А бе Миме во ред да не идеме во детали 9700 или 9500! Во ред е за платата се сложувам ќути нешто да се дефинира ама види ја постапката како оди обратно: Прво реклама, па проект, законот уште не е донесен иначе а го рекламираат на велико со онаа рекламата АИРЛИЈА РАБОТА! а замисли законот не е поминат у парламент, ај добро и тоа ќе помине...и најсветлиот момент: ПОЧНУВА ДА ВАЖИ ПО 3 ГОДИНИ за текстилци кожарци и тие индустрии кои се најзагрозени!!! А за кој ќе важи за администрацијата???? Леле мајко! Сакаат да праат не знаат како пустите....колку да се каже демек ете ветивме и остваривме а не гледаат дека со тоа само расипуваат и уриваат и хаос праат. Цунами Влада!
Јас мислев 9700 деке е нема врска на владата му одговара оваа сум кога има овци нека стрижат каде е овде синдикатот да се бори за правата на работниците да се исправи и да се кажи што може да се покрие со оваа плата искрено ги жалам овие луѓе неможам ни да замислам како би се бореле со овие пари да се излезе на крај а не дај боже да се студудираат деца со вие пари па како ајде како? кој ќе ги пополни местата на факултетите што ги отворија не се сбвесни овде дека луѓето на вересија живеат работниците треба да му кажат едно големо БЛАГОДАРАМ за нивната макотрпна борба за оваа минимална плата А за проектоти неговата реклама не коментирам добра реклам аимаат уште добри да беа парите кои ги одредија која и да го спроведат законот за оваа минимална плата сега одма или после нова година маллку е мн.малку
добро бе како мислат лугето да зивеат со 8050 денари? плакање на сметки,храна, облека каква што е скапотија низ цела Македонија, со 30 илјади месечно не мозеш да презивееш а не со 8050
срце не сме ние народ,сложен шо ќе излезе да се буни и да протестира сега на ова.,....сега за ова треба бре маса народ да излезе и да се бунтува,да вика ,да урли ко шо праат во светот па да ни дадат нешто арно и на нас...а не само си трпиме и си викаме ах полошо да не биде,а полошо од ова фајде ,не се видело...на крајно дереџе не донесоа,а ние си ќутиме и стоиме у место и они фала богу нема да сменат ништо на поарно.Само ќе не залажуваат демек што напраиле ја покачиле платата на 8000 ден...срамно е ова за нас....и тоа 8000 ќе биде од 2012 само за буџетарите...а оние фирмине кои и така плати не даваа да се приспособеле грејс период од три години...па викаат газдите тешко ќе им било како ќе се навикнале требало да ги затвараат фирмите...ЕПА ГОСПОДА...ВИЕ ГАЗДИТЕ ,АКО ВИ Е ТЕШКО И МНОГУ ДА ДАВАТЕ ПЛАТА ОД 8000 СМЕШНИ,ТОГАШ ЗАТВОРЕТЕ ГИ ФИРМИТЕ И ОДЕЕТЕ ВИЕ РАБОТЕТЕ НЕКАДЕ ЗА 8000 ПОШТО НЕЛИ И ОНАКА ВИЕ СЕ МНОГУ ТИЕ ПАРИ
Вчера баш на предавање по Макроекономија, професорот мн мн добро се изјасни по прашањево, и мн работи ми станаа јасни... Значи вика минимална плата и одма сите издржување како да се издржува со толку, минимална плата вика не е за тоа и така е... Вика ај да ја одредиме на 20 000, или 15 000, Невработеност плус уште 40%, која од текстилните фабрики ќе остане??? Значи со секое зголемување на нивото на платата се намалува вработеноста, не им се исплаќа на работо давачите... И вели, ние сме една од подобрите земји каде процентот е 39%, голем број на земји имаат проценти со 34-35%... Човек кој што мн добро ја познава економијата, кој ги следи економските текови... Вели ова е чекор напред, до сега немаше ни минимална плата за 4000 работеа, со ова минимално покачување колку ќе се отпуштат а не на повисоко ниво... Јас му верувам... Сепак подобро ја познава економијата од мене и од голем дел од нас...
па зависи во која боја е обоен... а според ова што го кажал а и што ме интересира мене дали газдите ќе издржат.ок...бе нека си ги затворат фирмите и нека одат после они нека работат некаде за плата од 8000 ден може така????
