1. Big шампон од lush 2. Регенератор 3. Mаска 4. Некогаш за да си ја одморам косата се мијам со бебешки шампон 5. и серазбира какао за волумен
1. Шампон head & shoulders sensitive scalp; 2. Маска за коса; 3. Кокосово масло од Бонес, понекогаш и маслиново од фитофарм. Регенератор/балсам веќе не користам бидејќи дава моментална мекост и толку, додека маската освен што ја омекнува и ја храни косата.
1. Шамппонот на Гарниер Ultra Doux кој што е апсолутно прекрасен! (мојот е за нормална до сува коса) 2. Маска за коса на Генера со масло од ориз, путер и милијарда други состојки (бела со црвено капаче) (сликата во спојлер затоа што е голема) Спојлер 3. Глис за после бањање. Мојот е за долга коса и раздвоени краеви, кој неверојатно ја омекнува, а го нанесувам и пред пеглање или виткање на косата
1.афродита шампон од лук навистина прекрасен е го спречува опаѓањето на косата 2.глус регенератор за расчешлување прекрасен е 3.валера регенератор немам зборови 4.гарниер маската за коса 5.хед ен шолдерс нема замена
Секогаш ги менувам, битно: 1. Добар шампон (секогаш лесен и нежен, имам осетлива кожа на главата) 2. Добар регенератор (SYOSS Repair Therapy - SYOSS Oleo-Intense ги менувам наизменично, совршено ми одговараат) 3. Бадемово масло (за сјај и мекост) 4. Масло од кокос (за побрз раст на косата) 5. Маска за коса (најчесто бадем-мед комбинација) Никогаш не купувам еден ист продукт за коса 2 пати по ред (освен маслата), па ако кажувам имиња треба секој месец да коментирам на темава (а ме мрзи).
https://encrypted-tbn1.gstatic.com/imag ... oQvRnWldyA http://ecx.images-amazon.com/images/I/41AMYpFHycL.jpg Освен овие ништо друго не ми треба
1. Спојлер Чудово и на пиадестал ќе го качам да можам. Го користам скоро една година и после првиот пат кога го пробав косата ми беше препородена. Не го менувам за ништо. Не сум човек што сака да си ја сече косата, обожавам долга коса и ми се плаче кога морам да ја сечам заради врвовите ама чудово не дозволува да ми испукаат. 2. Спојлер Најпогоден шампон ми е Пантен, било кој. Во моментов го имам овој и супер е, а сум ги користела повеќето и нема шанси да ја сменам марката. 3. Спојлер Летово си земав уште еден производ на Moroccanoil. Маска е, и сум супер задоволна и од неа. Косата ми е убава, лесно се расчешлува и најважно за разлика од некои маски не ми ја отежнува и мрси косата. 4. Спојлер Кога се работи за продукти за коса, не експериментирам многу, многу. На Пантен му верувам, па цело време гледав реклами за колекцијава, но ја немаше кај нас. Пред некоја недела го здогледав чудово во Веро и го купив. Супер е, нешто како пена, се нанесува на мокра коса. Косата е мека и мириса на него. 5. Спојлер Спрејчево го користам од кога знам за себе, можеби 7-8 години. Совршено! Можеби не ви текнува вака, ама сменето му е пакувањето. Порано беше црвено, со сино капаче и штрумф. Косата мириса најпрекрасно на милкшејк од јагода и сите ќе сакаат да ви ја душнат косата. Се ќе сменам, ама спрејчево не! Обожавам да си ја размазувам косата. :geek:
Како го користите јајцето за коса? На врвови, корен, шолчка, белка? Не е продукт, но имам приметено дека откако почнав да спијам и седам по дома со собрана коса (врвовите најгоре да не ми се бафтаат), врвовите ми се многу поздрави
После миење со шампон, жолчка ставам на целата коса. Стои 10 мин. и ја плакнам со млака, скоро ладна вода.
^^^ Domino тоа чудото од точка 1 од каде го зема, знам дека околу 40 евра е, само не знам дали го има во Македонија...
Го нема во Македонија, моето го земав од Италија и најблиску таму ќе го најдете. Најубаво е ако знаете како да си нарачате од нет. Mислам дека го земав 32 евра, 100ml.
Јас под must have подразбирам продукти без кои не можам, така што ќе наведам само два (со кои ја одржувам негата на мојава коса со месеци наназад). Шампон и маска за коса Спојлер Можам да си ја надополнувам листава со силиконски капки, масла за коса, спрејови и други тракатанци, ама реално - не ми се потребни. И двата продукти имаат освежителен и долготраен мирис, па често ме прашуваат што користам за косата да ми мириса толку нежно Шампонот си ја врши првичната функција, маската ми ја прави косата мека и лесна за расчешлување и тоа е тоа. Порано после пеглање обично употребував силиконски капки, ама ете ги ми стојат во фиока и не чувствувам потреба да ги користам. Што помалку препарати на косата - тоа подобро.