Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

50 причини зошто сум со него

Дискусија во 'Врски' започната од M.Girl, 1 јули 2010.

  1. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    А мене пак ме фаќа мрза да одам до продавница... :tmi:
     
    На Sejfullai му/ѝ се допаѓа ова.
  2. poi

    poi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Се осеќам баш вљубено после овие точки. Инаку извадок од Црнобело. :inlove:

    - Те сакам затоа што ме правиш да се чувствувам посебно.

    - Те сакам бидејќи ми ја бакнуваш раката како во филмовите.

    - Те сакам затоа што знаеш да ме гушнеш кога ми е тешко и да не зборуваш.

    - Те сакам бидејќи само ти знаеш како да ме насмееш онака вистински, од душа.

    - Те сакам бидејќи не ме расплакуваш и ме заштитуваш.

    [​IMG]
    - Те сакам бидејќи знаеш како да ме возбудиш на начин на кој што го можеш тоа само ти!

    - Те сакам бидејќи ми си најдобар другар, покрај тоа што си ми партнер.

    [​IMG]

    - Те сакам бидејќи ги прифаќаш моите пријатели.

    - Те сакам бидејќи не ми забрануваш.

    - Те сакам бидејќи ме разбираш.

    - Те сакам затоа што знаеш на моменти да ме зграпчиш и да ме притиснеш на sидот, а потоа нежно да ме бакнеш.

    - Ја сакам твојата насмевка!

    - Те сакам бидејќи само ти знаеш како да го милуваш секој милиметар од моето тело, да ме излудиш а потоа да се тргнеш, за уште повеќе да те посакувам.

    - Те сакам бидејќи си различен од другите, посебен, мој.

    - Те сакам бидејќи ми ја знаеш душата.

    - Те сакам бидејќи на моменти ги надополнуваш моите реченици и ме оставаш без зборови.

    [​IMG]

    - Го сакам твојот парфем и стил, чие сеќавање ме мачи во доцните часови кога не си до мене.

    - Те сакам бидејќи само ти можеш да ме налутиш, да си заминам а потоа со нетрпение да очекувам да ти се вратам.

    - Те сакам затоа што спомените со тебе се најнезаборавните, најлудите во мојот живот.

    - Те сакам бидејќи ти си мојата сродна душа.

    - Те сакам затоа што ти ме сакаш! Ете затоа те сакам.
     
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Во 20тите години мислев дека да имаш партнер значи дека некој те сака.
    Запознавајќи го него мислам дека си го променив мислењето,не е сѐ во тоа само некој да те сака.
    Не знам дали се 50 ќе набројам неколку...

    1. Градење доверба почнувајќи од нула
    2. Лојалност
    3. Внимание,целокупното внимание ми го дава секогаш.
    4. Грижа - се грижи за мене,и кога сум болна и кога плачам,и кога ништо не ми е.
    5. Заштита и безбедност му е на прво место.
    6. Внимателен е кога сме надвор,секога ме кара кога преминуваме улица.
    7. Ми помага околу обврските дома.
    8. Манири - кога сме излезени има манири кој секој маж треба да ги поседува пр. облакање палто,повлекување стол,отворање врата...
    8. Мала љубомора - ми ласка.
    9. Таинствен е, не искажува емоции
    10. Заедничко решавање на проблемите
    11. Знае да изненади
    12. Ме разгалува
    13. Има воспитание и култура
    14. Сака да помогне во одредени ситуации.
    15. Сака мачки

    Еве нека се 15 причини за сега.
     
  4. Li-Li

    Li-Li Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    356
    Пол:
    Женски
    На оваа тема за дечко ми јас имав направено едно видео со фотографии и 50 причини зашто сум со него и зашто го сакам. Сега сме 8 години заедно, 1 година во брак и чекаме бебе. :lol::lol:
     
    На Mony18 и honey.11 им се допаѓа ова.
  5. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.167
    Пол:
    Женски
    Година и пол сме заедно и малку би ми биле 50 причини зошто сум со тебе. Ме залепи кога бев скршена и мислев дека не постои никој за мене, кога кренав раце, кога основните вредности во животот ми се пореметија. Порано и ќе бев во врска и ќе меркав згодни некои ликови, сега тоа го нема - совршен си за мене. Би сакала оваа година и пол да се растегне до засекогаш. Те сакам најмил мој.