1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

A1 телевизија под полициска опсада

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Offspring, 25 ноември 2010.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
  2. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Актуелни политички настани

    Си кажав ја убаво дека на Грујо Хитлер му е идол :D Кој не му одговара сечи пали затварај ]:) Диктатура невидена :^) Кај претседателот на Уставен ќе го мења ,па мора човекот што да прави сите закони му паѓаат на Уставен ,и сеа нели тој претседателот српски шпион бил..Мижи асан да те баам |( ..Сега и почна по телевизииве да упаѓа...епа и тоа мора..кога зборат против него ,еден добар збор за премиерот и владата да не се кажело се против него ццц ! :!:
    :D
     
    На bilmil му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Актуелни политички настани

    Ужас, за упадов во А1, немам зборови :x
    Демократија, ахам да, важи!

    Патем, не знам зошто ама некако песнава ми се врти во глава...

    http://www.youtube.com/watch?v=ZMUfewUmzIU
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Актуелни политички настани

    Oва пишува на страната на а1.

    А1 Телевизија е под полициска опсада
    Коментари (0)
    25.11.2010 18:56



    А1 Телевизија е под полициска опсада. Група од 30-тина полицајци со неколку полициски возила и џипови, доцна попладнево ја блокираа А1 Телевизија и не дозволуваат внатре никој да влезе ниту да излезе.

    Без објаснување и без покажан налог, спротивни на сите закони, сите новинари на А1 Телевизија и снимателите, се оневозможени да работат и забранета им е слободата на движење.

    Припадниците на полицијата се сеуште пред вратата на А1 Телевизија. Останете со нас, во текот на Вестите и вечерта. Постојано ќе ве известуваме што се случува пред и во кругот на телевизијата.

    Засега никој од официјалните лица не објаснува зошто А1 Телевизија се држи под полициска опсада и зошто не се дозволува влез и излез од Телевизијата.

    По повеќемесечните обиди за замолчување на А1 Телевизијата, денешниот упад без објаснување на униформираните полициски сили, го оценуваме за скандал од невидени размери за кој ќе бидат информирани странските амбасади во земјава и претставниците на Европската комисија.

    Полицијата се уште стои пред А1 Телевизија. Повеќе од еден час има вистинска полициска опсада. Полицијата ја затвори вратата. На секој што влегува и на секој што излегува уште што не е претресен.

    Бараат евидентирање, без објаснување зошто и како. Велат така ни кажаа претпоставените. На прашањето кои се претпоставените тие ги креваат рамениците.

    Гостин во Вестите на А1 Телевизија е главниот и одговорен уредник, Младен Чадиковски.

    Господине Чадиковски вистинска полициска опсада повеќе од еден час?

    - И јас не знам што се случува. Колку што и вие знаете, толку знам и јас. А1 повеќе во моментов наликува на мини воена база во која што не би можело ни врапче да прелета без да се легитимира.

    - Меѓутоа она што сакам да го кажам е дека слободата на движење на новинарите А1 и на вработените во А1 не смее да им биде ускратена.

    - Не знам зошто тоа се прави.

    Кое е објаснувањето на полицијата?

    - Не ни покажаа налог дека треба да ни ја затворат капијата. Ни ја затворија капијата, се обидоа да ни побараат лични карти за да отидеме до колите за да си земеме тоа што ни треба. Јас не си ја носев личната карта и не можев да излезам, така што не знам што се случува.

    - Оваа ситуација трае повеќе од еден час. Ова го толкувам како еден силен притисок врз нас новинарите и врз А1 Телевизија, која што е единствен медиумски телевизиски демократски столб во моментов.

    Дали ја контактиравте министерката за внатрешни Јанкуловска, за да објасни што се случува?

    - Не. Јас ја повикувам министерката Јанкуловска да дојде овде и да ни објасни. Во А1 работат околу 200 луѓе. Ние сакаме да знаеме што се случува и зошто ни е ускратена слободата на движење.

    - За оваа ситуација ќе ги информираме меѓународните институции. Ова вака не може да остане. Во исто време ја повикуваме сета демократска јавност да застане зад нас, бидејќи во вакви услови не може да се работи. Ова е еден невиден притисок кој што се случува и не би сакале на овој начин да продолжи.
     
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Актуелни политички настани

    Јанкуловска ја нема пред А1 ! Сигурно си ги депилира мустаќите :!:
     
    На EnnieFabulous, bona, bilmil и 8 други им се допаѓа ова.
  6. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Актуелни политички настани

    Зошто никој нема г'з да излезе и да каже зошто е цела оваа бламажа??? Ова ли е демократска држава??? Ова е почеток на фашизам! Срамота! Срам ми е што живеам во оваа држава!!!
     
