Затоа што 50 пати доаѓам до еден ист заклучок-со него сум зашто прави да се чувствувам баш така како што се чувствувам покрај него
1. Me сака 2. Ме усреќува 3. Ме разнежнува 4. Ме насмевнува 5. Ми го олеснува животот 6. Ми е најголема подршка 7. Најголема утеха 8. Романтичен е колку што треба да биде 9. Ми удоволува 10. Ме почитува 11. Само јас и тој умееме да се разбереме со поглед 12. Ги прифаќа сите мои маани 13. Покрај него сум најсигурна 14. Кога ми е тешко потребна ми е само неговата прегратка 15. Тој единствениот кој покажал и докажал колку вредам 16. Премногу ме толерира 18. Виновник е и кога не е само за да има мир 19. Неможе без мене 20. Со мене е во добро и во лошо 21. Со него заборавив на срамот, непотребната горделивост и инаетот кои сега сфаќам колку ми пречеле во животот. 22. Немам книги прочитано колку што имам прочитано искрени чувства во неговите очи зелени, на моменти заматени од солзи, на моменти искосени од среќа Останатите 28 причини се идентични тој е мојата друга половина, без него јас не сум јас! Без него јас не сум цела!
Затоа што си најслаткото суштество на целиот свет. Затоа што ме сакаш.Едноставно го обожавам начинот на кој ме сакаш. Затоа што кога ме удара во глава винцето,ме пазиш,ме носиш дома,ми помагаш да си легнам и ме масираш... Затоа што секогаш знаеш да ме насмееш и мене и сите околу тебе. Затоа што најубаво и најслатко ми го кажуваш името. Затоа што си овде за мене во секое време од денот. Затоа што ми посветуваш најубави песни. Затоа што направи да се вљубам во тебе за кратко време,и да заборавам на сите пред тебе. Затоа што се грижиш за мене. Затоа што со секој допир и поглед ми покажуваш дека ме сакаш. Затоа што и јас ТЕ САКАМ ТЕБЕ. .........
Многу се 50! Има неколку но доволни ми се! Знае да ме љуби најубаво. Има прекрасно големо чело и точно кадешто му почнува косата има едни дупчиња, како рокчиња кои му ги обожавам. Ја сфаќа мојата емотивност и си плачеме заедно, си се смееме заедно.
Зошто го сакам маж ми...ооо има толкууууууууу зошто 1.те сакам поради тоа што се појави во мојот живот сосема неочекувано 2.те сакам поради тоа што си ми најдобар другар 3.поради тоа што се гушкаш најубаво на цел свет и тогаш знам дека никој не ни можи ништо 4.затоа што секогаш убаво мирисаш 5.затоа што правиш да се чувствувам најубаво и најсакано на цел свет 6.затоа што твојата насмевка ми го разубавува секој ден 7.затоа што знам дека правиш најубави деца 8.затоа што знаеш математика и физика повеќе од мене и ќе им помагаш на нашите деца 9.затоа што кога сите се сомневаа во нас ти не се откажа од мене 10.затоа што кога си далеку остануваш по цел ден на скајп и ме слушаш кај ломотам со саати 11.оти ми праќаш смс во исто време кога јас ти праќам тебе 12.затоа што ме трпиш кога сум во ПМС и се лутам ко прво оделение 13затоа што не ми викаш кога те касам ко бесно куче 14.затоа што ми даваш да спијам од онаа страна на креветот 15.затоа што кога водиме љубов си толку секси 16.затоа што сакаш животни исто колку и јас 17.затоа што си едно големо детенце со најубави очиња 18.затоа што ако не беше ти никогаш немаше да знам што е вистинска љубов 19.