Со овој настан А1 си се прослави и преска на вести цело време тоа па тоа, досадни се веќе, стварно нема смисла. Што ке кажат како за нив се зборувало во Хрватска, во Србија па како дури и овој настан стасал и до Азија и Брисел. Срамота, треба да се засрамат, а не да се гордеат со овој настан.
боависта, па и не е баш така, новинарите и сите СДСМовци сами си ја донесоа полицијата за да направат скандал, за владата да биди крива...не велам дека грујо е светец, ама пак рамче да го браните срамота е...мафјаш невиден 7милиони испра, а вие уште малку споменик ќе му изградите, оти оти направи гужва дека му дојде инспекција, за да дојди полиција, за да прават драми , за тоа дека не ги пуштале од каде пак ти знаеш? така нас ни сервираа а1, не дека така било...не велам не, ама никогаш не можеш да бидеш сигурна за тоа, а новинарите од авион се гледаше дека глумеа, така да сите УПМ нека фатат....и рамче и бранче и грујо, сите под рака и в река право
А колку пари испра Груевски со неговата гарнитура? И како па ти знаеш дека тоа што го кажува ЈАнкуловска,што го кажува Сител,а??
Народ си имало и пред да настане таа збрка, значи се било испланирано.. Налог си имаа, само новинарите не биле тие кои се соодветни да го видат. Како може да кажеш како не ги пуштаа да си одат дома Нели гледаш дека цела збрка се направи за да се покријат тие фирми што се регистрирани под таа адреса, од кај знаат они, може новинарите што толку узбуна кренаа и пекаа да одат дома со нив носат важни документи, што не треба да се видат од страна на инспекцијата.. Полицијата не е должна на секој да му кажува еј ти заради тоа тука ќе седиш, ради ова.. Работа им е да го обезбедат местото како што им е наредено а не до крокодакаат наоколу.. Незнам што е толку сложено да се види и да се разбере дека се беше исценирано за да се сокријат неколку работи. И ако е за тоа како што викате некои, нит пуштеле некој да влезе ни да излезе! Од кај тогаш се најдоа 30 гости во емисија да коментираат за тоа надвор што се случува, како влегле, со магично стапче? Како и да е, секој со свој мислења, несакам да се расправам. Греота е што вака не третираат како експериментални глувци - кој повеќе ќе издрзжи и штета што народот потклекнува под вакви политички игри
никаде не реков дека грујо не пери пари, и никаде не реков дека е светец, само реков дека и рамче што го браните толку не е светец, на грујо кај и да е блиску му е крајот, ама на рамче и бранче гледам и споменик уште малку ќе му изградите
Леле али најјако ви е ова: Јас не сум партиски определена и не ме интересира политика али .... *прво да не бевте партиски определени немаше ни да коментирате на темава па и со таква страст и жар како Груевски татко да ви е... ( демек овој слоган, ви дава објективност и веродостојност на мислењето??? ) Hell Yeah! Па и сите станале политичари денес мајката, децана во градинка за тоа зборат... Господе, прости ни, некој пуштил есид во воздухот!
Девојки јас стварно не сфаќам. Ајде што е очигледно дека сите се партиски определени! Ама што целата младина си го отру мозокот со политика навистина ми е жал. Не ми личи млади, уште деца би се рекло, да седат и да коментираат кој е поголем лажов Тој или Овој. Па жално е!!! И се на се, пак има различни ставови и трагедијата е што не моќе ниту на едните ниту на другите да им се верува. Кој лаже, а кој зборува вистина а?? НИКОЈ НЕ ЗНАЕ!!! Сите сме испрани во мозоците! СИТЕ! Ние сме за жалење, а не новинарките, или Грујо, или незнам ти кој.... тоа можам да го видам јас од сите овие напишани страни тука!
Кике душо ваквата глупост која ја напиша нема да ја коментирам, затоа што знам дека имаш 13-14 години и очигледно е дека со толку години не можеш да знаеш дека опозицијата нема ама баш никакви ингеренции во полицијата!