    На bilmil му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Актуелни политички настани

    Се јавуваат и кај Груевски и кај Ѓорѓе иванов, никој несака да зборува. :D Мене искрено, ми мириса на предвремени избори 8)
     
  8. natalina

    natalina Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    5
    Актуелни политички настани

    ха ха ха па нормално дека нема да објаснат а што ке кажат:Лошо зборувате за нас и веќе а1 нема да постои офф мори мајко убаво кажа некој погоре на груевски идол му е хитлер кој не е со него бел ден нема да види и што ако држат под опсада и тие не знаат што со тоа ем шути ем бодат ама убаво рекле старите нападот е најдобра одбрана :fubar:
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Актуелни политички настани

    Се е засмрдено бе... катастрофа...
    Им се јауваат на министерката, на премиерот, на претседателот... Неме да биде лошо да се исконтактираат и со Рамковски, да го слушнеме и неговото гледање на проблемот!
    Како и да е....и мене ми смрди на предвремени избори,само се прашувам дали сеуште ќе не има будали што ќе излезат да гласат! Кому да си го дадеме гласот???
     
  10. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Актуелни политички настани

    Знам, го бараа Хорхе за да каже дефиниција за ДЕМОКРАТИЈА! :D Да не е тажно, би било смешно...
     
  11. natalina

    natalina Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    5
    Актуелни политички настани


    Будали што ќе гласаат имало и ќе има само што заради нив сите ќе трпиме :fubar:
     
  12. tamy

    tamy Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    3
    Актуелни политички настани

    Премала сум за да коментирам за ова и да отварам теми али неможам да трпам недемократија...
    Не ми е јасно што изгласаа граѓаните...
    Паднаа под нозете на господин Груевски и Иванов за само неколку илјадници денари...Тие пари ќе ги истрошат за 1-2 месеци а што ќе правиме во наредните 4 години ?? ...Ќе страдаме поради некои несовесни луѓе,ке просиме пред ШМИЗЛИТЕ ВО СКОПЈЕ,ЛАВОВИТЕ ... хах...Ова вака нема да може да продолжи....
    Треба да има предвремени избори и ова веќе еднаш да се реши зошто вака нема да стигнеме до никаде...
     
  13. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Актуелни политички настани

    лелеле дечкиии видете А1 одма
    сиротите новинарки ги испотепаа
    леле ми се плаче...

    КАКВА НИ СТАНА ДРЖАВАТА?
    КАКО НИ ПРЕНЕСУВААТ КАКО ТРЕБА ДА СЕ ГРИЖИМЕ ЗА НЕА? :sweat: :sweat:

    лелел ми се плаче за новинарките...амаанан ;( ;( ;( ;(
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.750
    Допаѓања:
    65.206
    Пол:
    Женски
    Актуелни политички настани

    Пинк молим те само немој да плачеш. Повеќе ми е жал за деца што плачат, е тоа веќе не можам да го поднесам ;( ;(
     
    На Mygirl, 2468 и sesilija им се допаѓа ова.
  15. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Актуелни политички настани

    Што се случи со новинаркиве?
    Како ги истепаа??
    Страшно..
     
  16. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Актуелни политички настани

    Баба Ванѓа го предвиди почетокот на третата светска војна во ноември 2010, да не ќе почне во Македонија ексклузивно пред А1? :)
     
    На bilmil и mysterious им се допаѓа ова.
  17. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Актуелни политички настани

    Ги истепаа? Сериозно? Не видов :o
    Мене ми се чини дека новинарките само галама креваа,за да изгледа уште потрагично од тоа што е!
    Срамота невидена... како ли ќе заврши натстанов,и кога ќе заврши!
     
    На Stam и viku им се допаѓа ова.
  18. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Актуелни политички настани

    Ма не ги истепаа така се дерат сами, толпата ги туркасе, полицијата мирно стое..Сироти гревче ми се..Ама ни е отидена дрзавата ооххх од тоа ми се плаче...
     
  19. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Актуелни политички настани

    ^^

    Како не ги истепале. Сами вриштеа, сами се удираа од полицајциве, овие си стоеја и со раце не им дозволуваа да влезат. Не велат дека не се криви полицајците што не ги пуштија новинарките на своите работни места. Ама тепање??? Ма нееееее. Само фама кренаа новинаркиве. Немаше ни Т од тепање.
     
    На EnnieFabulous, Stam, Shila89 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.097
    Актуелни политички настани

    Абе за некои знаевме дека се официјално удрени и нетамам со мозокот,ама овие изненадија,мора да признаам.
    Сакам трета,паметна опција.Ама народот е виновен,сега тријат рачиња сдсм-овчињата,охо хо,ете ни ги петте минути,ќе лапаме парички и се така во круг.
    Сакам нормален народ што не се интересира за политика,вреден народ,а не како овој од мрза што ја доведе до ова државата.Од мрза и неспособност,биди во партија ќе имаш леб,а не учење,унапредување,свесен и совесен.Секој копач,политичар стана,секој граѓанин има политички интереси.Нормално ли е ова?!Сами сме си криви.
    Секој идиот,неспособен,лесно манипулативен стана полицаец,Македонија полициска држава.
    Пљук!
    Да го скршиш уставот е мангупски потег.
    Ама чекам официјален извештај,ама и онака си мислам,сител гледам нешто дур трае Ѓумуш ленти почнаа да пуштаат...а ако е тоа точно,зошто ја опструираат телевизијата?!Зошто не го пуштаат народот и новинарите?!УЈП работат и навечер,финансиските органи на Хедис и А1 работат у 9 вечер?!
     
    На EnnieFabulous, nesa, LivingGlam и 3 други им се допаѓа ова.