затоа што ти си причината поради која секое утре станувам насмеана 20.затоа што правиш да си чувствувам срцето во грло кога ќе ме бакнеш 21.те сакам оти имаш најголемо срце од сите кои ги знам 22.затоа што кога водиме љубов се чувствувам како дел од тебе 23.затоа што обожаваш деца 24.затоа што никогаш не си ме навредил 25.затоа што кога ќе те гушнам навечер знам дека никогаш нема да ми се случи нешто лошо 26.затоа што знаеш што сакаш од животот и храбро одиш кон тоа 27.затоа што без разлика со колку луѓе сме во собата јас се чувствувам ко да сме само јас и ти 28.затоа што не мора да одиме никаде за да ни биде убаво 29.Затоа што обожаваш да пееш иако некогаш звучи 30.те сакам затоа што никогаш неможам да го заборавам моментот кога прв пат те мириснав 31.те сакам оти првиот пат ме бакна во чело 32.те сакам затоа што не сакаш да смениш ништо кај мене 33.затоа што можам да ти кажам ама баш се 34.го сакам начинот на кој ме држиш за рака кога спиеме 35.те сакам оти секогаш кога ќе помислам на тебе добивам пеперутки во стомакот 36. сакам кога после бањање се маваш низ собата ко блесаво и ме убиваш од смеење 37.те сакам оти секогаш со мене си ТИ а не некој кој се преправа и глуми 38.те сакам оти правеше муабет со тато и се трудиш сите да бидат среќни 39.те сакам оти се отепа од собирање документи да може да бидеме заедно сега 40.те сакам оти секој ден ми кажуваш колку ме сакаш 41 те сакам оти ги сакаш моите другарки 42.затоа што секогаш ми враќаш на смс иако си на работа и зафатен до стотка 43.затоа што сакаш целиот живот да го поминеш со мене 44.затоа што ја слушаш баба и по 6 саати и си предобар со неа 45.затоа што поправаш работи најубаво на свет (откога ќе ги распиеш) 46.затоа што секое утро го шеташ Астор 47.те сакам оти сакаш да гледаш цртани филмови 48.затоа што не се лутиш кога те задевам за Р 49.затоа што си пресладок ко ми зборуваш за НАСА и вселената 50.затоа што можам да напишам уште 1000000 причини зошто те сакам......
Затоа што... 1. го сакам онака силно, безусловно, без крај, без оглед на се, што и да се случи, сега и засекогаш 2. ја чувствувам неговата љубов како ме топли, ме гали и не ме остава никогаш сама 3. уживам во неговото присуство 4. никој како него не бакнува 5. добар човек е, скромен, слатко срамежлив... 6. бемката на неговото обравче ми го разубавува денот 7. доживеавме прекрасни моменти заедно, сакам уште многу такви 8. прекрасно готви 9. ...е вреден 10. ...е паметен 11. им се радува на децата и животните како и јас 12. ... е одличен вујко 13. ме прави подобра личност 14. има смисла за хумор 15. има неодолив шарм 16. ми дели комплименти 17. ме теши кога ми е потребно 18. многу често ми угодува 19. фантазира заедно со мене како сме на некоја егзотична плажа 20. имаме редовен и феноменален секс 21. не се плаши да правиме планови за заедничка иднина 22. кога излегува со неговите пријатели ме кани со него 23. не е многу по алкохолот 24. искрен е со мене 25. ми пишува убави пораки 26. имаме слични карактери, разбирања, ставови 27. ме дочека со ручек тогаш кога најмалку очекував 28. и после две и пол години ми прави пеперутки во стомакот 29. знае кога да прости, кога не 30. со него дознав што е вистинска љубов ...
