1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

9 правила за жените за време на Европско првенство во фудбал

Дискусија во 'Насмевка' започната од kamikazus, 2 јуни 2012.

  1. kamikazus

    kamikazus Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    70
    Превземено од www.motika.com.mk

    Правило 1
    Од 8 јуни до 1 јули си должна да ја читаш спортската рубрика во весниците за да знаеш што се случува на Европското првенство и да можеш да се вклучиш во разговорот. Ако не го направиш тоа, немој да се лутиш ако те игнорирам.

    Правило 2
    За време на Европското фудбалско првенство телевизорот ми припаѓа мене. Немој ни да помислиш на далечинскиот управувач. Заборави ги турските сапунски серии.

    Правило 3
    Ако минуваш пред телевизорот за време на натпревар, немам ништо против, но само ако лазиш и ако не ми го одвлекуваш вниманието.


    Правило 4
    За време на натпреварите ќе бидам слеп, глув, нем, освен во случаите кога ќе треба да си ја наполнам чашата или да каснам нешто.

    Правило 5
    Ќе биде многу мудро од твоја страна да чуваш во ладилникот барем 10 пива. И те молам не прави гримаси кога доаѓаат пријатели да гледаме заедно.

    Правило 6
    Ако видиш дека сум нервозен затоа што мојот тим губи ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ не вели "ова е само игра", "не се нервирај" или "следниот пат ќе победат".

    Правило 7
    Можеш да седиш со мене и да гледаш натпревар, може на полувремето и да зборуваш со мене, но само ако сум задоволен од резултатот од првото полувреме.

    Правило 8
    Кажи им на твоите пријателки да не организираат разни прослави бидејќи: НЕМА ДА ОДАМ. Ако пријател ме покани и ако неговиот телевизор е поголем од нашиот, ќе одиме задолжително.

    Правило 9 И последното, те молам воздржи се од изјави од типот "Добро е што нема секоја година европско првенство во фудбал", бидејќи потоа ќе има Лига на Шампиони, шампионатот на Италија, Шпанија итн.

    И оригиналниот линк...

    http://motika.com.mk/index.php?option=c ... &Itemid=55


    Па дами, ајде да слушнам ваше мислење за ова... :)
     
    На renne му/ѝ се допаѓа ова.
  2. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    За време на Европското фудбалско првенство телевизорот ми припаѓа мене. Немој ни да помислиш на далечинскиот управувач. Заборави ги турските сапунски серии.

    Веќе сносам последици. Само што не се турски, туку американски серии кои порано заедно ги гледавме :D
     
  3. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.215
    Пол:
    Женски
    А уште да се најде некој паметен маж па да и го соопшти ова на жената :lol: Мислам и да помине без ќотек :D