Па немам 5. Користам само четири работи за мојата коса. Многу е важно да не користите пегла секој ден. 1. Шампон против првут. 2. Спреј против горење на косата 3. Третман за коса 4. Мароканско масло за коса
Не се пет, три се, ама многу сум задоволна: Путер за коса пред миење И потоа шампон и регенератор Резултат: здрава и сјајна коса.
1.Путер за коса,го користам пред шампонирање околу 20 мин.по должина на косата 2.Масла за коса 3.Шампон кој моментално го користам 4.Замена за силиконски капки,зависи кое масло го имам дома
Шампонов дефинитивно е најдобар за мојава коса Смешна цена 100 денари е маскава а косата е многу мека и мириса многу убаво. После миење го користам ова млеко за коса од Балеа. Исто прекрасно мириса на кокос и праска Исто и серумов е одличен. Совршено си ја врши работата.
head & shoulders против перут 2. маска за коса од евелине 3. хининова вода за растење коса 4. балеа спреј за коса после миење
Девојки дали некој знае како да ги смирам непослушните бебешки влакненца после фенирање и дали путерот за коса на алверде ја прави косата мрсна кога ќе се стави на сува коса?
На четкичка за заби испрскај лак за коса и помини низ косата. Ќе ти се смират разлетаните влакненца. Истиот трик можеш да го користиш и за да ја "залижеш" косата кога ќе ја фатиш во репче.
Маската за коса од евелине и балеа спреј за коса после миење од кај ги земаш и по која цена? И спрејот за коса е за на водена коса? Фала однапред!
од евелине маска ја земам од евелине продавницата на максим горки на плоштад, а балеа спрејот после миење од дм за 130 денари и на мокра коса се става
Аха фала ти зошто не сум од СК јас па да знам од прилика колку пари да ѝ дам на другарка ми. Фала ти.
Не знаев во која тема да пишам, па ајде тука.. Дали некоја од вас го користи шампонов и како е задоволна? Знам секако не може резултатот да е на секоја коса ист, но само ме интересира.
Прво да кажам дека не работам со авон и не сум некој голем фан... али за шампоните немам коментар. Искрено сум пробала еден куп на Глисс лореал, лорвен, дури и од кај фризерката зедов маска 1000 ден, и искрено ништо како арган линијата на Авон. Претходно од шо ми беше сува од фарбање косата ( инаку плавуша) не можев да се исчешлам дури ни со кондиционерот на глисс. Овај третманот за волумен е одличен, (малку ми ја суши косата затоа прскам само околу темето) затоа мислам дека на оние со мрсна коса би им бил одличен. Сега планирам да си нарачам нешто од спрејовите за сјај или третманот за пред фенирање/пеглање