1. Затоа што е тој кој секогаш ми буди насмевка на лицето 2. Го чувствувам блиску, дури и кога не е тука 3. Затоа што бакнува нежно и со страст 4. Затоа што не го коментира мојот перверзен мозок 5. Затоа што не се бунеше кога реков ќе го силувам 6. Затоа што неговото телото ме топи како кашкавал во микробранова, а мислев нејќам згодни момци 7. Затоа што кажуваш зборови кои не мислев дека ќе ги слушнам 8. Затоа што е паметен 9. Затоа што ќе ме носи на пикник во Германија, каде ќе си вежбам јога и ќе се тркаламе по ливадата. 10. Затоа што беше тука иако знаеше дека постојат уште двајца меѓу кои се двоумам 11. Затоа што ме слуша кога замарам за Египет и нивната историја 13. Затоа што не се лути што го сакам Рамзес за маж 14. Затоа што има шарм на кој паѓам одновно и одново 15. Затоа што знае да го каже правото нешто во правиот момент 16. Затоа што ми дава самодоверба 17. Затоа што е совршен и не сакам да го испуштам од рака 18. Затоа што знам дека ќе ми дозволи да си ги исполнам сите перверзни фантазии со него 19. Затоа што прави планови за нас во иднина 20. Затоа што секогаш се труди да ме види макар и на 5 минути 21. Затоа што е искрен 22. Затоа што е романтичен 23. Затоа што не пие и пуши 24. Затоа што ме толерира мене каква што сум 25. Затоа што не осетил потреба да пие апчиња за смирување покрај мене 26. Затоа што размислуваме исто, а мислев само јас имам таков мозок. Фала што направи да не сум единствена будала. 27. Затоа што разбира што е пмс. 28. Затоа што не ми нашол замерки, а ги има во големи количини 29. Затоа што ме гушка најубаво на цел свет 30. Затоа што со него ги дознавам значењата на зборот љубов 31. Затоа што ме слуша иако не знам да заќутам 32. Затоа што не ми мрчи што сум за Челзи 33. Затоа што не ми пререче за видеата, за разлика од некој друг 34. Затоа што кога сум со него, сите проблеми ги снемува. Мојата замена за текили со лимон. 35. Затоа што се грижи за мене 36. Затоа што е фин со оние кои ми значат 37. Затоа што тој ме праша дали сакам да сме заедно. 38. Затоа што лека полека се заљубувам во него, слатко мачење 39. Затоа што знам дека си мој и ничиј друг 40. Затоа што чита 41. Затоа што ме прави среќна и задоволна со самата себе 42. Затоа што ми го даде дуксерот, за да нанам со него 43. Затоа што прифати да гледам заедно хорор и ми ја исполни желбата која ја имам од малечко 44. Затоа што ме почитува 45. Затоа што не се буни што се чувам 46. Затоа што покрај него не заслужува да стои друга 47. Затоа што е најудобното перниче 48. Затоа што не се срами да ме гали и искажува чувства пред други 49. Затоа што има медени усни 50. Затоа што е како извајан лично од Микеланџело.
1. затоа што се сакаме 2. ме разбира 3. тој е мојата поддршка 4. не е љубоморен 5. не забранува 6. знае да почитува 7. секогаш знае како да ме насмее 8. ме трпи за се 9. кога сум нервозна само цврто ке ме гушне 10. ми дава поттик за се 11. се грижи за мене 12. ме мази и пази и ред други работи, затоа што тој едноставно е прекрасен во секој поглед
Затоа што ме бацува во рамо. Затоа што се гледам себе си во неговите очи. Затоа што со него можам да молчам повеќе од 2 саати и да не ми биде досадно. Затоа што ја обожавам тежината кога ќе легне врз мене. Затоа што секогаш има нешто ново да ми каже. Затоа што ме бутка во вирчиња и кал. Затоа што ми го флека белиот капут и после ме чисти Затоа што ми прави најубави сендвичи. Затоа што никогаш не ми кажува „те сакам„ ми го покажува тоа. (Неколку причини зошто бев со него)
