http://www.sitel.com.mk/dnevnik/mak...i-od-firmi-registrirani-na-ul-„pero-nakov“-bb Ете прочитајте и се ќе ви се разјасни.
Добро, видовме, слушнавме... слушнаа, видоа, дознаа... Зошто уште се влече работата? Глупави се, глуви се, слепи се? Треба визуелно да им се прикаже...? Зошто уште тупат во место? Убаво му кажаа, вака и вака е работата!!! Лелелеее... До кога сеа ќе се занимаваат со ова? Додека не поминат сите сдсмОВЦИ на онаа фотелјата во А1 вестите? ......... Е стварно веќе претераа. Па мене веќе воопшто не ми е интересно у пм!!!
Тоа беше пред да дојде полицијата, на почеток кога влегуваа инспекторите, овие новинарите не им даваа слободно да се движат и да си ја вршат работата, туку одеа по нив и ги сликаа и снимаа нападно ( како некои папараци, а не сериозни новинари ). Потоа новинарите влегувале во канцелариите кај што биле инспекторите и се правдале дека демек им требале ленти и материјали за снимање ( а тоа сигурно не се чува во архива ) и без дозвола изнесувале од канцелариите папки со документи ( тоа било пред да дојде полицијата ). Затоа, инспекторите викнале полиција, не можејќи да се расправат со новинарите и да ги спречат во изнесувањето на документи. Или, требало слободно да им дозволат да ги изнесат сите документи за нелегалните работи на фирмите на Рамковски и тогаш се ќе беше во ред?
Се мислев,се мислев и сепак решив ова да го ставам освен во СП до... и тука,мислам после жестоките расправии еве ви сервирам нешто ,малку и да се насмееме... СП до Власта,опозицијата,новинарите на А1,на Сител ,такоџе поздрав до лавовите,Крсте,Букефал... Еве ми дојде инспирација за песМа од длабочината на мојата пета,пошто срцето ми е преукопирано со попаметни работи! Пискотници се слушаат од А1 до плоштадот Пела, нашата демократија срце црно ја изела, компанијата на Грујо ја ставија на мета, во фирмата Велијовска,што мисли така ќе се шета. И Латас го скорнаа од вечерата со Цеца, му ускратија мерак а поголем фан и е отколку на Јеца, вистината мора да се знае-повтори по петти пат или шести, затоа беа свикани тие вонредни вести. Врескања,обвиненија и приредби разни, за полицајците тепачи ќе има и казни, во конкурентската тв,зовриваше веќе, Борјанчо го бараше со саати,а да го слушне Иво изгледа нејќе! Се собира пуста маса со пароли и шалчиња, останатите дома курдисани пред Тв со кафе или чајчиња, само главните не се појавија,може од ладното имаат мака со плуќа, или едниот кова потковици за Букефал,а другиот нарачува копани за својот дуќан!
Ејјх даа како може тие инспекторите малоумни ли се??? Божеее ..утре Вмро ќе кажат дека новинариве извадиле пиштол им се заканувале на инспекториве дека ќе ги убијат па после и новинариве ги натерале и полицајците да ги викнат за да испадне дека не се они криви,а и плус зашто нели ги подржуваат СДСМ и такааа...чича-мича готова прича..Е ај дека неможете и во ова да поверувате
Леле мало уште ти само фалеше во темава и да ја бидне детска градинка.... Ајде играјте се, само полека да не се повредите!
Искрено ова со телевизиската опсада мислам дека е малце претеризам и медиуска манипулација на А1, јас мислам дека е А1 треба малце да одморат и да престанат да ни кратат од секојдевната програма т.с од серијата Кога лисјата паѓаат. Од УЈП точно си кажаа зошто беше таму полицијата и мислам дека нема потреба од преувиличување и изигрување на жртва. Ако треба да се смени Власта не мора со медумска манупулација да биде тоа.
Само те молам посочи ми каде сум контрадикторна! Точно е тоа дека ја поддржувам власта, затоа што сметам дека е „барем во нешто“ подобра од која било друга. Ни на крај памет не ми паѓа да сум за друга власт. Ниту пак да го бранам очигледниот криминал што го прави Рамковски. За да знаеш дека не ја бранам власта безусловно само ќе ти кажам дека не можам да им простам кога велат дека знаеле за криминалот кај Рамковски повеќе од неколку години, ама сега се случува ова?!? Што се чекало до сега??? Што се однесува до тоа дека употребувам многу иронија кон тебе- нема врска- само се смешкам кога пишувам постови. Можда по малку се зезам- ама тоа воопшто не е злонамерно и се извинувам ако те изнервирав. Јас само не кинам толку живци (што топло ти го препорачувам) затоа што никој дома така не ми ги дал парите. Се што сум донела дома било поштено сработено. Никој не ми платил ни да го бранам Груевски тука, тоа го правам чисто затоа што така мислам сега за сега (што не знам дали ќе е вечно, тоа зависи од Груевски како ја практицира власта), а на форумов сум од занимација. Иронија, навреда, провоцирање е, девојче, да ми кажуваш дека сум слепа, глува, не сфаќам, мозок што неможе да мисли сам па остава некој друг да мисли како него (или така нешто беше, во тој контекст, да не ти ги барам мислењата да ги цитирам)..... сето ова се твои зборови што ги употребуваш кон мене. Јас смеам да кажам што не ми се свиѓа кај Груевски, оти никој не смее да ми нареди што да кажам. Ај провери си ја храброста па ти кажи нешто, барем нешто добро за него. Еве свати го како провокација (или подобро немој). Та белки има нешто добро кога толкав народ го изгласа на предвремени, можда и ти ќе најдеш нешто. А за тоа како ме поздрави од пред А1 сношти, те видов- многу беше слатка. Не ти замервам, баш ми е мило што ми ја прифати шегата со шега! Те поздравувам.
