вака дали некој може да ми помогне сакам да напишам 50 начини ..начини со кој сум со него...ми треба такви итни ми се ако знаете кажете!
Убава тема...може да оди во врски подфорум и да не се ограничиме на 50,туку до бескрај се додека имаме причини и инспирација да бидеме со некого...ок е?! До утре ќе ти биде завршена задачата,ние сме креативни и умни девојки!
ххх ок ијас можи малку претерав не мора да се 50 ама сепак тоа што занете кажувате одма! иначе знам дека сте умни девојки се сложувам со тоа ...срцки сте и фала однапред...
1 - те сакам премногу 2 - затоа што ме правиш среќна 3- затоа што си тука и во лошо и во добро 4- затоа што си мојот најдобар,, другар,, 5- затоа што правиш да се смеам 6- затоа што си секогаш тука за мене кога ќе ми текне уште некое ќе пишувам
-затоа што тонам во твојата прегратка, -затоа што ја обожавам твојата насмевка -затоа што кога сум со тебе времето престанува
те сакам затоа што секогаш знаеш да ме насмееш те сакам заради прекрасните допири кои ми го одземаат здивот те сакам затоа што ме зароби со твојот поглед уште од првиот ден
те сакам кога си лут (одма ќе падне на ова) те сакам кога си среќен по крај мене те сакам кога си детинест ајде ајде ќе собереме 50
те сакам поради слаткото лице кое го имаш кога се лутиш те сакам заради тоа што си те сакам заради тоа што се појави во мојот живот те сакам бидејќи целото внимание го посветуваш на мене
Секој нека си пишува од свое искуство,па може некое ќе се поклопи. -Затоа што имаш неодоливо слатка насмевка -Затоа што имаш бујна детска фантазија -Затоа што знаеш кога да молчиш,а кога да зборуваш -Затоа што има добра смисла за хумор -Затоа што ми го правиш денот комплетен -Затоа што само со тебе јас во целост можам да бидам јас -Затоа што си ми најдобар пријател -Затоа што и тишината е пријатна кога сме заедно -Затоа што ме научи да пијам пиво ( ) -Затоа што знаеш математика ( ) -Затоа што си и дете и маж во исто време,но детето почесто победува -Затоа што си мил -Затоа што не си ми дал инспирација,инспирација ми даваат само неубави нешта (добро ме вади од такт од време на време,деновиве на глава ми се качи,ама има начини,не е толку црно) -Затоа што со тебе ги имам најубавите спомени -Затоа што убаво ме гушкаш -Затоа што секогаш убаво мирисаш -Затоа што тешко се лутиш,а кога ќе се налутиш си смешен и повеќе се инаетиш,отколку што се лутиш -Затоа што си смирен,па ме смируваш и мене
девојко браво за темава што ја отвори ми направи улуга и онака за некој ден му е роденден на дечко ми па можам наместо обичен поклон нешто вакво да му приредам ми даде идеја фала
море цури вака се извинувам на сите ама дечково има супер карактер предобар е со мене ептен ме сака и така............уффффф
Како бе девојче ќе му пишеш на дечко ти туѓи зборови. Ок ти е идејата ама напиши си сама од срце она што ти се допаѓа кај него и што чувствуваш. Јас може 1000 работи да ти пишам зошто го сакам дечко ми, ама тоа сепак нема да бидат твои зборови. Замисли си сега дечко ти да ги собере другарите и заедно да смислуваат порака за тебе. Не чини, нели? И за другпат да знаеш, размисли пред да отвориш тема, за во која категорија е и каков соодветен наслов ќе и дадеш. Инаку добредојде зашто си нова и за понатака почитувај ги правилата и не треси теми од ракав колку да се каже дека си напишала нешто.
сепак фала на тие што ми помогнавте иначе snake и јас мислам дека оваа е супер идеа оти нонстоп само поклони вејче не знам што да му подарам ..... а мислам дека и вака ќе бидат задоволни! позз
И јас се согласувам дека треба да си напише самата од срце за својот дечко.Постовите што јас ги пишав беа мои,од мое срце,за мојот дечко посветени
Е добро де пак и да му напише од срце таа сама нема да е нешто поразлично. Се знае што е љубов се знае на кои начини се искажува и нормално дека си ги сакаме партнерите заради овие работи кои ги наведовте-еве нека има некој исклучок. Не ќе го сакам дечко ми зш утре ќе врнит! Ако не сакате да изразите емоции тука немора да ширите лутина и негативна енергија. Се изнервирав
да се вратам на темата... те сакам зашто ми влеваш самодоверба ...зашто покрај тебе се чувствувам сигурно ...зашто зборуваш со поглед ...зашто преубаво готвиш ...зашто ме поддржуваш ...зачто заслужуваш