Иако сум во отворена врска се сакаме многу а никогаш еден на друг тоа не сме си го рекле. Веќе ја имав листата напишано уште пред пола година кога прв пат сватив дека го сакам ( со датум е листата секако) и се надевам дека еден ден кога ќе соберам храброст ќе му ја дадам. Еве дел од мојата листа. ГО САКАМ ЗАТОА ШТО -Ме разбира дури кога и јас самата не се разбирам -Можам да го прашам глупаво прашање без да се почувствувам глупава -Може да облече било што и пак да биде секси -Не се замара што зборат луѓето -Од денот кога дојде во мојот живот се ми стана поубаво -Ми пишува на чат дури и кога игра игри -Сеуште имам пеперутки кога ке го видам -Го сакам неговиот глас преку телефон -Тој е првата работа на која помислувам на сабајле -Секогаш ми попушта на Play Station -Има зелени очи - Не се срами од мене ме запознава со сите негови блиски луѓе - Тој може да комуницира со мене без да зборува -Има неверојатна смисла за хумор -Учи со мене за да ми прави друштво и тогаш кога книга не му се фаќа - Тој е мој најдобар пријател -Има интересно пијанство (секогаш кога е пијан ми ѕвони да ме замара колку му недостигам) - Моите пријатели го сакаат - Се насмевнувам секогаш кога ке помислам на него а кога ке го видам насмевката се зголемува - Се заљубувам неколкупати дневно... секогаш во него - Можам да бидам своја кога сум со него -Најдобар е во Тетрас - Ми посакува среќа секогаш кога ми треба - Гледа романтични комедии, дури и хороскоп чита само за да ми угоди -Сексот со него е ѓаволски добар -Правиме планови за иднината -Секогаш ме погледнува со љубов кога се срамам за нешто, кога ке направам или треснам некоја глупост -Ме сака таква каква што сум -Тој е одговорен цимер -Ме бакнува на чело сонлив и пак продолжува да спие - Се грижи за моето здравје повеке од мене Има уште мнооогу причини се надевам дека кога ке бидеме официјално во врска ке имам уште многу
-Затоа што си мил и прекрасен и се што ми треба -првото нешто кога ќе се разбудиш до мене е да ме бакне во чело - сепак ме гушкаш додека спиеме заедно, иако цело сабајле ќе се жалиш дека те боли грбот -ми дозволуваш да бирам кај ќе јадеме, иако често правам утка - кога е изгор топло, прво нешто што правиш е да ми купиш шишенце вода - купи уште еден џојстик за Play Station за да играме заедно -никогаш не ми дозволуваш да отворам врата сама, ниту пак сама да ја наполнам чашата -ми носиш доручек во кревет -ми велиш дека сум совршена во твоите очи, и посакуваш секој да ме гледа така(само да не пробат да ме украдат) -знам дека ако некој ме повреди ќе ги најдеш и повеќе нема да постојат -ми даваш се што ми треба и многу повеќе -ми го подари најџиновското мече што постои и е високо до моите рамења -треба само да погледам цвеќе и ми велиш: Сакаш цветче? - И секако, најголемиот доказ за твојата љубов поради што те сакам.. Ми го оставаш последното Chicken McNuggets
Иако ова меѓу нас е тазе и сеуште е кревко и нашиот однос треба допрва да се зацврснува и дефинира, сепак ќе одговорам на оваа тема... Со него сум затоа што: - е оригинален и свој дечко - харизматичен - има големо срце - има многу добра душа - вреден е и се што има сам го стекнал, со работа - изживеан и шетан дечко, кој све видел во животот - машкост има во него, не е како некое женствено педерче - дава големо значење на љубовта и верноста - крупните светло плави очи - меката кожа - мирисот на бебе - специфичната боја на гласот - стилот - гурман е како мене - таинственоста - емоциите ги крие длабоко во себе, но ги има... - во одредени моменти знае да биде несмасен и тогаш ми е многу сладок - хемијата која постои меѓу нас - не се замара со луѓето околу него, својот живот го живее - страстните бакнежи и допири (за другото не знам, не сме имале) - неговиот обид да се прави строг, недофатлив и ладен - впрочем и така изгледа однадвор - убавите раце и рамења, од кои не ја тргам ракава - крупна ѕверка е во градов, али не се фали со тоа и не го покажува - специфичното пијанство кое го има, кога не знаеш да го дешифрираш што му е... - убаво ми е со него едноставно... Кога го гушкам мислам дека сум во облаци... Негативностите негови пробувам да ги прифатам и да се адаптирам на нив...Сега за сега ми успева некако, а се надевам и дека во иднина ќе биде така... За него романтичноста, нежноста, слаткоречивоста, компромисот се непознати поими...
