Не сум партиски определена но ова вчерашното беше циркус од двете страни. По се изгледа тагата на политичарите за својата земја може да се опише во три збора ме боли ***** за неа .Ми треба власт и само власт , да живеам јас , а народот овци кој стигна ги шиша ....Редат се редат се едни исти ....
Само едно можам да кажам. Има причина што полиција стоеше на влезовите, не е тоа дека на Груевски или на некој друг само така му текнало. За се си има причина. Толку од мене. Повеќе ќе си дознаете од вестите.
да да, многу јасно, нека стои тоа и е работа, ама не да тепа по луѓе.... тоа е веќе претеризам! ама јас не знам зашто пукна ова со А1 и грујо? поради тие сминките пред 2 месеца? и бтв што тој мијалков? што напраил? не сум баш во тек со ова!
Цело време зборувате како од А1 им вртеле на Јанкуловска и на Груевски, добро бе луѓе не го слушнавте Котевски кога се јави и кога рече дека немал ниеден пропуштен повик, ама бидејки тој ги знаел броевите на А1 се јавил, па ете можеби тоа е, можеби и не вртат баш на Груевски и на Јанкуловска и уште нешто ке дојдадам најмногу ми беше смешно што една со црвена блуза(незнам како се викаше, ама важно од СДСМ беше) изјави како еден од полицајците ја удрил во стомакот и како таа се задишала, толку се преметуваше дека лаже, што и човек со врзани очи би препознал. Како бе така, требало вистински да ја удрат па да почуствува како е, а не таа направила флизура, се нацрвила црвен кармин, како така не и се растурила флизурата во гужвата. Се едно тие си направија филм. Тие што се за СДСМ секогаш ке сметаат дека тие се во право, оние што се за ВМРО ке гледат од нивна страна и се така ке си се повторува. Колку и да сакаш да кажеш како е секогаш ке постои друга приказна. Најжално е тоа што на народот главата му е препуна, народот е зашеметен веќе, од немајкаде ке се исели од државата, а Грујо и Бранко нема ни да забележат. Срамота за државата наша, еден голем срам, се покажа културата на Македончето.
Дали си ги плаќате сите давачки на државава? И дали би и простила на државата која од тебе наплаќа данок, а од некој не? п.с. Независноста е најдобра, нема замена за тоа, браво и само напред!
Значи убаво се гледаше и на ТВ како што видов јас, додека оние се туркаа, жени, мажи, не ја почитуваа работата на полицијата, им попречуваа во нивната работа, во ниту еден момент полицаец не крена рака, палка т.е не употреби никакви средства за присилба. Проблемот е што оваа телевизија сама си направи скандал, од мравка направија слон! И демек као сега они се навредени и повредени ?!? А бе ај, се нервирам кога некој си ја треска галвата од ѕид. Плус вчера ко за беља отидов на работа, и затоа сумб упатенаа за се
Причината е еден од најмоќните луѓе во Македонија, а тоа е Мијалков. Истиот ден А1 обелоденија работи за него што предходно не се знаеја. Дека има незнам колку богатство за кое никој незнае и дека има двојно државјанство (чешко) за да може да купува имот низ државите од Европска Унија. Затоа полицијата не сакаше да зборува. Ако зборне ќе летне од работа.
Блонд претпоставувам работиш во државна институција... Нели е чудно тоа што веќе кога настана скандал полицајците сеуште беа таму и како капак уште повеќе изнадојдоа...Зошто кога веќе немаа работа со УЈП таму и кога видоа демек паничарат овие,не си заминаа?!Немаше проблем таму,никој со никого не се тепаше,не се направи мешаница од друга причина,туку заради нивното присуство.Ем побрзо,ем побезболно ќе се завршеше работата. Него кој од каде леб јаде...реков за 18 000 ли?! Гледајте низ призма на демократија,неполитички и непартиски. СДСМ ја опељуши државава кога најмногу требаше да ја зацврсти,остави празнини во темелите,овие очигледно дотолчуваат и тоа бетер.Те гледа во очи и те лаже.
Не е работата дали се СДСМ во право или не се во право , работата е што не сваќате што прави Груевски И нормално дека сега СДСМ ќе гледаат ова во нивна полза да искочи и ќе го допунпуваат ама како би можеле ако Груевски не би го направил?? И како бе тоа сите ама баш сите се здружија против Вмро да се чудиш..И СДСМовци и неСдсмовци и новинари и синдикати и ЕУ и пратеници и сите?а овие невини фини..у п.м. И нели други фирми прегледувале ,па зашо тогаш А1 го спречувале да функционира??Што вика Фрчковски ,не бе они немале појма дека А1 е во таа зграда и дека тие што не ги пуштаат се новинари Прича за малу децу И што кажа Котевски живти све??? Борјан:па зашто ако други фирми проверувате А1 ја блокирате? Котевски: Ние работиме по закон и проверуваме фирми што се во таа зграда. Борјан: Кој ги попречувал инспекторите да си ја вршат работата? Котевски: Полицијата беше повикана од страна на инспекторите Борјан: Зошто кој ги попречувал? Котевски: Ние работиме по закон. ВајВај многу кажа дечко свака ти е златна И зашто не дојдоа да гостуваат во А1 бе??Него кај Латас ,па уште ништо ни не зборуваа,све Латас си кажуваше а овие потрдуваа И кај беа Јанкуловскa и Груевски цела вечер да дадат изјава??Него незнаат што да кажат па праќаат потпаролчиња дур не се смислија како да се извлечат денес..Ма ајде бе
Интересно што пак се сретнавме, нели??? Биле попречувани две години за контрола во А1 и цел месец за другите фирми. Исто така биле попречувани и вчера. УЈП само по прична бара асистенција. п.с. Мислам дека те видов вчера некаде низ толпата поддршка пред А1, ама не сум сигурна дека беше ти! Се зезам, не ми замервај!
