуваат што ги интересира. :makeup:
     
    На Nigredo Odor, Lolo5 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Нема ништо да го прашам за да не мисли дека е на интервју. Ако тој ме праша ќе почнам да хистеризирам и ќе му се развикам, како смее да ме тестира. Така, сигурно ова ќе биде најсовршениот состанок на светот, затоа што за комуникација помеѓу двајца возрасни зрели личности не се потребни прашање и одговори.
    Веројатно уште поубав би бил состанокот ако збориме и двајцата за рандом теми, ама да не одговара или да се надоврзува едниот на темата на другиот, затоа што тогаш пак ќе биде како испрашување. Да, така ќе биде најдобро. Тој ќе збори за штикли, а јас за фудбал, за да не бидеме стереотипни плус. И сите среќни и весели.
    На крај ќе си се земеме и ќе имаме три деца: едно машко, едно женско, а третото нека бира само какво сака да биде.
     
    На Nigredo Odor и Scott Weiland им се допаѓа ова.
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.907
    Допаѓања:
    132.742
    1. Каков ти е односот со мајка ти
    2. Живееш сам или со мама
    3. Дали имаш бекаап план ако останеш без работа
    4. Која книга ја читаш у моментов
    5. За кого навивач у фудбал/ кошарка/ рагби
     
    На Роберт 7, crazylady, EvAngelos и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Tejjy

    Tejjy Активен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2018
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    169
    Пол:
    Женски
    На прв состанок не би го тестирала.. Сигурно сам би кажал некои основни работи, а за други прашања зависно како понатаму ќе се одвиваат работите.
     
    На ..Queen..1998 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.907
    Допаѓања:
    132.742
    Зарем вреди да одиш на втор состанок со некој кој има ставови и навики кои ги презираш?
     
    На Trexane, DAngel и Ihaveacrushonyou им се допаѓа ова.
  7. IvanaJenner

    IvanaJenner Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2017
    Пораки:
    443
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Мразам кога некој ќе ми поставува прашања уште на првиот состанок. Сега не и да се молчи цело време , но приватни раб не би прашувала. Сигурно би прашала со што се занимава и слично.
     
  8. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    Тууу... Да вратам на првиот дејт, мојов би го прашала:
    - Каде се гледаш за 5-10 години од сега?
    - Дестинација од соништата и зошто токму таа?
    - Нестоварена желба?
    - Работиш да заработиш (ден-за-ден) или работиш за да заштедиш (инвестиција на подолг рок)?
    - Ако не беше на дејтов, каде ќе отидеше?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    N bi mu postavila ni edno prasanje, I onaka se sto ke odgovori ke bide so cel da me voodusevi.
    Inace prasanja kako pogore sto procitav ni na vtor,... sostanok ne bi postavuvala.
    Vremeto ke go otkrie vo vistinska svetlost.
    Najvazno e "da mu se dade vreme".
     
    На Feminka22 и poenta им се допаѓа ова.
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    На прв дејт сите мачкаат очи колку да лапаат нешто после им паѓа фасадата.Првин добро ќе се информирам па ќе го прашам, ако излаже адиос ако не топ.А обично прашувам прашња од типот на што го интересира највеќе, дали тренира/л нешто, најдолга врска (ова секогаш ме интересира јбг)
     
  11. kejtmoss

    kejtmoss Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2018
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    344
    Пол:
    Женски
    1.Точно е дека си дилер?
    2.Колку профит имаш?
    3.Може и мене да ме вклучиш во мафијата?
    доста се толку
     
  12. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    1. За која политичка партија си?
    2. Дали си верник?
    3. Колку ти траела најдолгата врска?
    4. Кои карактерни особини ги бараш кај една девојка?
    5. Кој македонски револуционер ти има оставено најголем впечаток?
     
    На La.loca, Роберт 7 и Unique__ им се допаѓа ова.
  13. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски

    Петтото прашање е многу јако:rofl::D:rofl::rofl::D
     
    На La.loca, samovila.red., carangigia и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    1. Како си?
    2. Како е на работа?
    3. Од кај си?
    4. Кај учеше средно?
    5. Ќе јадеме нешто , или..?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Бабе тоа прашање е многу битно. :) Ако каже некој од познатите револуционери (Гоце Делчев, Питу Гули, Тодор Александров и сл) значи ја знае само основата на нашата историја.
    Но, на секој човек најголем впечаток му остава личноста со која има најмногу сличности.
    Со изборот на македонски револуционер јас откривам каков карактер има партнерот со кој сум на состанок.

