Случајно налетав на едни слики од пред десетина години и искрено се разочарав од изгледот на мојата коса денес. Да не дојде до забуна, се фарбав и тогаш, еднаш месечно со бугарската Мис Меџик за фамозни 65 денари на времето. Пегла немав, а фен употребував ретко. Немав поим што се силиконски капки, ниту маски за коса. Шампон - каков што ќе купела мама, коприва, бреза или некое чудо со јајциња. Регенератор ставав еднаш во неделата, ма дали и толку и тоа од оној на Субрина, во ќесичка. А косата ми беше бујна и здрава и густа. А денес се мачам со 15 влакненца, и со сите можни продукти на дофат, ми личи на лајно. Не знам што ќе е најпаметно, да се ишишам кец и да почнам од нула. Што е според мене must have за здрава и убава коса? Неупотребата на фен, пегла и фигаро.
Тренди јас би гласала за кец . Се шалам . Џабе ти е и да ја сечеш толку кратко, ако пак продолжиш со пеглање, фарбање и слични работи. Ако се откажеш од честото фарбањето, скрати ја и одново. Јас на пример од пред некое време почнав да користам соодветен шампон и маска. Претходно што најдам тоа, абе и Тео од 60 денари ставав . И косата ми беше убава. Јас обожавам да се шишам, па затоа немам мака со расцветени врвови, односно нема и кога да расцветат . Кога бев помала, кога пресите беа поим и прескапи, се пеглав со домашна пегла . Среќа што имам убаво и здраво влакно. Единствено косата ми изгори до степен да ми се кине и паѓа, кога ставив бланш, едно 3-4 фарби за да бидам плавуша со 12% хидроген. Оваа се работи кои јас не би ви ги препорачала ако сакате здрава и убава коса. Џабе ти се секакви ампули и капки, бланшот ја уништува косата, решението е само во шишање. Затоа шампон и маска, и тоа е тоа. Шампонот и маската ми се на природна основа, специјално ги порачувам преку каталог. Две работи се, не пет. И имам здрава и убава коса.
Првото не се препорачува за плавуши.Ја потемнува косата.Второто,кокосово поубаво ми мириса.Двете се преубави.Ја мачкам косата без коренот и си седам така неколку саати пред да се бањам. Ми се погоди шампонов,не го менувам за ништо.Ми ја исправува косата. Од Генера си купувам регенератори или маски. Добри се сите и ефтини.Нема утка. После бањање шприцам на мокра/полумокра коса со црниов спреј.Го користев и жолтиот ама овој поубаво мириса.
Исто исто Баш деновиве размислував колку ми беше убава косава порано пред да почнам со ставање маска на косава од тогаш тотално ми се уништи,сега ми е како истуткана,разлетана,никаква,абе ми се плаче,порано со најефтини шампони ја миев и преубава беше... A кога ке ми рече некој дека имам убава коса ми доага со чекан по глава да го удрам Aј да не сум офтопик,го додавам Leave in balsam од Шварцкопф,колку толку ја поправа
како делува маската од чоколадо и дали косата ја прави многу мека јас не сакам да ми е многу мека туку мазнаа, а не мека и разлетена...
шампон на палмолив,регенератор на џенера,фен и пегла и скромно и супер колку повеке хемикалии ставатте на косата толку полошо и правите,совет од мене тоа го знам од долгогодишна работа со коса и искуство,нека не ве лажат производителите и фризерите секако има некои производи закон се сори шо заминав офф топик
Да те пашам со оглед на тоа дека ги користиш сите овие продукти, на колку дена ја миеш косата, и на колку дена ти се мрси?
На 4ри дена. Имам сува кожа на главата и коса и ми се мрси дури после недела дена, ама неможам повеќе од 4 дена да ја носам немиена И го заборавив и Бекутан шамонот. Прво со таков ја мијам за да се измијат убаво маслата (со благ шампон се мијат поубаво) па после другиов
Па овие конктретно се 100 ден. Ама сите што сум ги користела се горе-долу таа цена. Побрз раст не сум забележала никогаш. Ама од кога престанав да користам фен и пегла, а ја негувам со сите овие масла, забележав огромно подобрување во квалитетот на косата и за кратко време ми беше долга (не дека побргу расте, туку врвовите не ми пукаат и ја кратам на 6 месеци)
Прво : или наизменично ги ставам неколку часа пред да се измијам. Потоа се мијам со шампон моментално имам ваков и регенератор Спреј за коса моментално имам ваков и на крај ставам исто од авон
Имам приметено, бидејќи подолго време се фарбам, дека ако користам 9 % хидроген т.е ако сакам да се праам плавуша со сила, тогаш косата ми е крш Шо и да ставам не помага ништо. Ни ампули, ни скапи маски/шампони. Ама последниве 2-3 години откако не сум плавуша, косата ептен ми се опраи. Сосема случајно во аптека ми понудија нов шампон на гарниер за фарбана коса и од тогаш не го сменив. Еве го мојот комплетен спас, за сјајна и негувана коса Шампон Маска (иако е најевтина, сепак ми одговара бидејќи после плакнење не ми е косата како мрсна-никогаш неизмиена ) Млеко за коса (само на врвовите пред сушење со фен)
имам мн сува коса, незнам како да се справам со овој проблем, какви шампони и др глупости немам пробано и пак исто ... Дали доколку пробам од овие маслава чичково, орахово би ми се подобрила? и кое е најдобро според вас?