Јас поставувам прашања, што би ги одговорила доколку јас ги добијам истите. Има и други нешта што би ме интересирале, но не би се дрзнала да ги прашам од прилина што не би била спремна јас самата да одговарам на нив. 1. Aко работи, колкава му е платата? Или можеби не конкретно бројката, него како е задоволен, ајде да не бидам некултурна. Информативно само, не од спонзорушки аспект, не сакам да бидам погрешно сфатена. Ме интересира само за колку мисли дека вреди неговиот труд и за колку решил да го продаде истиот. 1.1. Ако не работи, зошто не работи? Според мене работата и обврските се дел од духовната дисциплина. Ако некому му е полесно да седи дома, и државата, општеството, политиката и сите околу него му се криви за тоа, отпаѓа како опција за дечко. 2. Што ќе му е девојка? (во смисла дали е за нешто озбилно или за друга намена ) Ова и да не се праша, станува очигледно во текот на разговорот, but let's get something straight. 3. Од околу ќе го распрашам за другарите, а и за домашните ако ми се пружи прилика, чисто да видам какво мислење има за луѓето од неговата околина, за какви луѓе има почит, искажува воодушевување, од какви постапки е фасциниран, што го иритира кај другите итн. Но, ако за секој еден што го знае има по нешто негативно да каже, веднаш добивам впечаток дека е нарцис и егоист, дека тој и тој е само ок, а другите не му чинат. Колку и да ми изгледаат добри некои луѓе, кога имаат за секого нешто неубаво да кажат, се мириса надалеку незадоволството што го имаат од самите себе. 4. Со кого живее, со неговите, со цимери или сам? 4.1. Ако живее со неговите, дали и колку учествува во домашните обврски и дали смета дека е тоа е работа на мајка му? Ако работите ги дели на женски и машки, отпаѓа како опција.5. Дали сака да поминува време сам, дали ужива во самотија? Не е одлучувачко за врска, но сепак можам да кажам дека ми е важно. Сметам дека човек кој сака да е сам, себеси се познава и се доживува пријатно.Секако не сакам да е претерано 24/7 сам и со никој да не комуноцира, но да се биде интроверт во одредени граници е здрава работа. Обично луѓе што не можат да се замислат себеси сами, туку во секоја минута од своето битисување имаат потреба од нечие друштво, мене лично ми се крајно досадни, површни и себични луѓе. Напишав малку груб пост. Не сакам да сум дрска и директна. Нормално дека никој не оди со листа прашања на дејт и обично во пракса не е така како што изгледа. Не е од прашање во прашање да скокаме, него во текот на муабетот се трудам да ги извлечам одговорите на тоа што ме интересира. Ни јас не сакам да ми бидат поставени милион прашања одеднаш, но ако не ме праша ништо, тоа го доживувам како незаинтересираност од негова страна.
Ништо (Општо кажано во однос на партнерот) Во таа фаза од животот дојдов како тие од Инста клиповите, "I don't wanna knoоwww, baby keep it to yourself"
1. Дали кога беше дете, твоите родители, доволно време обрнуваа внимание на твоите чувства, и имаше чувство дека имаат разбирање меѓу себеси? 2. Што правиш кога се лутиш и кога нештата нема да излезат така како што си очекувала? 3. Која е твојата вистинска страст? Тоа што те тера со насмевка да се разбудиш наутро? 4. Што сакаше да бидеш кога беше дете и што си сега? 5. „To die by your side is such a heavenly way to die“ се стихови од која песна? *** И потоа ќе ја прашам кои се нејзините пет прашања, затоа што нема смисла само јас да прашувам.
Ако и извадам насмевка во првите 5 мин , нема потреба од прашања понатаму. Ако има нешто што сака да сокрие , нема шанси да се насмее, тогаш може истражувачки дејства во вид на прашања!