Сакате затегнато тело без вежбање? Пробајте ја оваа облога од ѓумбир! Со консумирање на ѓумбирот ќе го забрзате метаболизмот, а со самото тоа ќе го изгубите и вишокот на килограми. Сличен ефект има и облогата за телото приготвена со ѓумбир. Дознајте како се прави и начинот за нејзино применување. Што ви е потребно: Лажица ѓумбир во прав (или рендан, свеж) Неколку лажици лосион за тело Проѕирна фолија пешкир еластичен завој Постапка: Пешкирот замотајте го во потопла вода, па замотајте го делот од телото кој сакате да го третирате со облогата. Оставете неколку минути за да се отворат порите на кожата. По потреба повторете ја оваа постапка уште еднаш. Измешајте ѓумбир и лосион за тело па на саканото место намачкајте подебел слој од оваа мешавина. Потоа замотајте се неколку пати со проѕирна фолија. Преку фолијата ставете еластичен (или обичен) завој. Не се стегајте премногу, треба да ви биде пријатно. Оставете да делува 4 часа, а ако не ви претставува проблем и цела ноќ. Во почетокот можете да почувствувате пецкање. Не се грижете, бидејќи тоа е знак дека маската делува. Оваа облога е добра, бидејќи ѓумбирот ги намалува натрупаните масти во телото. Напоменуваме дека резултатите се уште подобри доколку сте упорни, правилно се исхранувате и редовно вежбате. Исто така, со додавање на ѓумбирот во секојдневната исхрана, ќе го засилите делувањето на оваа облога, па ќе намалите повеќе центиметри во обемот на стомакот. Напомена: Имајте во предвид дека резултатите ќе варираат од лице до лице. Сантиметрите кои ќе ги изгубите зависат од вашиот метаболизам, физичката активност и исхраната. А еве што можеш да конзумираш Сите кои некогаш се обиделе знаат колкав напор е потребен како би имале тело од соништата. Често се случува секојдневната рутина во нашите живот да направи добрите навики кои сме ги имале да исчезнат. Слабо се храните, прескокнувате вежбање и за кратко добивате стомак. Очигледно диетата комбинирана со вежбање е вистинско решение, но никој не може да ве обвинува затоа што сакате брзи резултати кои бараат помал напор. Направена од состојки кои лесно ќе ги набавите, оваа природна напивка може да го намали вашето сало на стомакот за само седум дена. Магичната состојка е токму бананата. Бананите не само што помагаат при детоксикација – кога се комбинираат со ленено семе, можат да ви го намалат стомакот. Состојки: 1 банана 1 портокал 1/2 шолја јогурт со низок процент на масти 1 лажица кокосово масло малку ѓумбир 2 лажици ленено семе 2 лажици сурутка во прав Докажано најефикасен напиток за топење масни наслаги Состојки 1 лажичка рендан корен од ѓумбир 1 краставица 1 лимон 12 ливчиња нане Постапка Излупете ја краставицата и исецкајте ја на тенки парчиња. Лимонот исецкајте го на тенки резанки. Во длабок бокал додадете 8 чаши вода. Во водата додадете ги сите состојки. Оставете го вака приготвениот пијалок да одстои цела ноќ. Пијалокот се конзумира цел следниот ден. Има пријатен вкус и делува освежувачки. Неговата комбинација на состојки ќе придонесат да добиете рамен стомак без гладување.
Колку пати пример да се замотаме, сигурно ова и за целутит е добро. Каков завој, нели може во хеланки да се облечеме после ? Инаку ова со банатата се прави смеса и се јаде ли ? Јас сега сум на диета, ама може ова првото да го пробам. И колку лажици лосион или зависно да има да се намачкаме каде сакаме. А ова со гумбирот исто ќе го пробам, во моментов имам само во прав ама неможам да го смислам. Имам отворено леново мелено и немелено, чиа семе и ништо не јадам/пијам од тоа.