    Ако рече најголем впечаток му оставил Ќосето - кој е синоним на храброст, решителност, упорност и сл. значи и партнерот ги има тие карактеристики, ако рече Христо Узунов - кој на својата мајка и напишал писмо дека Македонија ја сака повеќе од мајка си, а за да да не биде фатен од Турците се самоубил заедно со својата чета - он е синоним на борбеност, принципиелност, достоинство и сл. значи и партнерот ги има тие карактеристики. ;)
     
    На baba Rada и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  16. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    A знаеш, можда во средно историја не му бил нешто интересен предмет и не му ни одел, па многу не се замарал да памти некои детали околу револуционери. :?:Знае основни работи ете, ама не и детали кој точно каков бил.

    Тогаш јас да го прашам кој хемиски елемент му е омилен. Ако каже јаглерод, тогаш со многу луѓе лесно се сврзува, може одеднаш со 4 женски на крај да излезе и покажува реакција на сe'. A aко ми рече хелиум тогаш е лесен дечко (хехе) и тешко ќе се поврзе со мене и е рамнодушен тип. И тако даље...

    Мислам стварно темата е глупавка малце, ко на интервју да е дечкото па идеш прашање по прашање, наместо обичен разговор на разно разни теми да имате.
     
    Последна измена: 14 септември 2018
    На Amelia, baby-star, Ihaveacrushonyou и 5 други им се допаѓа ова.
  17. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски

    Историја не се учи само во основно и средно. За историја човек може да се образува преку книги, документарни и сл. Јас не би излегла на состанок со дечко кој не е патриот и кој нема познавања од историјата.

    Што се замараш какви прашања јас би поставила? Ако тебе те интересираат хемиски елементи поставувај му прашања за тоа.
    Мој совет ти е да ги поставиш следните прашања:
    1. Дали користи погрдни имиња за Библијата?
    2. Која би била негова реакција ако некој ја нарече Библијата факинг книга?
    3. Дали нормален човек ќе се дрзне да го навредува православието, а другите религии да ги почитува?
    Другите две прашања нека ти бидат околу хемиски елементи. |(

    Ако ти е глупа темата зошто ја отвараш? Секоја тема ја црните. :doh:
     
    На baba Rada, Scott Weiland и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  18. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.932
    Допаѓања:
    12.444
    Пол:
    Машки
    1. Дали ти се допаѓа потписот?
    2. Дали сакаш да богохулиме?
    3. Дали мислиш дека може да има право на говор без да ограничуваш слобода на говор?
    4. Сакаш ли да одиме на Геј Парада?
    5. Обожаваш ли хемиски шеги?
     
    На lovestoneddd и Someonespecial им се допаѓа ова.
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Фала за совет, ама најмалку ми е битно тоа:rofl::rofl:
    Може едноставно да го интересира пример технологија а пак да ти одговара како паррнер.
    Глупаво е што очекуваш некој да ги има истите интереси како тебе и што место најобичен муабет да водите лабаво и спонтано да излезат заеднички теми, вие ќе го натерате да се чувствува како да е на распит.
    Ако стварно постојат такви што буквално ќе му поставуват прашање по прашање на дечкото, само нека стане да си замине сиротиот. Истото важи и за другата страна
     
    На lovestoneddd, Someonespecial и Scott Weiland им се допаѓа ова.
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.105
    Допаѓања:
    163.625
    Пол:
    Женски
    Ќе му покажам избрани 5 мислења од дотични членки тука (патриЈотски, „пресмешни“, „високоморални“ (во тесен избор може да влезе и нешто од погоре)). Ако се фејспалмира и му дојде „ќе се убијам“ помисла, го положил тестот. :l: ^_^
     
    На WildMk, sparklie, lovestoneddd и 4 други им се допаѓа ова.