Секаде се покачија платите па некаде дури и насилно. Па и да малку им било цените биле повисоки. А минималната ја покачија ли. Или тие на минималец да не купуваат поефтин леб. Или на диета треба да бидат. Кога ќе има поголема социјална правда? Платите се доволни и беа доволни што ќе им прават на парите? И од друга страна се грижи ли тој што добил покачување на платата како преживува тој со минимална и во какви услови работи колку часа работи итн... Колку персонал се намалил и сл. Или се бориме за покачување на плати во групи. А за другите групи ич не ни е гајле.
Да паѓа ама паѓа и за тој со минималец. А не ќе покачуваме на некој што зема пример 30000 зошто лебот, млекото...биле поскапи. Во општеството треба што поголемо изедначување на парите кои ги имаа луѓето. Па и на правата и привилегиите а не продлабочување на разликите.
. Никој за никого не се грижи, ретки се тие кои имаат емпатија спрема другите. Имам пријателка во маркет, денар плус од 18 000 не се дава, а работа знаеме колку има. И тоа е тоа. Важно администрација нека живее.
Апсолутно се согласувам. Сум пишувала по темиве. И даноците треба да се скалести. Не е ок тој што зема 18.000 да плаќа исто данок, колку тој што зема 180.000
Најголем проблем е што минималната плата расте, а останатите растат недоволно. Еве лично од + 6.000 денари моја плата наспроти минимална, сега е + 700 денари, а еден месец земав и помала, што напишав и на форумот:
Се додека во државава па и во светот ако сакате и пекар и лекар (млекар, продавач, информатичар..) сите работни места не се изедначат платите ништо не правиме. Вака а се зголемила минималната дај одма и во МВР и секаде минималната за 1000 ден пратеничката за 1000 евра. Тоа веќе доаѓа како љубомора. Се зголеми минималната и одма ајдее на сите да ни се зголеми. Срамота.Сите сме луѓе. Сите имаме слични потреби. Тие што тие што земаат 60 илјади пример се попаметни повредни ...од другите со минималец? Помалку ли треба да јадат тие со минималец? Помалку да шетаат? Дел од луѓето со минималец се со високо образование нели. Кога би земале сите слична плата тогаш ќе има и поголеми професионалци нема да се борат да бидат пример доктори заради парите туку со љубов ќе работат нормално ќе земаат и плата. Но да нема толкава голема разлика во парите платата што ја земаме.
И ќе продолжат луѓе да се иселуваат, ние да увезуваме работници за минималец токму поради тие големи разлики во средствата што ги нуди општеството на луѓето. А и сеуште не знаеме да препознаваме квалитети. Барем така мислам.
Сеа ќе ги зголемувале замрзнатите цени на продуктите. Абе кој видел аир од држава? Во еден џеб ти става 2 денари а од другиот ти зема 5.
Како и да е ок што ги замрзнаа ама замрзнати се и за тие со 60, 100 илјади плата и слично. Па после во Македонија најмногу се трошело за храна. Се троши и се фрла тие што имаат фрлаат. А другите со минималец и со социјална помош едвај ги задоволуваат основните потреби.