Аје вака, ќе пробам да ви објаснам со бројки. Од 2008 год се водеде Бруто плата, нели носиме МПИН до УЈП пуштаме плата за разлика од порано. Концептот на бруто плата е мин. просечна бруто плата во РМ е 30 349 (значи нето плата + придонеси) а Минимална просечна плата за пресметка на плата е 15 174 ден каде што 10 700ден. е нето плата а остаток придонеси и персонален данок. Со овој концепт на бруто плата заврши веќе минимална плата по гранка на дејност на една фирма. Незнам зошто ги мешаат текстилците и кожарците, затоа што тие се плаќаат од сат. 1 сат си има цена, толку саата толку плата и завршена работа. Е тука синдикатот треба да се бори да се покачи вредноста на 1 саат ефективна работа. Значи Концептот на бруто плата се крши со овој на минимална плата. Со оваа минимална плата сака да каже дека ќе се плаќаат придонеси и персонален данок а тоа дека ќе има повеќе невработувања нема врска. Има илјадници вработени кои работат по Договор на дело а фирма за нив плаќа само персонален данок. И така можат да ги држат до бескрај. Нека воведат Закон да после 1 или 2,3 год Дог. на дело мора да се осигурат работниците- зборам за приватни фирми (знам дека во школство работиш мин. 5 год. или некоја друга државна работа па после можеш да бараш Решение за работа т.е осигурување). И најжалното на крај е дека кога одиш во пензија со таа мин плата на која и се платени придонеси, пензијата е мизерна од 4 500ден. Сите Закони им се речени ама не допишани
Браво бе доста паметно, епа знаеш никој не ги тера со стап нашите жени да работат кај текстилците, кожарите, ако нема работна сила и они нема да седат тука.. Се согласиле да работат за 4 000ки, а сеа за 8 000, охохо... Тоа е дупло... Газдите ќе издржат, ама нема да седат тука.... Никој несака помал профит, само поголем... А интересите на работниците ги штити СИНДИКАТОТ, а не Владата!
По дефиниција синдикатот треба да ги штити правата на работниците. Ама кај нас пошто се е изместено и обратно од нормалното, така е и со синдикатот. И сега сме во ситуација да синдикатот не само што не ги штити правата на работниците, туку е и проделжена рака на Владата. Инаку незнам зошто, ама оваа минимална плата се повеќе ми изгледа како уште една реклама и ништо више. Замислете еј, договорија минимална плата направија милионска реклама ,,Аирлија минимална плата,, а луѓето аир од платата нема да можат да видат до 2015 година . Смешки живи. Инаку во кога сме кај висината, мислам дека е срамота и греота минималната плата да изнесува само 8050 денари. Само за известување во Србија минималната плата е околу 160 евра, во Луксембург околу 1600 евра итн.
Што треба да значи ова "никој не ги тера", знаеш секој си работи според работните способности и квалификации. Сепак и текстилната и кожарската индустрија се од значење за економијата колку и да мизерни во моментов нејзините производствени капацитети. Од овој закон ќар имаат само тие што е и повеќе од заслужено (кој ќе го дочекаат по 3 години ) А синдикалците се друга приказна. Пред ова испаднаа со пресметки дека потрошувачката кошничка за четиричлено семејство би чинела 30.000 денари а сега се согласни на 8.000 кои би требало да се земаат по 3 години. Жално и срамно за оваа категорија луѓе, нивните права се она што е најзапоставено тука, а згора на тоа безсрамно се дебатира дали го заслужуваат ова Со ова темпо на живот и со се поголемите цени на животниот стандард луѓе и со плати од 16.000 едвај го поминуваат месецот и тоа повеќе од скромно. А овие и 8.000 е знак прашалник дали ќе ги дочекаат.
Ги мешаат текстилците бидејќи сите Грци се дојдени тука за ефтина работна рака. Ситетекстилци работат за 100евра плата и таа му ја дава на 3 месеци.НО така ни треба кога сме многу мирни, и кога не знаеме да си го цениме трудот.Нека отвори Гркот конфекција во Грција и нека му дава на тамошните жени толкава плата па да видиме кој ќе му работи. А тука во Македонија некој тоа му го дозволил. Затоа југот е полн со Грчки конфекции.Сите Грци дојдени овде станаа прави газди, со коли,куќи,недвижнини.........
Само да се појаснам, тоа "никој не ги тера" значи дека се изрази Златапеткова да си ги затвореле фирмите, па затоа велам, никој не ги тера, ако не им одговара платата нема да работат така?? Ама пошто немаат излез, и тие пари им значат нив колку и да се мизерни и вредно, чесно и со пот ги заработуваат, мн е лесно некој од страна да каже ах 8 000, нека ги затворат фабриките нека одат, па тек тогаш ќе видиме невработеност и глад, ако тогаш купувале леб со тие до сега 4-5000, тогаш ни тоа нема да можат...
Ајде оро да земем да играме од среќа! wow каква среќа Ако некој мисли дека со 8000 може да се преживее не е добар со паметот! Тоа е премалку па и за чистачка која чесно си ја работи работата па какво и образование и да има! Не сакам ни да помислам колку е најниска плата во другите земји, скоро чув дека во Грчка е 700 евра
lugeto se cudat kako da se prehranat a vlasta majtap si igra toa ti e izvinete za latiniciva no nikako ne uspeav da ja smenam
Најтрагично е тоа што овие 8050ден по 3 години, кога ќе почнат да ги земаат најзагрозените индустрии, ќе имаат вредност на 4-5000ден. Каде е тука напредокот?
Ехехех. Сигурно. Прво нека ги исплатуваат на време платите и пензиите а потоа нека покачуваат. На што личи ова? Некој неможе леб да си купи а тие:Немале пари, не биле пратени чекови чекале да ги пуштат незнам штоо.... Со тие пари тие се гостат и се дебелат во своите канцеларии и не работат ништо. Ајде молимте.