Јас би сакала да се сретнев со Вику во темата за споменикот на Крсте П. Мисирков, или во темата за Скопје 2014. Ама очигледно таму ја нема.
Обична рутинска проверка. Зошто кај сите да ја има,само Велија да си го излече газот? И што најмногу се изнервирав,немаше Лисјата а, срвајвр го ччекам,чекамм...И не го дочекав. Е мајкуму како ја напумаа работата!
Може, девојче! Ајде вечер се пишеме таму! Само да навестам дека за Скопје 2014 до пред некое време (кога последно читав) се сложвав со повеќето од вас. А за КП Мисирков немам отвгорено, изгледа е нова тема, а ретко отворав во последно време!
Не сум партиски определена,да бидам искрена личен бенефит немав ни од едните ни од другите,ама ова синоќа ја прели чашата.Направија драма,мене повеќе ми личеше на митинг на Сдсм . Ја претераа ,што е многу многу е,вака не се собираат поени кај народот,ние јесте дека до некаде сме мазохистичка нација,ама па и не сме глупава. Апла,значи апла изрежирано сценарио!!! Па и оној Борјан, која дрскост е еден новинар кој демек се залага за демократија,на варварински начин да се изнавика и да бара од режија да го исклучат Котевски од линија,да не му даде збор да каже,а кука цела емисија не можеле да го добијат.Мислам аман,не мора да се согласува со нечие мислење ама да не ислуша што има да каже човекот-ја претера,а држи лекции за морално и демократско однесување. А да,истиот оној не му го знам името,преставникот на Титовите леви сили пак дојде у прв ред да грака,со истите пароли од неќна што ги покажуваше пред Крстета,со истите луѓе...Македонецот,што пред само два дена го кажа според мене невидениот гаф,ама ајде не муабетиме сега за тоа. Значи Велија кој бај д веј го немаше никаде на мапата,бил обавестен за инспекцијата,инспекторите кои дремееа во просторија каде немаа дофат на никакви документи со финансиска конструкција (на почетокот) беа попречени во работата.И како боже мили во рок од пола саат стасале толку народ од Куманово и Кавадарци,кога се собраа кога организираа превоз кога дојдоа...за цели 30 мин,мислам хелоу Не го оправдувам Грујо со неговата политика тоа сум го кажала веќе,ама овој траги-комичен филм што го прикажа дотичната телевизија синоќа мене ми наликуваше највеќе на нискобуџетна продукција.
Кога ќе отиде инспекција во некоја обична фирма, сигурно таа фирма нема одма да викне новинари да снимаат дека им дошло инспекција. Сигурно некој обичен газда на фирма, кога ќе му дојде инспекција, нема да им го попречува работењето, туку ќе ги остави на раат да си ја извршуваат работата и да ги проверат документите. Па тогаш, што се замислува Рамковски дека светот е негов, па кај него не смее да влезе инспекција? Убаво се виде на снимките ( тогаш кога уште не беше дојдена полицијата ) како инспекцијата најнормално влегува во зградата и по нив одат новинари ги снимаат и сликаат и нападно ги прашуваат што барале овде. Па кој има дава право на тие новинари да им сметаат на инспекторите и да одат по нив? Новинарите им ја попречиле работата на инспекторите, па затоа овие повикале полиција на помош. Во таа зграда имало регистрирано 40 фирми, а не само А1. Инспекторите не упаднаа во студијата на А1, не им ја укинаа програмата, туку сами си ја направила голема работата. Да ги оставиле инспекторите да си ја вршат работата на раат, немало да дојде до овој хаос.
Spoiler Го делам мислењето со тебе, но ако јас го пишев ова ќе изгледаше дека политичката определеност си го прави своето.
Епа мило ми е штом така размислуваш. И не си заслепена. Сфати го тоа што го напишав како провокација, затоа што и тоа беше. Очекував дека ќе речеш немам ништо против проектот. Баш би сакала да видам како размислува приврзаник на ВМРО за проектот. Се извинувам за оф топикот. Блонд, онака ми дојде да го ставам, затоа што вчера никако не можеа да го добијат
Интересно што пак се сретнавме, нели??? Биле попречувани две години за контрола во А1 и цел месец за другите фирми. Исто така биле попречувани и вчера. УЈП само по прична бара асистенција. А ти ова од блиски извори до власта го дозна, а?