хаахаххаахахха!!!!!!!!! на бумбар сега се јави еден и запеа- николче николче нешто чудно ти се случува, што е тоа знае бранко, ej бранко само те замајува ххахаахахахахаахахах!!!!!!!!!!! лудаци има по земјава уште се смеам се јаде го*на на бумбар сеа ќе пукам сеир сдсм-овци се јавуваат ја напаѓаат водителката
^ хахахахаха Лудооо и кај мене е пуштено на Сител и јас го слушнав овој како пее лелее не ми се верува како можат така без срам да се јават во емисија и да се глупираат
цццц да можат га*от ќе му го излижат бре лелелејјј! ццц.... се клањаат пред николче, ко господ да е! и види све црни бумбари у табелава има демек A1 се криви е работава... 1 бел бумбар 30 црни не дека сум нити сдсм нити вмро! ама ова е претеризам за инат ќе ги гласам албанциве
Еве сега еден човек се јави на Бубмар, кој живеел блиску до А1, кажа дека уште пред да дојде полицијата, пред А1 се собрале активисти на СДСМ.. Најверојатно им било однапред испланирано намерно да ја попречат работата на инспекторите, за да овие бидат принудени да викнат подршка од полицијата, па потоа да направат хаос и скандал, за на крај сето тоа да го искористат во нивна полза и од сета таа драма да направат еден вид на митинг ( на СДСМ ).
Не сум партиски определена,но едноставно не можев, а да не искоментирам нешто на оваа тема.Вистината секогаш излегува на виделина и на лагата и се кратки нозете-за џабе не рекле.Се докажа цела ситуација што било,како било...Поради тоа што сакале да ја спречат инспекцијата да си ја врши својата работа-го направиле ова сценарио.Велија ги искористи новинарите за свои цели,а после исчезна како земјата да го голтнала.А СДСМ и останативе,како и секогаш одвај чекаат прилика да си ја свртат работата во своја корист.
кој е крив а кој прав не е ни битно битно е дека сношти имавме државен виц срамота луѓево водат градинка
хм... Ми мириса на местенка Не се замарам многу со ова, се е политички ама ќе кажам секој што си има корист од една партија нека си биде за неа. Се знае тој што е на власт ќе си прави што сака. А инаку на а1 не му беше спречено да работат, бидејќи како што видовте имаше програма во живо и можеше сите политичари од опозицијата да влезат внатре. Ама чудно, газдата никаде го немаше... како и да е! Секој со свое мислење, нели?
Леле ептен ја претупија денес аман веќе на секој канал за тоа се збори на сител кажуваат СДСМ се виновни а на а1 кажуваат ВМРО се криви ми се гади од настаниве во државава
Ајдее сега видов, митинзи ќе има во Скопје пред споменикот на Мисирков, и во сите други населени места.
Вику само да ти кажам дека иронијата која ја употребуваш во секој пост не ме тангира ама ич Е сега друго сакав да ти пишам, некако целата си ми контрадикторна, незнаеш више како и на каде да вртиш за да ја оправдаш власта. Али драга моја Вику и да вртиш и да сучиш ни ти ни никој не може да ве спаси повеќе.Сами си ја потпишавте пресудата со тоа што удривте по демократијата во државата. Ова болдираното горе, ја стварно незнам ти дали си глува, слепа или така ти одговара, ама каде ти слушна дека финансиската контрола била над А1 Па 2 часа јадната министерка се обидуваше да објасни дека контролата не била над а1, али ти очигледно и тоа не си го разбрала! И за крај, нема што да мислиш, си ме видела, бев пред А1, ја виде онаа што цело време мавташе пред камера, епа тоа јас ти мавтав да ме забележиш поубаво Се зезам, не ми замеравај!
Значи точно вака претспоставив дека ќе се одвиваат работите. Министерката ќе излезе и ќе не замајува со глупости кои немаат никаква врска со она што се случи вчера, Латас ќе се јави колку да го има, а не е битно дали има нешто паметно да каже, оној Иво Котевски како изгубен во свемирот ќе се правда до 101 и назад.... и сите упорно зборуваат за инспекции, пари, вртат сучат да си го обелат образот, ама никако да дојдат до поентата. ЗОШТО АКО ТОА НЕ БИЛА ИНСПЕКЦИЈА ЗА А1,НА НИВНИ НОВИНАРИ ИМ Е ОГРАНИЧЕНО ПРАВОТО НА ДВИЖЕЊЕ? ЗОШТО НА НОВИНАР, ЧОВЕК МУ Е УСКРАТЕНО ЕДНО ОД ОСНОВНИТЕ ПРАВА? Јасно се гледа на снимките дека не ги пуштаат да излезат од зградата, ниту да влезат. Е на ова прашање следува ШТАМА, не се споменува, сакаат да ја свртат топката на друга страна, ама добро што има снимки за да не потсетат. Сите вие кои браните еден ваков вандалски чин, немојте да се зачудите ако утре и на вас ви биде ускратено некое право(ова секако ако претходно и брцнете на власта во очи).
