5Г мрежите се најновата генерација на поврзаност на мобилен интернет, нудејќи многу поголеми брзини и постабилни врски на смарт телефоните и другите уреди, од кога било порано. Со 5Г врската се очекува брзината на симнување податоци од интернет од 1GBps да стане вообичаена норма. Кое е вашето мислење за 5G? Дали мислите дека е штетна за луѓето и животните?
Дали вас како корисници ви треба поголема брзина? За какви цели ви е потребна? Мене за деловни потреби моменталната понуда ми е доволна. Корисничката перспектива ми е многу интересна, дека постојат големи контроверзии околу истата-постојат.
мене не ми треба поголема брзина, задоволна сум со оваа, ама се разбира тоа сум само јас, на многумима им треба или сакаат поголема брзина
Нее само за интернетот, туку полесно контролирање на без пилотните авиони, дронови и роботиката за воени цели. Не сум против да оди напред техниката, но треба да се превземат поголеми безбедносни мерки, да се намали зрачењето. За сега сум против, пошто ние имаме пчели и според аналитичарите штетно им влијае нив аи на луѓето. ЗА СЕГА ПРОТИВ.
Не располагам баш со некои посебни информации, некни гледав некои видеа за штетноста на 5G и засега сум против. Мислам дека брзината сега е сосема во ред, знам дека технологијата оди напред но која цена треба да прифатиме се. Има земји кои се многу повеќе развиени од нас па се против тоа. Нас ни треба развивање во други насоки, 5G моментално не треба да и е приоритет на државата.
Ќе го преземам видеото споделено во другата тема https://forum.femina.mk/threads/Депилација-со-шеќерна-паста.5661/page-86#post-4884236 Интересно видео @DAngel за сурвелианс ли правевме муабет? Ама битно фрижидерот ќе ти купи јајца
Против и ги поддржувам противниците без разлика на нивните аргументи. Зошто би била за, јас од то не профитирам.
Welp, не и фриждерот може да ти нарача јајца преку wi-fi или 4G. Треба поголема брзина за напредок на технологијата автономни возила, паметни градови и слично.
Јас искрено не сум доволно информирана, но интересно е како наеднаш сите станаа експерти за 5G, а половината да ги прашаш што е мрежа ќе се збунат. Па излегуваат теории на заговор, слегување на ѓаволот и не знам уште што
Што се чудиш во светот има таква врста на луѓе, посебно населени на Балканот на другите делови многу помалку кои се експерти за се, такви генијалци се раѓаат еднаш во 100 години во светот а на Балканот на секои 10 часа. И што им е од областа на знаење и што не им е се знаат
Значи секојдневно се среќавам со такви и многу ми се смешни. Неповрзано со темава но еден денес ми објаснуваше дека здраво било да се јади изгорен леб затоа што било исто како активен јаглен од аптека што ќе го купиш. Ми дојде да се пресмеам. Инаку за 5G воглавно се караат и солат памет постари луѓе што воопшто ништо не знаат на таа тема.
Јас поарно да не пишам во темава, имаме лош "track record" со некои од дечкиве. Не сум љубител на теории за заговор. Дека не пратат преку голем дел од паметните машини и IoT, не пратат. Ама ако бирам кој ќе ме прати и како, барем нема да се Наќе Чулев со Филипче, преку пишлива апликација на Манчевски.
А то со надзорот е посебна измама. Луѓето да знаеа дека ќе се под надзор на паметните машини никогаш не ќе ги прифатеа, ама беа прелажани. Сега то секој го знае ама е касно, сите зависиме од интернетот за да се откажиме.... ко пред тоа да немаше живот, смешки....
Темава не беше замислена како дел од теории на заговор, барем јас не ја разбирам како таква. За разлика од таа за 5Г и короната, која е таква. Кога станува збор за следењето, на крајот на денот се ќе заврши кај локалните власти, освен ако не си му од интерес на Трамп на пример, па да те ескалираат повисоко. Експери за 5Г не постојат, затоа што 5Г сеуште не е во функција. Има 5Г реди апарати ама дури нема мрежа ќе си функционираат со 4Г.
