@ana-sweet Дааа, веќе 6то пакување го користам, и уште 2 неотворени си стојат, не ја менувам Ја омекнува косата ептен, јас како што имам тенка коса..ко пердувче ми е
Пробај со кокосово масло ...пред да ја измиеш косата со шампон стави кокосово масло и остави нека стои околку 1 час или повеќе
1. Meшавина од кокосово и масло од рицинус 2. Бадемово масло 3.Head&Shoulders шампон (ментол) 4. Здраве шампон (активен јаглен) 5. Маска Шери (мед и бадем) Ова се најосновните продукти за одржување на мојата коса, од кои маслата ги ставам 1-2 месечно.
Кај мене се четири...всушност три, но поради тоа што косата на врвовите ми е фарбана морам маската да ја користам барем еднаш неделно, зашто и онака косата ми е слаба. Инаку презадоволна сум од кокосовото масло. А цврстиот шампон од Lush првпат го купувам против опаѓање, досега го користев истиот само виолетов за мрсна коса ама сега дека почна сезоната на опаѓање си викам да го сменам. Хининовата вода исто ја користам повремено против опаѓање на косата.
Од каде и колку ја зема Хининовата вода? Има некој ефект? Јас сакам да си купам,демек за побрзо растење
Оваа е купена конкретно од Бугарија, а овде сум барала ама немам најдено хининова вода. Инаку за побрз раст не би можела да кажам дали има ефект, зашто и масло користам и шампон и не знам кое попрво би дејствувало (јас едно време имав малку проблем со опаѓање и тогаш ми помогна колку-толку) ама за нега на скалп помага. Особено ако имаш проблеми со првут или со кожата на главата. Околу 5-6 лева е отприлика (150-200 ден.)
@poker_face како си задоволна од шампонов на Лаш против опаѓање? Сакав да го земам , ама на крај се одлучив за тој лилјаковиот за мрсна коса и Big за волумен кога ќе го истестираш подобро пиши за резултати
@koritsaki двапати се имам измиено со него и сеуште не можам да видам некој ефект. А пред тоа го користев лилјаковиот добар ми беше тој, ама дека сезоната на опаѓање почна па затоа го сменив за овој против опаѓање. Ќе пишам за ефектот по некое време.