Актуелни политички настани Си кажав ја убаво дека на Грујо Хитлер му е идол Кој не му одговара сечи пали затварај Диктатура невидена Кај претседателот на Уставен ќе го мења ,па мора човекот што да прави сите закони му паѓаат на Уставен ,и сеа нели тој претседателот српски шпион бил..Мижи асан да те баам ..Сега и почна по телевизииве да упаѓа...епа и тоа мора..кога зборат против него ,еден добар збор за премиерот и владата да не се кажело се против него ццц !
Актуелни политички настани Ужас, за упадов во А1, немам зборови Демократија, ахам да, важи! Патем, не знам зошто ама некако песнава ми се врти во глава... http://www.youtube.com/watch?v=ZMUfewUmzIU
Актуелни политички настани Oва пишува на страната на а1. А1 Телевизија е под полициска опсада Коментари (0) 25.11.2010 18:56 А1 Телевизија е под полициска опсада. Група од 30-тина полицајци со неколку полициски возила и џипови, доцна попладнево ја блокираа А1 Телевизија и не дозволуваат внатре никој да влезе ниту да излезе. Без објаснување и без покажан налог, спротивни на сите закони, сите новинари на А1 Телевизија и снимателите, се оневозможени да работат и забранета им е слободата на движење. Припадниците на полицијата се сеуште пред вратата на А1 Телевизија. Останете со нас, во текот на Вестите и вечерта. Постојано ќе ве известуваме што се случува пред и во кругот на телевизијата. Засега никој од официјалните лица не објаснува зошто А1 Телевизија се држи под полициска опсада и зошто не се дозволува влез и излез од Телевизијата. По повеќемесечните обиди за замолчување на А1 Телевизијата, денешниот упад без објаснување на униформираните полициски сили, го оценуваме за скандал од невидени размери за кој ќе бидат информирани странските амбасади во земјава и претставниците на Европската комисија. Полицијата се уште стои пред А1 Телевизија. Повеќе од еден час има вистинска полициска опсада. Полицијата ја затвори вратата. На секој што влегува и на секој што излегува уште што не е претресен. Бараат евидентирање, без објаснување зошто и како. Велат така ни кажаа претпоставените. На прашањето кои се претпоставените тие ги креваат рамениците. Гостин во Вестите на А1 Телевизија е главниот и одговорен уредник, Младен Чадиковски. Господине Чадиковски вистинска полициска опсада повеќе од еден час? - И јас не знам што се случува. Колку што и вие знаете, толку знам и јас. А1 повеќе во моментов наликува на мини воена база во која што не би можело ни врапче да прелета без да се легитимира. - Меѓутоа она што сакам да го кажам е дека слободата на движење на новинарите А1 и на вработените во А1 не смее да им биде ускратена. - Не знам зошто тоа се прави. Кое е објаснувањето на полицијата? - Не ни покажаа налог дека треба да ни ја затворат капијата. Ни ја затворија капијата, се обидоа да ни побараат лични карти за да отидеме до колите за да си земеме тоа што ни треба. Јас не си ја носев личната карта и не можев да излезам, така што не знам што се случува. - Оваа ситуација трае повеќе од еден час. Ова го толкувам како еден силен притисок врз нас новинарите и врз А1 Телевизија, која што е единствен медиумски телевизиски демократски столб во моментов. Дали ја контактиравте министерката за внатрешни Јанкуловска, за да објасни што се случува? - Не. Јас ја повикувам министерката Јанкуловска да дојде овде и да ни објасни. Во А1 работат околу 200 луѓе. Ние сакаме да знаеме што се случува и зошто ни е ускратена слободата на движење. - За оваа ситуација ќе ги информираме меѓународните институции. Ова вака не може да остане. Во исто време ја повикуваме сета демократска јавност да застане зад нас, бидејќи во вакви услови не може да се работи. Ова е еден невиден притисок кој што се случува и не би сакале на овој начин да продолжи.
Актуелни политички настани Зошто никој нема г'з да излезе и да каже зошто е цела оваа бламажа??? Ова ли е демократска држава??? Ова е почеток на фашизам! Срамота! Срам ми е што живеам во оваа држава!!!
