еве ја мојата ефтина листа на must have-when you don't have money Спојлер од лаванда (лилаковиот)99ден- особено кога косата ми е изморена од премногу тешки шампони и дава сјај и волумен Спојлер ова маска е 220ден и е иста како Macadamia Natural Oil mask која ја купувам преку интернет за 8еур Овие два продукти ги користам заедно и не ми се потребни капки за коса затоа што заедно ми даваат доволно сјај на косата и лесно се расчешлува.Ги препорачувам доколку имате долга коса.
Досега ги користев шампоните на афродита, сега променив пред неколку дена, на крај ќе ги видиме резултатите. Маската е сон, преубаво ја негува косата, моментално имам една друга од маслинка, ама секогаш се навраќам на оваа, околу 300 денари е, па кога не сум при пари земам било каква. Секогаш земам различен спреј од глис, многу лесно се расчешлува косата со него. Секогаш после фенирање користам од капките. Кога ми е мрсна косата, за да издржи барем уште еден ден ставам бебешка пудра и не ми се приметува дека е мрсна. Релативно сум задоволна од производите, единствено шампонот што го имам променето.
1. Шампон 2. Кондиционер 3. Маска 4. Масло за коса: бадемово, чичково, кокосово... 5. Силиконски капки
[/spoiler]Чудово и на пиадестал ќе го качам да можам. Го користам скоро една година и после првиот пат 5. Спојлер Спрејчево го користам од кога знам за себе, можеби 7-8 години. Совршено! Можеби не ви текнува вака, ама сменето му е пакувањето. Порано беше црвено, со сино капаче и штрумф. Косата мириса најпрекрасно на милкшејк од јагода и сите ќе сакаат да ви ја душнат косата. Се ќе сменам, ама спрејчево не! Обожавам да си ја размазувам косата. :geek:[/QUOTE] Срцкааа од кај да си го набавам спрејчето и која цена е ;*
1. Шампон -најчесто од коприва во него витамини во ампули 2. Масла -рицинусово за корен кокосово за врвови 3. Кондиционер орифлејм купувам поретко бидејќи не го трошам многу 5. Капки за коса имам од авон ама секогаш ги менувам
Dali masloto go stavate na suva ili vlazna kosa? Dali masloto ima vlianie pri bilo kako tretman na kosata so upotreba na grejno telo (fen, pegla,...) Mislava mi e dali ke reagira kako maslo i voda koga przis nesto?
Може јас да ти одговорам? Можеш да си одбереш како ќе го нанесеш маслото сама, според потребите на твојата коса; јас имам суви врвови и мрсен корен, па најчесто ја воденам косата од ушите надоле, па нанесувам масло, ја собирам и ја оставам да стои така неколку часа - кога како имам време. Не го загревам маслото, не сум сигурна кој би бил ефектот, ама како да ми се мота во глава нешто прочитано дека нема потреба да се загрева зашто најефикасно е такво какво што е - без дополнително загревање или ладење. Јас пред да го разнесам низ косата само го протривам низ прсти, а косата ја воденам пред да го нанесам затоа што мене така ми е најефикасно и најлесно ми се „фаќа“ маслото. На сува коса немам впечаток дека ми делува и многу тешко го плакнам. Кога ми е минимално водена, полесно го одмивам од косата. Тоа го правам при секое миење. Инаку, можеш да го намачкаш и целиот скалп во пакет со косата, да ја собереш косата во капа и да ти стои повторно неколку часа. Верувај ми, косата нема да си ја препознаеш потоа. Нема врска дали имаш коса склона кон почесто мрсење или не - еве јас имам мрсна коса, па не сум забележала зачестено мрсење од третманот, а го практикувам еднаш неделно. Ја тестирав периодов неколку месеци косата, не ставам ниту маска, ниту регенератор, се мијам со шампон - еден против себореа и еден најобичен Бекутан, се фенирам обично два пати во неделата, а се пеглам кога како - некогаш преку ден, некогаш еднаш неделно, додека шишките ги средувам секој ден со преса. Косата поздрава, полелеава и поубава не ми била никогаш. Нанесувам масло од Балеа, а понекогаш и чичково масло кога ќе ме фати мерак за промена.
И јас го обожавам рицинусовото масло. Го користев долг период за маски за коса и како серум за трепки пред спиење. Фантастично е.
