Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

5 'must have' продукти за здрава и убава коса

Дискусија во 'Коса' започната од Milica145, 24 јануари 2012.

  1. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
     

    Прикачени фајлови:

  2. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    A,па изгледа лошо ја сфатив поентата на темата,помислив маст хев е за секого различно,но,еве и јас ќе постирам мои омилени продукти за коса :)
    [​IMG]
    1.Шампон
    До сега намногу ми се имаат покажано Глис Шеа и Лореал сите и иако менувам секогаш им се враќам :)
    [​IMG]
    2.Маска
    До сега сум имала само Глис и Гарниер,Глис ми е многу подобра,ама планирам да купам Лореал,да ги пробам и нивините.Сега за сега Глис ми е совршена... :)
    [​IMG]
    3.Leave-in спрејче,пак од Глис :lol: ,жолтото,не гледам некоја разлика баш,ама си го користам,бар убаво ми мириса косата :)
    4.Искрено ги имам пробано само силиконските капки на Black мислам се викаа,ваква боја беа,имам уште за неколку ставања,одамна ги баталив,некако не сфаќам како и помагаат на косата,па не ставам веќе...

    Не знам што друго би пишала ... :?:
     
  3. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Браво за темава, може вакви тема да се отвори и за лице и тело посебно. :)

    1) Шампон за волумен (често ги менувам), најдобар ми е од Нивеа:
    [​IMG]

    2) Регенератор за коса за суви врвови (дека коренот ми се мрси, врвовите ми се сушат, поради пеглањето):
    [​IMG]

    3) После миење крем/или силиконски капки:
    [​IMG]

    4) Поретко маска за коса (дека брзо ми ја мрси косата):
    [​IMG]

    5) Еднаш неделно, маслиново масло/или бадемово/чичково, како маска, ставам 1-2 саати...:
    [​IMG]
     
  4. Buba-Mara

    Buba-Mara Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    61
    1.
    2.Оваа или на неутро натурал розевата не можев да нaјдам слика :)
    3.
    4.
    5.
     

    Прикачени фајлови:

  5. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    На секое минење мене маст хев ми се:

    1. Масла - комплет Бадемово, Чичково и Рицинусово
    [​IMG][​IMG][​IMG]
    На фитофарм ми се поубави од оние на Галафарм

    2. Одкако ќе отстојат еден час маслата, ја мијам до шампон Dove
    [​IMG]

    3. Регенератор исто Dove
    [​IMG]

    4. Маска, Dove и Gliss жолата во комбинација
    [​IMG][​IMG]

    5. Ампули. Немам некои стандард, различни употребувам. Моментално овие
    [​IMG]

    6. И на крај после миење, силиконски капки за коса кои неможам да ги најдам на нет, лилакови едни

    7. И за секој ден спреј Gliss, по цело време се шприцам со него, го обожавам мирисот. И од коа почнав да го користам, немав испукани врвови 5 месеци
    [​IMG]

    п.с процедурата за миење коса ми трае 2 часа :)
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  6. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    776
    1.[​IMG]

    2. [​IMG]

    3. [​IMG]

    4.[​IMG]

    и нештото без кое неможам да си ја замислам косата е овој прекрасен регенератор што не се измива на got2b.. ми ја прави косата прекрасна, мека, лесно се разчешлува и преубаво мириса :inlove: :inlove:
    5. [​IMG]
     
  7. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.154
    Допаѓања:
    8.262
    1. Шампон Nivea diamond gloss
    [​IMG]

    2. Регенератор исто Nivea diamond gloss
    [​IMG]

    3. Спреј против испукани врвови Gliss од Schwarzkopf
    [​IMG]

    4. Силиконски капки, виолетови се ги има во секоја парфимерија не можев да најдам слика.

    Тоа е, повремено ставам ампули за потхранување, а на лето го употребувам спрејот со UV заштита на Лореал.
    [​IMG]
     
  8. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Јас моментално користам:
    1.После толку испробани шампони,купив од Коприва на Алкалоид и прилично сум задоволна.За прв пат поспоро ми се мрси косава.[​IMG]
    2.Овој регенератор ми е супер[​IMG]
    Други препарати не ставам,затоа што косата многу ми се мрси,а и многу мека ми е така да немам потреба.Но ќе купам некое масло :)
    За стилизирање:
    [​IMG]
     
  9. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    Не дај боже да ставиш чичково масло после миење на косата...ќе смрдиш од далеку...сум го користела и многу лошо мириса, но мирисот исчезнува со миењето.
     
    На gwen му/ѝ се допаѓа ова.
  10. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    8.501
    Пол:
    Женски
    1.Шампон

    [​IMG]

    2.Регенератор

    [​IMG]

    3.Маска за коса

    [​IMG]

    4.Силиконски капки

    [​IMG]

    5.Спрејов :)

    [​IMG]
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  11. feferona

    feferona Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    94
    1. Шампон, маски, регенератор;
    2. Маслата на Галафарм;
    3. Силиконски капки;
    4. Чешли и четки (ами секој чешел не ја чешла мојава коса, башка четка за јаче волумен);
    5. Најбитно фризер, ами не е продукт, али you must have за здрава и убава коса.
     