Уфф...ги прочитав горе долу сите мислења и точно знаев од кого што може да се очекува да напише.Браво за мислењата на Боа Виста и Џули,потполно се сложувам со нив.А еве го моето кратко видување за овој настан Сигурна сум дека е ова монтажа со длабока политичка позадина,од ВМРО секако.Ајде да кажеме дека била инспекција во фирмите на Рамковски и дека не можела да си ја врши работата.Денес слушав коментари дека поради попреченост во работата повикале финансиска полиција која секогаш одела во придружба на МВР.Ама луѓе толку полиција???ПА како воена состојба да беше,тоа беше претерано.Без да го спомнувам фактот што Македонија стана земја во која наместо МВР да спроведува ред и мир врши терор ,а плус во редот на полицијата има многу криминалци,наркомани,неписмени,пропалици и слични.А и во УЈП бе кој работи?Фигурите на власта кои само што излегле од студентските клупи или па никогаш и не биле таму. Тепање не знам дали имало и верувам дека до некој степен се искористила ситуацијата за да малку се драматизира.Ама зошто тогаш го ограничувале движењето на новинарите и останатите вработени?Општо познато стана дека власта не дозволува критика а посебно од гоелм медиум... Рамковски го немаше ,да,ама каде беше Груевски,каде беше Јанкуловска?Зошто никој од полицајците не коментираше?ЗАтоа што немаа подготвено текст,не им беше издиригирано што да одговараат... Автобуси од СДСМ можеби пристигнале,ама зар не е тоа практика и на ВМРО?Па сите знаеме како тие држат митинзи,со масовно пристигнување од други градови и како се појавуваат во редот на невладини организации...Демек случајно И Котевски кога се јави во А1 само заобиколуваше,немаше конкретен одговор на ништо Абе што да кажам,изреволтирана сум од оваа власт а уште повеќе од луѓето кои и понатаму слепо ја бранат. И да, и мене ми мириса на предвремени избори. И одвај чекам да го видам крајот на Груевски и неговите препотентни вмро-вчиња
Велија богами дебело ќе ги плати новинариве што се бламираа дека се натепани.. Добро ете сите сте гледале А1.. Нели приметивте бре луѓе, дека баш во тој момент кога новинарките се дереа “пушти мееее, не ме тегнииии, не ме тепаааај“, имаше пречки и црни линии, демек неможе камерманов убаво да снима, кога цело време пред тоа и после тоа, целата ситуација убаво се снимаше.. Јас нигде не видов дека се тепани!!! (Барем навистина да ги помодреа, па да имаа со причина да зборуваат и да се потресуваат.. А чекај малце што имаат завршено овие? - Новинарство или во драмски? ) Цело време сите се буткаа во полицајците, за на крај тие да испаднат криви и да си го изедат стапот.. Не сум партиски определена, не ни сакам да бидам Само жално е што народов слепо верува на кој стигне..
Леле колку жал ми е што има расправии на форумов. Ги напаѓате политичарите - се расправале меѓу себе, а вие тука истото го правите. Па секој нека си ја гледа работата, на никој нема да му го смените мислењето со расправии и навреди. И дајте, ве молам, не залагајте се толку за човековите права, оти тука повредувате едно од најбитните: ПОЧИТТА КОН ДРУГИОТ. Се навредувате и се контрате, а демек никој не сте партиски определени. Како да не. Затоа за неполни 24 часа се испишаа 20 страници од една тема. Секако, да, ахам.
Јас стварно незнам дали не сфаќете или не сакате да сфатите. Не ме интересира дали имало тепани новинарки, ако се тепани нека си докажат во соодветна постапка, не ме интересира ни кој политичари дошле, дали бранковци или грујовци. Она што мене како граѓанин на оваа држава, а и сите вас треба да не интересира е она што се случуваше пред да се собере народот и политичарите - новинари сакаа да си одат дома од работа, полицајците им ја затвориле капијата и не ги пуштаат, без образложение и без налог, без да покажат легитимација дека стварно се полицајци. За жал дел од вас гледајќи низ призмата на партиските убедувања, ова не го сметаат за некој инцидент, НО ВАКВИТЕ ОДНЕСУВАЊА ДРАГИ МОИ СЕ ПРВИТЕ ЗНАЦИ НА УБИВАЊЕ НА ДЕМОКРАТИЈАТА И ДЕМОКРАТСКИТЕ ПРАВА.