Здраво цел живот правам маски од чисти масла па ако може и јас да ти дадам совет. Маслото се користи секогаш на благо навлажнета коса затоа што ако го нанесеш на сува има способност да ги одземе природните масти од самата коса кога ќе го измиеш со шампон (маслото врзува масло). На навлажнета коса нема таква опасност затоа што водата служи како бариера (водата и маслото не се мешаат). Што се однесува до тоа дали е подобро ладен или топол третман ги имам пробано и двата типа и да ти кажам право резултатот е ист. Доколку сакаш топол третман откако ќе го нанесеш маслото на влажна коса, стави кеса на косата и над неа топол пешкир (стави го на парно 15 мин) или пак ладен пешкир па загреј се со фен околу 5 мин. Кесата под пешкирот служи прво за да не ти се измасти пешкирот а и за да ја задржи постигнатата топлина.
Јас се извинувам гледам дека коменарот е од пред многу време но сакам да прашам како си задоволна од шампонот на yves rocher за кадрава коса што е бијки сум заинтересирана за овој шампон и барам мислење
Не се ни 5. А немам ни пари многу луксузни работи да користам така да.... 1. Шампон од коприва. Буквално ми ја спаси косата. Не планирам набрзо никаков друг да користам. Сега сакам и б6 витамини да ставам внатре и таман. 2. Маска за коса од Genera (најчесто од кокос користам но некогаш земам и од ориз) 3. Чичково масло. Одлично е. Се користи и за стилизирање на косата. Пример кога ја виткам ставам и многу подолго ми седи. Моето е од Галафарм. На сликата е второто, но сигурно сите се исто добри.
Шампонот е прекрасен, ама ако имаш коса склона на перутење не е за тебе. Јас не го користам веќе од причина што ми ствараше перут, а од толку производи како најдобар се покажа верувале или не Wash&Go, и тоа некој обичен со коприва, сега земав со квасец на акција, ќе видиме како ќе се погоди. Нит маска ставам, нит регенератор, косата ми е супер. Јас имам мака единствено со бебешките влакна, ако знаеш некој совет кажувај
Какви 5, јас користам само шампон и кокосово масло. Преку глава веќе од триста глупости, што веќе немам ставено на косава. И никогаш ниту еден производ не ми направил некоја драстична промена, само се лажеме сами себе. Однадвор изгледа убава еден ден, ама внатрешно влакното не е потхрането. Само уште повеќе ми ги исушија врвовите, а ми ја измрсија на коренот. И маски ставав, и силиконски капки, и регенератори, и масла какви не... Ништо од нив. Толку ми се презасити косата од тие вештачки глупости, мислам дека и секој ден да ја шишав пак ќе ми изгледаше безживотна. Се' фрлив, не давам веќе пари за ова. Сега си користам еден шампон од Авон за мрсна коса. Ништо подобар не е од други шампони, го користам само зашто ми ги прави преубави локните. Имам природно виткана коса, и до сега ова е единствениот шампон што не ми ја разлетува косата, не ми ја суши, и' дава сјај, мека е, а локните ми се правилни. И кокосово масло. После секое миење или пред да ја мијам ставам само на врвовите. И обавезно еднаш неделно на цела коса, држам повеќе саати, мијам и имате свила. Врвовите ми изгледаат како да сум ги шишала пред два дена. Косата поубава, помека, полелеава, поздрава не ми била никогаш. И веќе раскрстив со разни препарати, ова е мојата добитна комбинација. И што е најинтересно, откако престанав да користам глупости, косата почна побрзо да ми расте, не ми се мрси како претходно и има некој убав, природен мирис. Абе ми се прероди цела коса од коренот до врвовите, ваква никогаш не ми била. Спојлер: Шампонот на Авон
После долготрајна употреба на шампони против првут, конечно најдов еден од кој не ми се врата косата во старата состојба. Нема некој посебен мирис ниту голема пенливост но одлично си ја врши намената. За третирање на косата пред бањање ги препорачувам овие две. Бутерот за косата во должина а уљето за масирање на скалпот. Бутерот ја прави косата мека и лесна за расчешлување а уљето придонесува за зацврстување на коренот и појако влакно. Како регенератор ги препорачувам двата бидејќи напоредно ги користам и имам позитивно искуство. Нудат елстицитет и сјај. Од продуктите за третирaње на косата за после миење ги препорачувам уљето од алверде за сува кожа и серумот од боди шоп за шпицевите.
Девојки може прашањево не е за овде ама може да ми кажете од кои продукти сте најмногу задоволни посебно тие што имаат сува коса. Имам купено премногу препарати и повторно косата ми е сува и брзо ми расцветува. Ја пеглам еднаш месечно, затоа што имам природно виткана коса, со фен не ја сушам водам премногу грижа и пак не м изгледа како што сакам
Откако почнав да користам кокосово масло ( ладно цедено во тегличка) приметив големо подобрување. Исто сум задоволна од зелените силиконски капки од Авон и регенераторот на Субрина со алое вера. Јас имам долга, густа брановидна коса, која редовно ја пеглам и фарбам и вака ја одржувам здрава и сјајна.