Стално ја ѕиркам темава и секогаш кога ќе сакам да пишам нешто, заборавам 9GAG е поим за современиот цинизам, сарказам, иронија, глупост на човештвото сето тоа стокмено во вакви мали меме - карактери, смешни (не)логики на живеење и развој на нашата (не)совест. Мислам дека цела една феноменологија може да се направи од овие нивни постови. Ги ценам како страница и воопшто, луѓето допринесуваат дополнително да расте нивниот збир на смешки. Дневна доза ми се и извор на куп вистини за тоа каков свет е околу нас. Си се пронаоѓам во многу од нив, сум пронашла многу од другите во нив, сум се смеела ко луда до 4 сабајле на одредени стрип - постови... 9GAG FTW!