Актуелни политички настани Се јавуваат и кај Груевски и кај Ѓорѓе иванов, никој несака да зборува. Мене искрено, ми мириса на предвремени избори
Актуелни политички настани ха ха ха па нормално дека нема да објаснат а што ке кажат:Лошо зборувате за нас и веќе а1 нема да постои офф мори мајко убаво кажа некој погоре на груевски идол му е хитлер кој не е со него бел ден нема да види и што ако држат под опсада и тие не знаат што со тоа ем шути ем бодат ама убаво рекле старите нападот е најдобра одбрана
Актуелни политички настани Се е засмрдено бе... катастрофа... Им се јауваат на министерката, на премиерот, на претседателот... Неме да биде лошо да се исконтактираат и со Рамковски, да го слушнеме и неговото гледање на проблемот! Како и да е....и мене ми смрди на предвремени избори,само се прашувам дали сеуште ќе не има будали што ќе излезат да гласат! Кому да си го дадеме гласот???
Актуелни политички настани Знам, го бараа Хорхе за да каже дефиниција за ДЕМОКРАТИЈА! Да не е тажно, би било смешно...
Актуелни политички настани Премала сум за да коментирам за ова и да отварам теми али неможам да трпам недемократија... Не ми е јасно што изгласаа граѓаните... Паднаа под нозете на господин Груевски и Иванов за само неколку илјадници денари...Тие пари ќе ги истрошат за 1-2 месеци а што ќе правиме во наредните 4 години ?? ...Ќе страдаме поради некои несовесни луѓе,ке просиме пред ШМИЗЛИТЕ ВО СКОПЈЕ,ЛАВОВИТЕ ... хах...Ова вака нема да може да продолжи.... Треба да има предвремени избори и ова веќе еднаш да се реши зошто вака нема да стигнеме до никаде...
Актуелни политички настани лелеле дечкиии видете А1 одма сиротите новинарки ги испотепаа леле ми се плаче... КАКВА НИ СТАНА ДРЖАВАТА? КАКО НИ ПРЕНЕСУВААТ КАКО ТРЕБА ДА СЕ ГРИЖИМЕ ЗА НЕА? лелел ми се плаче за новинарките...амаанан
Актуелни политички настани Пинк молим те само немој да плачеш. Повеќе ми е жал за деца што плачат, е тоа веќе не можам да го поднесам
Актуелни политички настани Баба Ванѓа го предвиди почетокот на третата светска војна во ноември 2010, да не ќе почне во Македонија ексклузивно пред А1?
Актуелни политички настани Ги истепаа? Сериозно? Не видов Мене ми се чини дека новинарките само галама креваа,за да изгледа уште потрагично од тоа што е! Срамота невидена... како ли ќе заврши натстанов,и кога ќе заврши!
Актуелни политички настани Ма не ги истепаа така се дерат сами, толпата ги туркасе, полицијата мирно стое..Сироти гревче ми се..Ама ни е отидена дрзавата ооххх од тоа ми се плаче...
Актуелни политички настани ^^ Како не ги истепале. Сами вриштеа, сами се удираа од полицајциве, овие си стоеја и со раце не им дозволуваа да влезат. Не велат дека не се криви полицајците што не ги пуштија новинарките на своите работни места. Ама тепање??? Ма нееееее. Само фама кренаа новинаркиве. Немаше ни Т од тепање.
Актуелни политички настани Абе за некои знаевме дека се официјално удрени и нетамам со мозокот,ама овие изненадија,мора да признаам. Сакам трета,паметна опција.Ама народот е виновен,сега тријат рачиња сдсм-овчињата,охо хо,ете ни ги петте минути,ќе лапаме парички и се така во круг. Сакам нормален народ што не се интересира за политика,вреден народ,а не како овој од мрза што ја доведе до ова државата.Од мрза и неспособност,биди во партија ќе имаш леб,а не учење,унапредување,свесен и совесен.Секој копач,политичар стана,секој граѓанин има политички интереси.Нормално ли е ова?!Сами сме си криви. Секој идиот,неспособен,лесно манипулативен стана полицаец,Македонија полициска држава. Пљук! Да го скршиш уставот е мангупски потег. Ама чекам официјален извештај,ама и онака си мислам,сител гледам нешто дур трае Ѓумуш ленти почнаа да пуштаат...а ако е тоа точно,зошто ја опструираат телевизијата?!Зошто не го пуштаат народот и новинарите?!УЈП работат и навечер,финансиските органи на Хедис и А1 работат у 9 вечер?!