Затоа што го сакам. Затоа што ме сака. Затоа што е најпрекрасното суштество на светот. Затоа што не постои подобар човек од него. Затоа што сакам цел живот да го поминам со него. Затоа што нема Јас и Ти туку НИЕ! Засекогаш муценце мое
Ако толку многу го сакам... не 50, туку 150 причини ќе напишев зошто сум со него Вака мнооогу вештачко е.
првата година од врската за Валентајн му дадов срце со напишани 100 причини зошто го сакам. сега пола мислам дека не се важат Незнам. некако долга врска преминува во навика. Што значи, аха го сакам зошто сум научена да бидам со него и со никој друг.
R-aduvam me na sekoj negov pogled A- me odzema silno custvo D-a go gusnam i baknam E- dinsteveno GO SAKAM
да да, врските обично преминуваат во навика. Некогаш она што ни било совршено и сме го идеализирале, денес може да е нешто сосема спротивно. Инаку, единствена причина зошто сум со дечко ми е затоа што го сакам.
Отсекогаш велев дека сакам дечко ми да биде повисок од мене,кога ќе ме гушне неговите раце на два пати да го обиколат моето тело и кога ќе ме фати за рака мојата да пропадне во неговата...и желбата ми се исполни Сепак тоа не е најважно..имам убав,паметен,модерен дечко,фраерче,кој многу си го сакам и многу сме убави како пар.Се согласуваме перфектно,ако се занемарат лошите ситуации...тој ми го посветува неговото време,секогаш сака да имаме нови моменти на нови места,секогаш ме советува,се однесува како заштитник и јас навистина се чувствувам сигурно и сакано
Затоа што ми дава искрена љубов. Затоа што е причината што секое сабајле станувам насмеана. Затоа што ја има најубавата насмевка. Затоа што во неговата прегратка сум најсигурна. Затоа што е првиот за кој имам пуштено солза. Затоа што е човекот кој ме сваќа и ми дава совети. Затоа што мириса најубаво на свет. Затоа што е најпаметното човече. Затоа што направи да ми чука срцето 200 на саат. Затоа што е човекот што плаче кога јас плачам. Затоа што со него ги имам најпоучните караници. Затоа што ми ја даде неговата дуксерка испрскана со неговиот парфем да ми седи во шкаф. Затоа што ги дава најубавите комплименти. Затоа што ги има најубавите усни. Затоа што секој ден ми се јавува по 3 пати да види дали е се ок, иако сме 2000 километри разделени. Затоа што е човекот кој кажа дека ќе ме земе за жена затоа што најубаво готвам хаха Затоа што ме сака и ми верува. Затоа што го сакам и му верувам. Затоа што сакам да го поминам животот со него. Затоа што не му требаат зборови за да сфатам колку ме сака..
затоа што ме прави да се чувствувам како никој до сега затоа што ми покажа дека ако сакаш да бидеш сакана треба да научиш да сакаш затоа што го сакам повеке од самата себе затоа што му верувам и знам дека ме сака и не направил ништо во што би се посомневала да не е тоа така затоа што знае да ми каже убави зборови и да ме направи најсрекна затоа што знае да ме расположи кога сум тажна затоа што знае како да ми го направи денот најубав затоа што една негова насмевка ме прави да летам до небо затоа што еден негов допир ме смирува затоа што еден негов бакнеж ме лекува затоа што еден негов утешен збор ме прави да заборавам на се лошо затоа што не идеше во школо за да седи со мене на мсн затоа што сме 24/7 и сме на голема далечина затоа што не излегуваше само за да седи со мене и да не мисли дек прави нешто затоа што ми вика дека сум нешто несекојдневно и дека ме сака засекогаш затоа што е романтичен ГООООООООООООО САКААААААААААААААААААААААААААААААМММММММММММ
затоа што можам саати и саати да поминеме гушнати затоа што по цел ден само со него можам да се легачам затоа што добивам безброј бакнежи во текот на денот затоа што е препремногу искрен и заљубен
затоа што е прасе со голема потреба од љубов. затоа што е зависен од моите бакнежи, како и јас од неговите. затоа што кога кажува ТЕ САКАМ , тоа го мисли искрено. затоа што кога не кажува ТЕ САКАМ, тоа може да му се види во очите. затоа што никогаш не би можела да најдам друг со кој би била толку компатибилна.
Затоа што јас сум јас само кога сум со него затоа што кога ке го бацам пеперутки имам низ целото тело Затоа што во неговите очи се губам затоа што кога имаме односи е најубаво и најромантично го обожавам не можам без него ме расплакува и насмејува во истиот момент кога ми е тешко првата личност што ја барам е тој кога ме гушка сум на 777 небо кога ме гали цревата ми се превртуваат кога ке го видам срцето ми лупа кога си лежиме гушнати нема ниедно чувство поубаво од тоа ме смее ненормално прави да се чувствувам сакана и сигурна понекогаш се лигави како мало дете за да добие нешто и не можам да му одолеам обожава дечиња искрен е чесен и добар кога го држам за рака не сакам никогаш да ме пушти кога ке ми рече ајде насмеј се се ке биде добро веднаш ми прекинува тагата има мешенце кое обожавам да го штипам ми дозволува да го гризам колку сакааам секогаш е тука за мене никогаш не ме навредил Кога ми е ладно ми ја дава јакната дуксерот и седи и по кратки ако треба се согласува да глреда филмови што јас ке ги одберам не ми се смее кога плачам за глупости понекогаш знае да ме изнервира но тој е тој со кој би сакала цел живот да го делам еден саат да сум без него ми недостига кога к еми каже добра ноќ нема шанси да не спијам убаво затоа што тој е моето прасе што го сакам највеќе на свет и овој пат ке направам се за да ни биде пак најубаво ...
затоа што кога ме гушкаш се чувствувам најбезбедно затоа што и кога ќе се изглупирам знаеш да се насмееш затоа што сакаш да ми спиеш на гради како мало детенце затоа што мирискаш најуууубаво на свет затоа што си чоколадно затоа што кога си играме секогаш ме расплакуваш и после тоа ме гушкаш и ме нишкаш затоа што последното секогаш го остава за мене затоа што гледа прво за мене што е најдобро, а после за него затоа што ме сакаш и знаеш да ми покажеш
Девојчето треба да си напише сама за себе, за секој е различно. Јас можам да напишам 500, ама еве ке издвојам една поврзана со форумов: Те сакам зошто читаш постови од Фемина, кога ке те натерам без А да кажеш! тоа обично се случува за некој сличен проблем што го имаме
Зошто ме смееш и кога сум депресивна зошто секој момент со тебе е забавен и уникатен зошто со поглед ми кажуваш се што сакам да слушнам зошто кога ке ми се насмевнеш заборавам на светот околу мене и проблемите кои ме опкружуваат зошто во твоите раце сум најсигурна зошто знам дека каде и да сум, сепак ке си крај мене кога ми е требаш... зошто со тебе сум вистинската јас, без маски и претварања....