Да, ама дали сум сигурна дека апликацијата им е доволно безбедна за да остане само кај локалните власти? Патем, и Германија нема да ја користи локацијата за следење на коронавирусот. Нелегално е и според нивните закони и според законите на ЕУ. И тука сакаа да ги следат оние што се во самоизолација преку локацијата од операторот, на крај одлучија дека е нелегално.
Проблемот е што најголем број од Македонците се информиаат од српските канали на youtube за светски заговори и слични глупости. Не вредат ни соопштенијата од Телеком и владата дека во Македонија воопшто нема 5Г мрежа. А на оние што мислат дека коронавирусот настанал поради 5Г не треба да им се издаваат лекарски уверенја дека се нормални.
Висока фреквенција, се впива во ткивата, што поголема моќност и што поблиску си до трансмитерот, при непречена линиска видливост, толку поштетно е. (И телефонот е трансмитер - многу послаб од базната станица.) Студиите за штетност од зрачењето ги финансираат и контролираат операторите. Тие ќе кажат колку и дека не е штетно. Дозволената моќност на зрачење, ја одредуваат агенциите за електронски комуникации, ако сакаат да го направат нештетно зрачењето, само ја менуваат скалата, во зависност од cost effective сигнал покриеност потребата на операторите, и магично се станува во ред. И цигарите се штетни, па што? Нивната штетност нема да застане на патот на нечија зависност. Нивната штетност нема да застане на патот на нечие богатење. Така и ова, штети, подобро да не не зрачи, ама ќе преживееме, колку-толку, нема одма последици да има. Неизбежно зло е. Нема бегање, тоа е иднината во нашиот свињарник од човечко општество. Еве, нашите нездрави начини на живеење, веќе вродија со плод, во друга област... И не, нема да се пазам до толку, ниту оптерерувам, затоа што таа е животната средина и мора еднаш да се умре. Никој ништо ниту сменил ни ќе смени. Се функционира по линија на помал отпор.
Нема потреба да се навлегува во дебати колку и дали е штетна. Но, дека е апсолутно непотребна стои. Моментално немаме никаква корист од 5G, што ја прави тотално неинвентивна. Освен како футуристичка идеја за утописко технолошки "развиени" општества, друг реално стабилен аргумент за инсталација нема. Брзината за пристап на информации исто така не е доволно добар изговор, бидејќи на просечен пребарувач лаик, 4G му е сосем доволно, а просечни се голем дел од популацијата. За инстанца земете ги изолирани континенти, Африка и Антартикот. Што ќе им нив ваква или било каква мрежа, кога тамошното население воопшто нема пристап до високо технолошки уреди? Тие немаат средства за егзистенција, ама затоа ќе имаат интернет. Тотален апсурд. Друга важна работа која треба да ја знаете бидејќи е потполно легитимна, е фактот дека постојат теории кои тврдат дека овој проект бил планиран многу долго време. Конкретно за ова говори поранешниот наредник на Американската војска - Клифорд Стоун уште раните 90-ти, кој тврди дека една од елементарните функции покрај мрежната покриеност ќе биде и милитаризација и контрола на вселенскиот простор. (Тие негови искази се документирани уште 90-тите, пред идејава да стане actually популарна, слободно пребарајте). Сепак, со оглед на развојот на настаните денес Клифорд се наоѓа на листата конспирацисти, дури и покрај тоа што има точни поенти. Клифорд има истомисленици, генерациски блиски со него кои се согласуваат и имаат слични гледишта. Битниот заклучок е дека постојат неколку страни на приказната, а брзи заклучоци и исмевање не се никако добра идеја.
Не ми се верува како сум ископирала погрешно урл пре некој пост, значи катастрофа Да не испадне дека сум ги помешана печурките - корекција
Луѓе излегоа на протест пред Владата против коронавирусот, вакцините и 5г, еден приведен ВИДЕО: Во Скопје се протестира против 5Г