  12. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.641
    Допаѓања:
    8.500
    Пол:
    Женски
    ке одам малку оф-топик ама мора
    маслото коа се загрева на се загрева буквално на огин како коа готвиме па да пржи :rofl: ме насмеа лилит
    се става во жешка вода шишенцето и се чека да се затопли маслото па се става на сува коса или може дирекно маслото да се стави на коса па да се загрева со фен како што пишаа претходно,
     
  13. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673

    Каде го имаш земено лосионот на Got2be мислам дека ја здогледав оваа линија кај нас но не сум сигурна дали се има? и колку чини?
     
  14. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Hемам 5 продукти,но ке ја дополнам листата подоцна,би ги спомнала овие производи од кои сум презадоволна :)

    [​IMG]

    [​IMG]
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.143
    Допаѓања:
    156.253
    Убаво те разбрав и не,не е начинот тоа,ама ти си знаеш. По проста логика прво,секое масло почнува да ја менува структурата и да пржи,особено па со фен,второ во фризерски салон ми го имаат кажано,а и уште оддамна на еден сајт кој не е пиши,препиши како нашиве,во топ 10 грешки кои жените ги прават во врска со својата коса. Врело масло за коса,најлошиот производ кој можеш да и го ставиш на косата. Нема подобро од природните масла со обично мачкање.
    Доволно е да ја замотате во кеса,па потоа во пешкир.
    Ти си знаеш на крајот...
     
    На MarchelineAmaru, Rock-a-Fella, Trendafilka и 2 други им се допаѓа ова.
  16. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    За must have сигурно има многу продукти што треба да се поседуваат за стварно здрава и сјајна коса, ама кога се нема, се компензира со некој друг производ или пак воопшто не се користи. :)
    Ова се продуктите што јас ги користам:

    1.Шампон за коса против првут



    2.Бадемово масло



    3. Следните два не ги користам заедно, туку некогаш балсамот некогаш серумот за суви врвови:






    Мене ми фали уште регенераторот за сува и оштетена коса на Gliss, една маска за коса и силиконски капки и моето `must have` катче за коса ќе биде потполно. Веројатно. :)
     

    Прикачени фајлови:

  17. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.427
    Допаѓања:
    91.539
    Пол:
    Женски
    Искрено косата ми е добра со оглед на тоа дека најчесто ја мијам само со шампон. Бидејќи и онака ми е многу мрсна сите останати ствари ми ја прават уште помрсна. Еднаш на 2,3 недели и ставам регенератор, а на месец дена и ставам мешавина од бадемово, ореово, чичково масло, АД капки и ампула за оштетена коса што се плакне.

    Да не ставам слики:

    1.мешавината горе спомната

    2. Шампон на Херба, зависи коприва, камилица или бреза.

    3. Валера регенератор
     
  18. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.641
    Допаѓања:
    8.500
    Пол:
    Женски
    Неколку пати месечно го правам третманов со топло масло и нема никакви штетни последици за косата, сепак е топло а не жешко па толплината ги отвара кутикулите на влакната па маслото навлегува подлабински. Како и да е, секој со свој памет
     
  19. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Секоја коса има потреба од различни продукти за да изгледа здраво и негувано. За мојата, долга, густа, хемиски не третирана коса која брзо се мрси, потребни ми се следниве:

    1. Природни масла за зачувување, обнова и сјај на косата.
    - Јас правам микс од бадемово, ореово, чичково и рицинусово и оставам да делуваат на косата 2-3 часа. Не ги загревам, ниту пак ги мешам, туку по малку ставам од секое, од коренот до врвот.

    2. Шампон за мрсна коса.
    - Досега Orzene се покажал како најдобар, а плус дава и убав сјај на косата.

    3. Четка од природни влакна.
    - Таа на Avon мене одлично ми врши работа. Косата многу помалку паѓа при чешлање, влакното не се расцветува и лесно се расчешлува.

    4. Спреј за коса.
    - Црниот Gliss на Schwarzkopf ми е идеален. Прекрасен мирис кој долго трае и мека коса.

    5. Силиконски капки.
    - Користам од Black (за мене) анонимна Италијанска фирма и се сосема ОК.

    Бонус: Еднаш до два пати месечно маска за коса Schwarzkopf и после пеглање спреј за екстра сјај на косата од Avon.
     
  20. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Jас косата ја мијам три пати неделно.

    1.Шампон користам од Гарниер тој од авокадо и шеа путер-одличен е.

    2. Регенератор Глис за сува и оштетена коса содржи и бадемово масло.

    3. Маска за коса исто од Глис црната.

    4. Силиконски капки Клас се викаат, ги мачкам врвовите со нив и ок се.

    5. И еднаш неделно практикувам косата да ја намачкам со маслиново масло, или пак чичково.