мозеби кога најмалку очекуваме Мими, ке ни се појави по еден ваков да ни ги избрише солзите и да не запознае со вистинската љубов полна со разбирање, незност, романтика...
... затоа што кога сум со него сум подобра личност. ... затоа што е последното за кое размислувам пред да си легнам, и првото на кое помислувам кога ќе се разбудам... ... затоа што деновите поминати без него едноставно се празни... ... затоа што живот без него не би бил ист... ... затоа што ме научи дека љубовта не е само збор без значење.. ... затоа што ме научи да давам без да очекувам нешто за возврат.. ... затоа што во овој момент можам да набројам уште милион причини зашто сум со него...
* ми зборува како детенце, се лигави, се тегне, се подмладува. * ме бакнува во уво, така што увото потоа зуе 3 минути. * бакнува нежно, а грубо. * љуби страстно и единствено. * знае што и кога ми треба. * ме скокотка додека не пројавам желба да му удрам бокс. * ме гали по косата, како мајка за утеха. * сака да ме гледа додека се дотерувам и да ми дава предлози. * ми врзува плетенки (поточно чворови ми врзува, ама сеедно, најубави се.) * додека вози ја префрла десната рака преку мене за да ме гушне цврсто. * е најмил кога ќе се збуни зашто ни згаснал автомобилот, жеден за бензин. * со такси брка автобус до пола пат за да стигне да ме види. * ми доаѓа на гости и ми го троши цел џепарлак за да го наполниме фрижидерот и да не мрдаме од дома. * кога ќе ме гушне, по телово ме лазат мравки, бубамари, пчелки и останати видови на инсекти. * кога се лути, затоа што го збрчкува лицето и личи на Гаргамел. * затоа што за мене е синоним за најубав човек, дури и краста да би нафатил. * ја сака мојата музика, ужива во неа, како што нормален човек не би. * знае на глас да се распее и исфрли од себе некоја новокомпонирана песна, базирана на престојните наши збиднувања. * ми пишува песнички во рима само за да ми каже колку ме сака. * ми се јавува само да ми испушти неколку стенкања преку слушалка. * само ние се разбираме што сакаме да кажеме, со безподметоприрочни реченици, сарказам и дебилизам. * во животов немав најдено компатибилна особа за правење на сите глупости. Додека не се појави тој. * само со него можам да застанам на пешачки премин и да се виткам од смеење. * има смисла за хумор еднаква на мојата, само тој ми ги сфаќа шегите без повторување, како и јас неговите. * затоа што мојата насмевка со него доби конечна форма. Непоместлива. * знае да прдне, ем да ги процени мирисните ноти на прдежот. * ми се јавува во 4 после полноќ само затоа што заборавил да ми посака добар сон. * ме праќа во продавница за кога ќе се вратам да најдам подготвен појадок. * му е драго кога ќе прескокнам милување со него, за порција смоки со јогурт. * знае да влезе прв па несвесно да ми ја тресне вратата пред нос. * ги сакам неговите бели влакненца, кои не се резултат на старост туку на среќа. * ги сакам неговите раце, зашто се цврсти, а нежни. * го сакам неговото тело, зашто е оформено по мој вкус. * кога се поти, мириса на свеж босилек. * кога се тушира, го поплавува ВЦ-то. * ми го троши половина гел за туширање за потоа цел да мириса на ванила. * го сакам неговиот нос, зашто е контраст на мојов... личи на црнечко носе, сплескано и широко. * сакам кога ќе се чукнеме со носовите, мојот остар, неговиот сплескан, и јас победувам во борбата. * играме Супер Марио додека