Боже, македонски народе, што ли те снајде? Следам политика да! Политички не сум определена од проста причина што нашиве политичари и едните и другите ништо квалитетно не ми понудиле во овие 20 години! Никој пат не сум ја подржувала политиката на Груевски, напротив! Ама Велија? Каква драма Велија вчера ни сервираше во кое главни улоги имаа новинарите и опозиционерите! Едниве пискаат се дерат и прикажуваат воена ситуација (што во медиумскиот свет не смее да се случи, па макар и имало војна, новинарот мора тоа да го пренесе најладнокрвно што може, со цел народот да го смири, а не да го испаничи), а пак другиве дотерани, налицкани се накотија во студио и секој со својот партиски слоган, се обидуваше да се изгребе кај народот! На што личеше целата ситуација луѓе! На апсолутна катастрофа! ВМРО не чини, ужасни се, ама па овие вчера уште еднаш се потврдија како најнеквалитетната опозиција што некогаш постоела во државава! Апсолутно сум против секое насилство, меѓутоа јас вчера цела ноќ гледав А1 и насилство никаде не видов! Освен пискањето а двете новинарки кои се буткаа низ полицијата за да влезат и не им беше дозволено, јас не видов врз некого полицијата сила да примени! Реномирани новинари да се изразуваат така непрофесионално во сред отворена емисија во живо од рангот на Борјан Јовановски и Билјана Секуловска - Ива е апсолутно неоправдано! Управа за јавни приходи, може било кога да упадне во било која фирма или компанија и да побара документи кои МОРА да и бидат експресно доставени! Доколку не и бидат доставени, во тој случај, УЈП има полно законско право да побара асистенција од полиција! Што има А1 да се меша во работата на иснпекцијата, кога А1 не беше предмет на испитување! А, тоа што има 20 фирми регистрирано на еден објект, каде што очигледно се врши криминал, тоа нема никаква врска со медиумот и нема никаква смисла медиумот да прави драма од целата процедура на вршење на контрола на инспекцијата! Од друга страна и ВМРОвциве не мораа толку полиција да постелат пред А1 и уште толку да го палат народот! Дефинитивно, катастрофален потег, за една регуларна инспекција! Освен, ако инспекторите биле опструирани до тој степен, да мора да се интервенира на тој начин! Но, тоа никој не може да го знае! Јас сум само објективна! Не сум замаена од ВМРО или СДСМ! Ни едните ни другите убаво ми мирисаат! И едните и другите го искрадоа народот! И едните и другите се мафијаши со тапија! Не ги сакам и не ме интересираат! Ме интересираат медиумите и слободата на говорот, затоа што тие се главните инструменти за спроведување на демократијата! За жал, кај нас такво нешто не постои затоа што сите медиуми се обоени! Голем срам е ова драги мои за медиумскиот свет! Голем срам! Да потпаднат под манипулациите на еден мафијаш како Велија? Каде е објективноста, каде е новинарството, каде е слободата на говорот? Ееее, одамна се изгуби во нашава мила државичка и тоа само заради златна паричка! И Латас си крка парички од Грујо, ама богами и Велија не е ништо поарен! Сркај што си надробил, така рекле старите и верувајте не згрешиле!
не мислев на таков начин, туку дека за ништо кренаа врева, се собраа таму за да дојде полицијата да интервенира, а после тие да си бидат жртвите и невините јагненца Spoiler и имам повеќе од 13-14 години
Како не е должна? Како може мене полиција да ме држи и да не ми каже зашто ме држи затворен? И на најголемите криминалци полицијата е должна да им каже зошто ги затвара, ги држи затворени, зошто им попречува некое право итн.
Веќе не коментирам овде, само сакам да кажам, дека ми се очајно интересни ВМРО вците на темава како се бранат од сите страни и измислуваат незнам какви изговори и глупости
auuf lele ne gi mozam partiive...site se isti!!!samo kradat od narodov,ama oni ne se krivi tuku nie koa imame mozok na polzav..ist slucaj i so fashizmov,namesto da se bunime nie kjutime od strav ili od lojalnost ako ve podmitile..(sekako)
Должна е на 200 новинари КОЈ ЗНАЕА МНОГУ УБАВО ЗОШТО И КАКО НЕ СМЕАТ ДА ИЗЛЕГУВААТ да им објаснува??? Не би рекла ( Како што кажав имаа налог, и најверојатно си го покажале на кој треба). Па згора на тоа и уште се расправаа со него Ти знаеш ли дека он има право и лисици да им стаи и да ги бутне у комбе ако се расправаат, пружаат отпор и слично на службено лице??? Реков, можеме и до утре да се контраме, вистината ја знаеме која е - се ова е политичка игра! Не бранам никој, ама тоа е што е. Ајт биди ми поздравена, немам намера да се расправам за политика со тебе, во други теми слични размислувања сум имала како тебе, ама во тема за политика Затоа најдобро е со коментаров, да завршам во темава
Оффи ако некој не се согласува со тоа дека А1 беше жртва синоќа,не значи дека е подржувач на ВМРО и дека тресе глупости-само си го кажува своето мислење.За многу работи се согласувам со тебе,ама тука мислам дека не е во ред да кажеш дека некој нешто измислува и се глупира само поради фактот дека ја гледа ситуацијата надвор од призмата на А1 и ај да не речам СДСМ.
Новинарите им ја попречувале работата на инспекторите и влегувале во канцелариите за да изнесат документи кои не требало да бидат прикажани пред инспекторите. Кој знае какви нелегални зделки се криеле во тие документи. Па за да ја замачкат целата работа, најлесно им беше да се дерат како демек ги тепаат таму
Значи не ги пуштаа да влезат во А1 како може документи да изнесувале? Ај да се правдаат со тоа затоа што не ги пуштаат да искачаат...ама да влегуваат??? нема логика,незнаат ни они што да лажат више