Ке се замоташ 2-3 пати со завојот ( најобичен) а можеш секако и со хеланки или мидер повисок до под гради, а со фолија е 1 доволно. Напитокот е всушност смеса, а ако имаш блендер ке си завршиш работа. Можеш да си доставиш вода. бананата заситува многу Лосионот зависно од обемот, ама не верувам дека повеке од 20 мл ке ти треба, а и тоа ми е како многу. За останатово што ти стои отворено а не го јадеш ке се караме Е сега ако само сакаш да ослабеш ова ти е ок, ама ако сакаш да го затегнеш телото, немој сево ова повеке од 2 недели, дека и мускул нема да ти остане ( народски кажано)
Хаха оти бе мускул ќе немам, значи ептен ефикасно топи сало 300 на саат, а после и мускули топи Епа ај ќе почнам да го јадам тоа. Незнам дали е дозволено чиа семето во 20 дневната диета, ама леновото барем. Сега сум замотана во фолија со павловичева маст и хеланките Имам блендер да.Блендер врати како беше ова Утре ќе се мотам во лосион било каков и гумбир.
http://forum.femina.mk/threads/Свекрвите-и-снаите-–-проблеми.207/page-551 baby-star прва спомна мислам.
@okcenzi , да , дојам, и затоа воден и овошен не држев. Исто место две овошки за појадок си јадев колку сакам и какво сакам овошје , некогаш пред ручекот и едно ѓеврече си јадев, кафиња со шеќер и млеко , и резултати трајни има. На доењето нема негативен ефект. Баш после првиот пораѓај по препорака на нутриционист како најделотвотна и најздрава ја држев 90 дена плус понатаму овошје наутро, и тогаш без воден ден само, ја почнав кога бебуш ми беше 7-8 месеци а ефектот се покажа после 6 месеци кога нагло во рок од две недели се стопив и дојдов до салдо -30 кила.
4:00 ручек стек 150 гр. пола свежа пиперка, еден домат вечера 10:00 200 гр.стек може и повеќе да беше, овојпат на тостер го печев, 1 пиперка печена на тостер сетоа тоа без масло, и пола свежа пиперка. во 8 пиев нес кафе, и денес слабо со вода и чај, немам ни 1 кг испиено. сварив за утре со сушен магдонос ставив 5 лажици, во уста не се става. а лимони немам. ќе чекам утре. имам друг чај уште недопиен и испив 300 гр.чај од брусница. Давајте подршка, снемувам мотивација за диетава. Утре треба на телешко, ама пак пилешко ќе јадам. Искрено се прејадов сега.
Јас денес си го утнав цел ден, ни вебање ни исхрана, ама па цел ден со гости. Утре пак ке утнам знам пошто утре јас сум по гости и нема да можам да прибирам, па веке пак веке во четврток ке започнам. Аххххххххх
Денес втор ден од диетата на ирена доручек: варен ѓеврек и едно чоколатце ручек 3 ќовтина без леб вечера две варени јајца и вежби од jen selter а што да јадам утре за ручек во школо?
1 лажица ѓумбир, а 4-5 лосион одприлика. Винтер заборавив мила да ти пишам, се слушнавме на тел,, неделно по 2,5-3 цм во обем. На почеток можно е да излегува како црно собрано од кожата, влада мртви клетки, а и црвенилото да не те плаши. Првите денови се намалува повеке. Јас немам вежбано неколку дена, веке главата не знам кај ми е.
Не знам душо, види Винтер нека одговори, дека јас таман се решив да започнам, се нешто ми излегува. Не знам, ама мислам подобро би бил свеж. И кажав на Винтер, овој рецепт ми го препрати колешка, а таа е задоволна, зошто ептен салце имаше на стомакот. Ја немам видено скоро па да ви кажам.
Ова за лосионов и ѓумбирот како ми треба на стомакот уффф само да е делотворно ако треба и цела ок ке си спијам со фолија а за исхрана хмм некој си режим мој терам само овошје и зеленчук некој ден па да се мерам дали симнувам нешто сега за сега е ок @okcenzi @Winter Lady чекам резултати првични од ова