не ја најдеме кралицата. * секоја вечер одиме на следно ниво во кревет за да ја најдеме кралицата. * сакам кога легнува врз мене додека спијам, и не се поместува додека не се испотиме и залепиме. * јас сум негова, како и првиот пат. А секој пат е нов. Прв за нешто. * водењето љубов со него е водење љубов, не е обврска, не е мака, љубов е, задоволство е. * денот не ми почнува на арно ако не го слушнам. * со него научив што е живот, забава, нагласување на позитивната енергија. * со него научив што е безрезервна љубов. * ми одговара во секоја смисла, соодветна моја половина е. * е остварување на мојот сон за идеален маж. * е дел од мене, како и јас од него. Додека дише едниот, ќе живее и другиот. * иако ме повреди е единствениот човек кој некогаш сум го сакала. (причини зошто бев со него)
1.Затоа што се рабираме со погледи. 2.Затоа што секое утро правиш најубаво кафе. 3.Затоа што не си воопшто себичен. 4.Затоа што знаеш да ме изнервираш и смириш во 5 минути. 5.Затоа што знаеш кога треба да ме гушнеш и бакнеш. 6.Затоа што твоите бакнежи имаат некоја чудна моќ. 7.Затоа што најнежно и мило ми го бакнуваш грбот, рамењата и остатоток од телото. 8.Затоа што скоро секој ден ми купуваш гумени бонбонки. 9.Затоа што ме трпиш кога сум во ПМС. 10.Затоа што си најубав. 11.Затоа што си силен и покрај тебе се чуствувам сигурна. 12.Затоа што знаеш да ме ислушаш и да ме помогнеш кога тоа ми треба. 13.Затоа што се глупираш само за да ме насмееш. 14.Затоа што ми дозволуваш да те шминкам и лакирам. 15.Затоа што ме трпиш и кога претерувам. 16.Затоа што ми пружаш неизмерна подршка. 17.Затоа што знаеш најубаво со бакнежи и прегратки да ме разбудиш. 18.Затоа што незнаеш да ми кажеш „Не“ или „Неможе“. 19.Затоа што имаш најубави очиња, од кои зрачи љубов. 20.Затоа што милион пати си ми докажал дека ме сакаш. 21.Затоа што секој миг со тебе е уште едно ново прекрасно искуство. 22.Затоа што твојата љубомора секогаш е во границите на нормала. 23.Затоа што имаш најубаво куче. 24.Затоа што ги обожаваш 7-ца и МС. 25.Затоа што не си сељак. 26.Затоа што во кола со тебе сум најсигурна иако возиш брзо. 27.Затоа што имаш одличен вкус за облекување. 28.Затоа што не носиш фармерки со милион патенти, џебови и циркони на нив. 29.Затоа што не носиш рамбовки и кошули со циркони и некои безвезални натписи. 30.Затоа што ќе бидеш најдобар татко. 31.Затоа што за тебе семејството е од непроценлива вредност. 32.Затоа што за најблиските би направил се. 33.Затоа што сакаш кога ме гледаш среќна. 34.Затоа што несакаш кога плачам. 35.Затоа што ме разгалуваш и поише отколку што треба. 36.Затоа што ме почитуваш. 37.Затоа што ги почитуваш моите блиски. 38.Затоа што се будиш кога ќе ме нема во кревет до тебе, а инаку спиеш ко заклан. 39.Затоа што најубаво готвиш. 40.Затоа што не ти е срам да усисаш, готвиш, миеш садови и сл. 41.Затоа што по цела ноќ ме гушкаш и бакнуваш. 42.Затоа што секогаш ми го даваш новиот леб. 43.Затоа што најубаво бакнуваш. 44.Затоа што со тебе немам секс, туку водиме љубов. 45.Затоа што без тебе јас не сум јас. 46.Затоа што покрај тебе не ми е гајле за ништо друго. 47.Затоа што те сакам целиот каков што си, со сите мани и доблести. 48.Затоа што не знаеш да ме лажеш, секогаш те фаќам, многу си проѕирен. 49.Затоа што имам уште милион причини зошто сум со тебе. 50.Затоа што те сакам највише и затоа што засекогаш ќе те сакам.