Сметам дека главниот на полицискиот тим требаше да им објасни на новинарите дека не смеат да ја напуштат А1 затоа што (пример) имаат сомневање дека ќе изнесат важни документи, или било што. Со самото тоа што не даде објаснување го прекрши основното право на слобода на движење. Сметам дека главниот на тимот полицајци требаше да е по транспарентен.
Јас мислам дека многу отупеа со оваа полиција. Не е ни прво, ни последно нешто вакво во Македонија. Се случувале и ќе се случуваат вакви работи. Македонија и се е можно. Ама цели 2 дена ти на една програма да слушаш само за Упад на а1.. Смачено станува веќе.
Јас денес А1 не ни пуштив. пошто преку ку*от ми дојдоа(со извинение). Народот леб нема да јаде, по улици спие, има народ што во камено доба живее. Ама ајде не е тоа битно. Еј луѓе, па А1 беше под полициска опсада!!! Новинарките толку ги тепаа што крвишта имаше на сите страни! Видовте?! Или тоа бев само јас?
Синојка не ми беше баш јасно пошто не пратев од почеток, ама еве сега да си го напишам мислењето за ова...Како прво не сум јас член на ниедна партија(имам симпатии према една партија, ама немам партиска книшка...), јас не лижам газови на партиски војници за да успеам во животот(затоа се трудам објективно да гледам на политичките случувања кај нас...) Да бев газолижач на грујовистите секако дека сега ќе бев на многу повисоко ниво во ова смрдено општество него сега...Ама нема врска тоа, да го ставиме на страна... Полицијава кај нас нема трошка милост за никој. Оние вицови за џандари не ги измислиле случајно луѓето...90% од полицијава наша се празноглави, необразовани, необјективни, нечесни гадови... Ми се повраќа од нив Значи сум имала искуство да трпам изживување од џандар што ме има сопрено со кола(сообраќаен џандар) - на сред бел ден ме тераше да правам алко-тест на сред центар во Скопје и тоа излезена од колата на сред улица Само најискрено да ви кажам Spoiler ич курац не ме боли, ни за закон ни за ништо...Ќе лежам во затвор ако треба ама тие смешни казни кои ги измислија да го полнат буџетот, уствари нивните џебови - не им ги плаќам Денес, така одам накај факс со карантијава моја, такозвана ауто и сака еден копук(цајкан де мислев) да помине улица, а нема пешачки кај што застанал...И трга да премине и јас за инат прошишав и не го пуштив да помине...Абе ќе го изгазам ако треба ама не го пуштам да помине, пошто немаше пешачки тука..После тоа го гледам на ретровизор ми ја пишува регистрацијата на колата Spoiler да дојдат да ми се фатат на пи...ва И во А1 синојка имаше насилство од нивна страна врз новинарите, тоа е факт и има докази...Таа финансиска инспекција и полиција беа пратени за инат за Велија, да му докажат кои се, да го уплашат...Ама ништо не му можат и они се свесни за тоа...Е сега опозицијата направи огромна драма од ова Од една страна ги оправдувам, од друга страна факт е дека си собраа доста политички поени бранковистиве со ова...Добро го искористија инцидентот за свои интереси...А, вмровчињава - копитариве беа смешни кога пробуваа да се правдаат на ТВ(секако кажуваат тоа што од братот грујо им е наредено...) Посебно се изнасмеав прееска на Канал 5 ТВ гледам еден партиски војник излегол да се правда и вели - "Опозицијата ја направи таа тензична ситуација вчера. Ги замолувам да престанат да прават така, такви тензии.." И тоа дткаше кога збореше пустиот тој... Не е ни Велија цвеќе за мирисање(во пакт е со Бранко,Љубе и компанија...), но нели овој настан е многу проѕирен бидејќи се случи неколку дена по изјавата на Љубе на А1 за тешките суми на пари што ги има Мијалков Сашо, чешкиот пасош, скапоцените колекции на слики, накит, оружје итн...) Па сега удрија по Велија, пошто Љубе не го сметаат за крупна ѕверка(единствено го напаѓаат за имотот во Пула што го има...)
Нема да коментирам за темава,мене ми беше најинтересно кога си го видов наставникот по Граѓанско на телевизијааа О божееее