Гледав дали има некоја слична тема али не забележав, значи вашите 5 неопходни продукти за коса, без разлика дали станува збор за шампони, регенератори, маски, третмани мај чојс: 1. 2. 3. 4. 5.
Вака,ако велиме за здрава коса-не знам колку би можеле да стојат пените и лаковите за коса,за здрава и убава коса-сигурно дека не се Јас користам
1. 2. 3. 4. 5. Без разлика што го ставив последно незначи дека е најмалку значјано, всушност е најзначајниот продукт кој ми помага да ја оддржам косата здрава, што и да е мора да го имам дома, друго се што набројав може да се замени со подобар продукт. На ова масло му нема замена. Со него не само што ја оддржувам косата, ги оддржувам веѓите и трепките, кои откако го применувам доживеаа потполна обнова, од густина, раст до цврстина и сјај. Господ да го благослови оној што го измислил.
Прво и најважно е маска за коса.Со квалитетна маска и квалитетен шампон можат чуда да се направат.Јас моментално корстам маска Глис и сум презадоволна со неа,но често ги менувам,мислам дека е добро да се менува на одредено време Првите и најважни ги кажав а,пожелно е да се користи и leave-in балзам,мислам дека ја прави посвиленкаста косата Друго не ми текнува... И за пените и лаковите,сте грешка,можеби служат за убава коса но,за здрава секако не
1. Шампон, или на Garnier Naturals за фарбана коса, или Orzene. 2. Pantene -Pro-V Repair & Protect Conditioner - Ја омекнува косата и дава преубав сјај, плус преубаво мириса. 3. Сум ги користела сите масла од Галафарм, ама чичковото ми е број еден. Неодамна купив и едно од Тедико, парфемирано и не многу густо, преубаво, ама нема слика да ви го покажам. 4. Сликиконските капки од Орифлејм. Идентични како и оние од Авон, ама мора се да се проба 5. И на крај би биле восокот и лакот за коса. Тие се повеќе за убава коса, него ли за здрава, ама ај
1. ja прави косата ептен мека и со прекрасен сјај 2. 3. 4. 5. Ги подредив поред како и што ги користам А инаку ако зборуваме за здрава и убава коса овде не би требало да спаѓаат лаковите, пените, геловите за коса зошто сите знаеме дека тие косата ја прават далеко од здрава, можда помагаат за поубава, но моментално,а и страшно многу ја оштетуваат. Па тогаш тука би требало да ги ставаме и пеглите, пресите, фигарата за коса па и тие ја прават косата убава...
Пеглите, пресите, фигарата не се продукти, туку апарати за стилизирање. Така што немаат место во темава, тоа сигурно. А продуктите за стилизирање, како восоците и лаковите ги корситиме секојдневно, може за здрава не, ама за убава коса се неопходни. Мислам дека не е проблем ако ставаат слики и од нив.
1.и ги комбинирам. 2.Мириса прекрасно и ми ја прави косата мазна, мека и свиленкаста. Го ставам во поголеми количини кога планирам косата да ја пеглам по миењето, бидејќи дава многу поубав сјај. 3.Највеќе ја користам заради мирисот. 4. 5. Единствен спас за испукани влакна, одржување на сјајот и отстранување на првут.
Директно од шишенцето на косата, цела ја премачкувам од коренот по должината цела да е мрсна и врвовите најмногу, ставам кеса на главата и ја топлам со фен некои 10 минути и оставам да стои околу 1 саат и темелно плакнам. Истото масло го ставам и во маската од јајца. Секаде го комбинирам кога правам домашни маски или така самостојно и тоа 2 пати месечно. Некои препорачуваат маслото да се загрее 10 минути а косата да се намокри и потоа да се нанесе, не е лоша опција, но тоа мене не ми е изводливо, па така со кесата и фенот го постигнувам истиот ефект.
Ова чичково масло е супер! Минатиот пат ставив за прв пат, и косата ми беше повиткана, побујна ... едноставно преубава беше и презадоволна сум. Ама јас на сува коса го ставав маслото. Значи треба на мокра ? На корени јас не ставам, ми е страв брзо да не ми се мрси после тоа.
Шампон Маска Регенератор Средство за заштита од топлина И шампонче за темелно чистење и повремена рехабилитација на косата од толку средства
Не на мокра коса и никако да ја загревате косата. Од природната топлина на телото си е добро. Знаете што прави загреано масло?! Пржи буквално.
На сува коса и само на корените ставам јас и така оставам да одстои еден час и ја измивам. Косата ми ја прави прекрасна, како сјај дава тоа е чудо
Немојте да се смеете, но мојот избор се сведе на: 1. Јаjца (поточно жолчки). Јајцата содржат значајна концентрација на протеини и хранливи материи. Поради високата содржина на белковини јајцата истите може да се користат за зајакнување на фоликулите на косата. Исто така хранливите состојки можат да придонесат за зголемување на волуменот, сјајот и текстурата. Совет плус, јајцата по правило се измиваат со ладна вода (млака) не топла. 2.Маслиново масло Маслиновото масло помага како превентива за спречување на распукување на врвовите. Дава сјај и лелеавост на косата. Може да се користи во секоја маска за коса, но може да се користи индивидуално, и се нанесува на мокра коса. 3. Оцет (вински) Оцетот е одлично решение за отстранување на првут. Исто така се користи и за сјај на косата. Можеби мирисот е непријатен (се додека не се измие убаво) но резултатите се одлични. Спојлер Комбинација од 1,2 и 3 поточно три жолчки, три лажици маслиново масло и една лажица оцет ми се совршена комбинација за мојата коса. Еднаш неделно (или зачестувам доколку мајка ми прави торта па и останале жолчки, ја правам маската, а резултите ми се видливи). Смесата ја мешам со машинче за нес-кафе за да ми се изедначи и потоа како фарба ја нанесувам прво на коренот потоа и на врвовите. Ми отстојува 40 минути со кеса на глава и ја измивам прво со млака вода потоа со шампон. Тоа смрди корне, ама се навикнувам, трпам се за убавина 4. Шампон (зависно од типот на косата) Јас го користам Dоve, до сега ми се покажал како најдобар избор за мене. (тука спаѓа и регенератор кој е неизбежен за врвоите на косата) 5. Силиконски капики за коса Јас ги користам Semi Di Lino, иако мирисот ми е троа појак, ми се покажале како најдобри. Но сепак, тоа е индивидуално.
Значи маслово да го ставам пред да ја мијам косата. На сува коса, ни загреано, ни ништо. Да намачкам, да чекам КОЛКУ? и после да ја измијам косата како и нормално? Добро разбрав?
Еве што пишува на страната на Галафарм за употреба на чиќково масло Како се употребува? За постигнување на добри резултати, пожелна е редовна употреба на Чичковото Гала масло и тоа по секое миење на косата. Најпрво косата се мие со благ шампон, а потоа се суши со помош на пешкир, за да остане малку влажна. Оваа влажност е потребна за да ја заштити косата од ширење на маслото по целата површина, па така косата нема за брзо време да стане масна. Маслото се нанесува на корените од косата и благо се масира кожата. За редовна нега на косата маслото може да се користи како “пакување” за косата. Се нанесува на косата и кожата на главата со благо масирање и се остава да стои 1 час, а потоа се мие со благ шампон. Маслото може да се користи и за обликување на косата.
Фала ЛаБела, тоа што го пишува е далеку од она јас што го сфатив Иначе ова се продуктите што јас ги користам (со намера да го набавам чичковото масло ) И силиконски капки